Следете не

Магазин

(ВИДЕО) Фчерашни Новости: Африканците почнаа да пристигнуваат во Македонија

Avatar

Објавено пред

на

По најавата на еден пратеник, кој сакаше да остане заштитен со својот пратенички имунитет, дека еден милион Африканци ќе дојдат во Македонија, репортерот на Фчерашни новости, Кузман Статива, успеа да направи интервју со првиот Африканец кој го најави бранот на уште 999,999 илјади Африканци кои треба да пристигнат.

Што ни изјави тој и како се снајде во Македонија, можевте да видите во епизодата вчера, а истата таа е веќе достапна на платформата наречена јутјуб или јутјубска платформа, како сакате.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Хороскоп

Хороскоп за денес (08.04) среда

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН

Иако на прв поглед изгледа дека сѐ е во ред, ако малку се сконцентрирате ќе видите дека постојат поголеми проблеми. Пред вас е можност да се впуштите во незадолжителна љубовна авантура. Проверете го крвниот притисок.

БИК

Доколку се занимавате со приватен бизнис, може да очекувате дека ќе бидете многу успешни и дека финансиите ќе одат на подобро. Одвреме навреме се сомневате во емоциите на саканата личност и имате впечаток дека врската ви е во криза. Проблеми со стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува деловен успех поради кој ќе бидете премногу задоволни. Ново познанство во вас буди несигурност, понекогаш се чувствувате како да имате недостаток на самодоверба, а ни самите не знаете зошто. Поведете сметка за синусите.

РАК

Доаѓате до помала заработка отколку што се надевавте, а тоа во вас буди одредено незадоволство. Имате впечаток дека вашата врска не оди во посакуваниот правец. Можни се проблеми со тироидната жлезда.

ЛАВ

Можен е пад на концентрација и некои грешки кои ќе бидат предизвикани од таа причина на работно поле. Не претерувајте со реакциите. Многу сте склони кон кавги и не е лесно да ја смирире ситуацијата. Проблеми со вртоглавица.

ДЕВИЦА

Имате некои идеи за нова работа, но како да ви недостасува енергија да ги спроведете на дело. Ви се допаѓа една многу страствена личност со која сте оствариле посебен вид на емотивен однос. Водете сметка за циркулацијата.

ВАГА

Не сте сигурни кој потег би требало да го повлечете на деловно поле за да ги решите проблемите кои ве оптеретуваат. Ве очекува многу опуштена комуникација со емотивниот партнер. Добро се чувствувате и здравјето е солидно.

ШКОРПИЈА

Напредувањето на работното место кое го посакувате веќе подолг период ќе се одложи малку. Иако ви изгледаше дека саканата личност сака сѐ со вас, одеднаш се повлекува, а вие не знаете што го предизвикал тој став кај неа. Чувствтелни заби.

СТРЕЛЕЦ

Можеби ве очекуваат нови изненадувања на работно поле, околностите се менуваат многу неочекувано. Не сакате да влезете во нова врска. Слободата ви одговара и задоволни сте. Добро се чувствувате.

ЈАРЕЦ

Опкружувањето не ви е наклонето и имате многу непријатели на работа. Денес ве очекуваат помали непријатности. Можно е да дојде до компликации во односот со саканата личност. Чувствителни коски.

ВОДОЛИЈА

Ќе имате среќа во решавањето на проблемите кои ги имавте на работното место. Ви се допаѓа личност со која имате пријателски односс. Не ви е лесно да ги покажете емоциите отворено. Слаба циркулација.

РИБИ

Пред вас се среќни околности во кои добро ќе се снајдете. Работната атмосфера не ви оди од рака. Лесно би можеле да се впуштите во нова врска. Подготвени сте да експериментирате на љубовно поле. Слободното време користете го за спортување во домот.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Храна

За денес згответе здрав и лесен појадок

Avatar

Објавено пред

на

Појадокот е многу повкусен, ако не треба да мислите на него сонливи наутро. Затоа, еве брз, лесен и здрав појадок кој можете да го спремите од вечерта.

Количина: 1 чинија

Состојки:

  • 125 грама (1/2 чаша) вода
  • 35 грама (1/3 чаша) овесни снегулки
  • 1 мал морков, излупен и исецкан
  • ½ лажица цимет во прав
  • 1 лажица сончогледови семки
  • 70 грама (1/4 чаша) јогурт
  • ½ мало јаболко, сецкано
  • Јаворов сируп (по желба)

Подготовка:

Измешајте ги снегулките, мотковот, циметот, семето и водата. Покријте го садот и оставете го во ладилник да стои во текот на ноќта. Пред да поченете да го јадете, дотурете го јогуртот и ако сакате прелијте го со јаворов сируп.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за денес (07.04) вторник

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН

Може да очекувате многу добар ден кога станува збор за работата, сѐ укажува на тоа дека ќе ги остварите плановите кои ги имате. Може да се надевате на добра ситуација на љубовно поле. Внимавајте на крвниот притисок.

БИК

Доаѓаат големи промени на деловно поле. Имате впечаток дека поголемиот дел од нив не зависи од вас. Чувствувате голема доза љубов кон личноста со која се гледате и имате потреба да ја зацврстите врската. Помали проблеми со варењето.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува поволна атмосфера во односот со колегите. Може да се надевате на позитивни пресврти на ова поле. Ве очекува можност за флерт и ново познанство. Проблеми со грлото и синусите.

РАК

Доаѓате до големо подобрување кога станува збор за работата, нови можности се пред вас. Вашите емоции се силни и искрени сте кон саканата личност. Сакате да остварите однос во кој ќе имате стабилност. Здравјето е во ред.

ЛАВ

Од вашите одлуки зависи текот на ситуациите на деловно поле. Ако се потрудите сз ќе биде како што треба. Разочарани сте во саканата личност и не ви е лесно да преминете преку сѐ што се случи. Патите, но сепак избирате крај. Проблеми со главоболка.

ДЕВИЦА

Може да очекувате поволен ден во кој нема да имате премногу обврски. Нема да ви биде тешко да решите некои рутински работи. Тивко патите за личност со која верувате дека нема да се смирите во иднина. Проблеми на нервна база.

ВАГА

Вие сте позитивно расположени и подготвени максимално да и се посветите на работата. Работите се одвиваат малку поспоро отколку што очекувавте, па поради тоа може малку да почнете да го губите интересот. Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате позитивен ден во кој ќе остварите некои позитивни договори во врска со работата. Личноста која ви се допаѓа ви покажа дека во својот живот има уште некој друг и не знаете како да се поставите во таа ситуација. Проблеми со грбот.

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате важен ден на работното место. Ако сте планирале промени на ова поле, сега е моментот за тоа. Не ви се допаѓа било каква тајна помеѓу вас и партнерот. Важно ви е да бидете искрени. Добро ќе ви дојде некоја спортска активност.

ЈАРЕЦ

Запомнете дека секогаш имате избор, дури и тогаш кога ви се чини дека тоа не е така. Нестабилниот однос со саканата личност ви носи чувство на страв, не сакате да дојдете до прекинување на врската или бракот. Нервната напнатост е нагласена.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате позитивна прилика да најдете работа на која ќе се задржите подолго време. Саканата личност ви замерува поради тоа што не сте и доволно посветени. Немате проблеми со здравјето.

РИБИ

Може да очекувате генерално добра ситуација кога станува збор за работата. Љубовната ситуација е многу турбулентна бидејќи влегувате во една, па во друга врска и склони сте кон паралелни приказни. Избегнувајте алкохол.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 5 часа

И денес сончево и топло, додека од сабота ново наоблачување и можни врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Од минус еден до четири степени, а дневната...

ХороскопПред 7 часа

Хороскоп за денес (08.04) среда

ОВЕН Иако на прв поглед изгледа дека сѐ е во ред, ако малку се сконцентрирате ќе видите дека постојат поголеми...

КичевоПред 10 часа

ЕВН: Прекин на електрична енергија на дел од с.Другово – кичевско, детали..

РЦУК Кичево во соработка со нашиот медиум Ве известува дека во текот на утрешниот ден 08.04.2020 среда од 09:00ч до...

ЗанимливостиПред 11 час

(ФОТО) Ексклузивни фотографии од „Розевата месечина“ која моментално блескаво грее

Априлската полна Месечина, попозната како „розова Месечина”, веќе изгреа. Имено, Месечината денеска ќе изгледа поголема од вообичаено, бидејќи е три...

КичевоПред 14 часа

„АТВА“ Маркети – Кичево ќе работи со скратено работно време поради новите мерки за спречување на Коронавирусот

„АТВА“ Маркети – Кичево ги известува своите клиенти за вонредното скратено работно време: © Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови...

МакедонијаПред 15 часа

29 ново заразени од Коронавирус во Македонија и нивните живеалишта по општини

Четири пациенти починале од корона вирусот на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Едено лице починало, а било на домашно...

МакедонијаПред 17 часа

Во близина на Охрид, сопрен автомобил со дебарчани поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

На 06.04.2020 година во 13.00 часот, на контролниот полициски пункт кај охридското село Подмолје, сопрен е патнички автомобил „голф“, со...

КултураПред 1 ден

Денес е „Благовец“ празник на мајките, честит именден на Благој, Благица, Блаже..

Името на празникот Благовештението е истоименито со Евангелието. Тие носат исто име. Евангелие е Благовестие, Благовештение. Празникот така и се...

Временска прогнозаПред 1 ден

Продолжува периодот на сончево време со дневни температури над 20°С

Од УХМР информираат дека времето денес ќе биде наутро студено, а преку денот претежно сончево со мала локална облачност и...

ХранаПред 1 ден

За денес згответе здрав и лесен појадок

Појадокот е многу повкусен, ако не треба да мислите на него сонливи наутро. Затоа, еве брз, лесен и здрав појадок...

НАЈЧИТАНИ