Случувања
(ВИДЕО) Ќерката и внукот на македонскиот конзул Витанов загинаа во сообраќајка во Италија

Д
вајца млади македонски граѓани кои денеска загинале во сообраќајка што се случи во Пјаченца, Италија, се ќерка и внук на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов.
И италијанскиот медиум „PiacenzaSera“, пишува дека жртвите се ќерката и внукот од брат на македонскиот конзул. Девојката со идентитет Марија Витанова, била на возраст од 25 години, а нејзиниот братучед Методи Витанов имал 26 години. Тие биле во автмобил „рено клио“. Автомобилот удрил во дрво и веднаш се запалил, па кога пристигнале спасувачите веќе било доцна.
Сообраќајката се случила на место кое важи за црна точна и на кое за десет дена се случиле три собраќајни несреќи со фатални последици.
Скопје
(ФОТО) Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани!

Во Скопје пред два дена, односно во саботата 29-ти март во Спортскиот Центар Аеродром – ОУ „Блаже Коневски“ се одира хуманитарен меѓународен натпревар помеѓу екипите „ФК Бигорски – духовни чеда на Манастирот Св. Јован Бигорски“ и гостите од Р. Србија – поклоничко друштво „ПУТ НА СВЕТУ ГОРУ“.
Победник на натпреварот беше гостинската екипа „ПУТ НА СВЕТУ ГОРУ“.
Сите собрани средства од натпреварот ќе бидат наменети за семејствата на настраданите од несреќата во Кочани.
Преку нашиот медиум, екипата домаќин упатува голема благодарност до гостите од Србија, како и до сите учесници, публиката и сите хумани луѓе што помогнаа и донираа.
Галерија од настанот:
Македонија
Честитка по повод верскиот празник „Рамазан Бајрам“ на сите припадници на исламската вероисповед

Токму денес на сите наши читатели, поддржувачи на пишаниот збор од информативен и јавен карактер – Ви го честитаме срдечно највозвишениот ден од исламскиот календар, празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи празнична радост во сите муслимански семејства.
/Порта.мк
Кичево
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 🎂 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!
Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!
Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.
- Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
- Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
- Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
- Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
- Како главна награда „Air Fryer“ по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.
Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата 🛒 работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч
Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (30 март)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!
-
Временска прогноза2 дена
Викендов невреме проследено со дожд и грмежи – ова се последните информации
-
Lifestyle2 дена
Брз трик за одмрзнување месо: Подготвено за само 5 минути!
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Lifestyle2 дена
Топ 10 намирници за појадок: Овесната каша и јајцата ќе ве држат сити до ручек
-
Lifestyle2 дена
Зелениот чај или кафето: Зошто треба да го смените утринскиот пијалок?
-
Спорт9 часа
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар