Здравје и убавина
УТРИНСКА ДИЕТА СО БАНАНА – јадете банани за појадок и стопете ги вишокот килограми
Основно правило на диета за банана е да се јаде сурови банани за појадок со чаша до две млака вода.
Јапонската утринска диета за банани е креација на Сумико и Хитоши Ватанабе кои имаат позадина во фармацевтското и медицинското образование. Тие наидоа на диетата сосема случајно, а откако ја објавија, стана вистински хит.
Основно правило на диетата е да се јаде банани за појадок со чаша вода на собна температура. Другите оброци на ден треба да бидат здрави, лесни и регулирани, но не постојат посебни правила за тоа што и колку да се јаде. Оригиналната диета за банани треба да се спроведува 7 или 12 дена.
Бананите инаку се познати по нивниот позитивен ефект врз регулирањето на варењето на храната бидејќи содржат неразградливи влакна и нерастворлив скроб. Ова влијае на зголемената работа на цревата и го стимулира варењето на храната.
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (20 декември)
-
Кичево1 ден
Утре ќе се изведуваат градежни работи на патот кон „Крушино“ – с.Кнежино, за таа цел ќе има времен прекин на сообраќај додека не се завршат активностите
-
Временска прогноза1 ден
Детали за новиот студен бран кој доаѓа од утре, посебно внимание за тие кои ќе патуваат преку македонските превои
-
Македонија1 ден
МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци со непознати лица!
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за сабота (21 декември)
-
Временска прогноза7 часа
Од вечерва започнува вистинската зима, врнежи од дожд и снег ќе зачестат во зависно од регионите ширум Македонија
-
Автомобили11 часа
Volkswagen го заврши производството на легендарниот VR6 мотор по 34 години
-
Автомобили11 часа
Зошто не е добро да се мие автомобилот на ниски температури? Совети од Германскиот автомобилски клуб (ADAC)