Случувања
Нов Вибер: Побрзо допишување, личи на Whats App (ВИДЕО)

Апликацијата Viber доби ново руво, кое потсетува во некои делови на конкурентската платформа.
Вибер тука и таму козметички ги менува некои работи и нè изненадува – како што ја смени бојата на логото, без да забележиме, да кажеме … Овој пат и додаде неколку работи на MONDO таблата, веќе некое време ја имаме можноста да ги користиме, како што можете да видите на сликата.
Статусот на испорака и читање пораки сега се побрзи и изгледаат како оние во WhatsApp пораките. Штиклирано еднаш е испратена порака, два пати е доставена, а двојно и сина е доставена и прочитана порака.
Облачињата во пораките се поголеми и во светли бои. За да ни го, како што вели Viber, сврти вниманието на содржината на пораките и да ни помогне да останеме концентрирани на кореспонденцијата.
Viber овозможи и подобар преглед на GIF, видео и фото додатоци во облачињата, во кои ги разменуваме и тврди дека сега испраќањето и приемот на овие работи ќе биде подобар, побрз и забавен.
Апликацијата е обновена за iOS и Android и добива уште поголема “end-to-end” екрипција, што е значителна победа во однос на WhatsApp, за кој што уште еднаш е докажано дека не се грижи за безбедноста на корисникот толку добро, како Вибер.
Новата апликација е достапна за iOS, а за Android ќе пристигне во почетокот на септември.
Временска прогноза
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија ќе попушти и температурите ќе бидат повисоки, како наутро, така и преку ден, но не се работи за некое многу големо затоплување. Исто така, во текот на следната седмица ќе имаме и значително повеќе облачност и претежно тивко време и без некој изразен ветер.
По котлините пак за време на овој период, ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, која ќе биде најизразена во ноќните и во утринските часови. Но мора да напоменам дека, повремено во овој период ќе има и слаби локални врнежи, кои на ниските места ќе бидат од дожд, а на повисоко, како и на планинските места, секако, и на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.
Повремено, снежната граница би можела да се спушти и во дел од градовите, па не се исклучува можноста и во градовите повремено да има појава на слаби врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.
И во Скопскиот регион не очекува слично време како и во останатите предели од државава.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интевалот од -4 до 3 степени, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот претежно од 3 до 13 степени. Во Скопје пак максимумот на температурата во текот на следната седмица ќе се искачува до околу, а према средината и во вториот дел од истата таа ќе надминува 10 степени. Наутро пак таа ќе се спушта до околу, повремено и за некој степен под нулата, а од средината на следната седмица таа и наутро ќе биде претежно над нулата, информира Славчо Попоски.
Свет
(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на покривот, возачот преживеал и е во стабилна состојба.
– „Сè се случи како во забавена снимка. „Го видов автомобилот како паѓа и само се обидував што побезболно да ја поминам целата ситуација“, изјави за американските медиуми Кајман Јунг, возачот чија камера го сними ова.
Можеби најстрашниот момент, покрај самата несреќа, беше кога возач на Honda Civic за влакно избегна катастрофа.
„Мило ми е што се испадна најдобро што е можно. „Тој автомобил можеше да слета на секого, додаде Јунг. Двајцата возачи од мојата лева страна беа многу поблиску до него. Тие треба да се чувствуваат како да добиле на лотарија“, рече тој.
Извор: vesti-online.com
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Македонија2 дена
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Временска прогноза1 ден
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Спорт4 часа
(ФОТО) „ФК Кичево“ денес ги продолжи подготовките за пролетната сезона со пријателски натпревари во Битола и Кичево на домашен терен
-
Македонија1 ден
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди1 ден
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Здравје и убавина7 часа
Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје