Видео
Вака изгледа земјотрес под вода, ексклузивна снимка!
Нуркачите на брегот Батангас на Филипините, го снимале дното на океанот кое наеднаш почнува да се тресе и да крева облак од песок.
Земјотреси го потресуваат филипинскиот брег од 4. април со повеќе од 1.000 дополнителни земјотреси во четири умерени потреси.
Филипините генерално се наоѓаат на едно од најтрусните делови на планетата, помеѓу две тектонски плочи, но и покрај тоа објаснување не е тешко да се увиди зошто населението ја гледа оваа појава како “божји гнев”.
Нуркачите на брегот Батангас на Филипините, го снимале дното на океанот кое наеднаш почнува да се тресе и да крева облак од песок.
Македонија
Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот
Нашиот сообраќаен сервис апелира за поголемо внимание во патниот сообраќај поради појава на голомразица (подледена површина) на коловозот во нашиот регион, поготово во доцните и раните утрински часови на превој Пресека, Стража и Кичево.
Имајте пријатно и безбедно патување, проследено со законски поставената патна и сообраќајна сигнализација
Македонија
„Dacia Duster“ добива уште две верзии 4×4, на пазарот достапен ќе биде и новиот бензинец 1.2 турбо мотор со 130 коњски сили
Кога пристигна новиот Dacia Duster, на клиентите не им беше понуден турбодизел моторот, кој беше столбот на погонот 4×4 во претходните две генерации на овој модел. Сега верзијата со погон на сите тркала е придвижувана од 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, но тоа очигледно не е доволно.
Имено, Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.
„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни. Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG. Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.
Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.
Извор: AutoCar
Македонија
(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“
Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.
Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.
Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.
По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.
Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.
Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.
Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.
Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.
Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.
Стрелци на погодоците:
Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’
Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.
Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА
Дел инфо текст: Бизнис лига
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за среда (22 јануари)
-
Кичево2 дена
Дистрибутерот на „Жито Лукс“ распишува оглас за работници за реон на Кичево, отворени работни позиции во следните категории
-
Македонија2 дена
Од ноќеска ново поскапување на дизел и бензин горивата, ова е новата цена
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (21 јануари)
-
Временска прогноза2 дена
Утре брз влажен бран ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на планините
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Вчера чесниот Крст во Ростуше на река Радика го фати младиот Климент Танески
-
Временска прогноза7 часа
Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло
-
Спорт2 часа
(ВИДЕО) ФФМ истакна видео од затекнатата состојба на Академијата, секој талент заслужува подобри услови за фудбал