Следете не

Видео

(ВИДЕО) Сватовите се затепаа поради музиката, младите побегнаа, а камерата сними се!

Објавено пред

на

На уличната свадба во турскиот град Адана, имаше ситуација што резултираше со хаотични последици.

Имено, на свадбата доаѓаа гости од различни делови на земјатата со различна народна и традиционална музика, а честите музички промени предизвикаа тензии меѓу гостите на невестата и на мажот.

DJ-от се обиде да ги задоволи сите, но секоја страна тврдеше дека другата добива многу повеќе музика на репертоарот. Оттука, кавгата прерасна во физички судир, што резултираше со масовна тепачка и удирање со пластични столици и други предмети, но за среќа без сериозни повреди.

Неименуваните младенци влегле во автомобилот и ја напуштиле хаотичната ситуација.

Македонија

Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот

Објавено пред

на

Нашиот сообраќаен сервис апелира за поголемо внимание во патниот сообраќај поради појава на голомразица (подледена површина) на коловозот во нашиот регион, поготово во доцните и раните утрински часови на превој Пресека, Стража и Кичево.

Имајте пријатно и безбедно патување, проследено со законски поставената патна и сообраќајна сигнализација

Прочитај повеќе...

Македонија

„Dacia Duster“ добива уште две верзии 4×4, на пазарот достапен ќе биде и новиот бензинец 1.2 турбо мотор со 130 коњски сили

Објавено пред

на

Кога пристигна новиот Dacia Duster, на клиентите не им беше понуден турбодизел моторот, кој беше столбот на погонот 4×4 во претходните две генерации на овој модел. Сега верзијата со погон на сите тркала е придвижувана од 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, но тоа очигледно не е доволно.

Имено, Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.

„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни. Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG. Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.

Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.

Извор: AutoCar

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Здравје и убавина2 часа

Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје

Забите можат да бидат добар показател за проблемите во вашето тело. Внимавајте на здравјето на усната шуплина бидејќи секоја промена...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за недела (23 февруари)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Временска прогноза19 часа

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија...

Свет20 часа

(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на...

Мобилни уреди20 часа

Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години

Многу корисници изразуваат жалење поради отстранувањето на копчето Home и Touch ID, посочувајќи колку овие функции им биле корисни на...

Македонија22 часа

Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на...

Магазин1 ден

YouTube конечно ги намалува цените. Наскоро доаѓа нова опција Premium Lite без реклами

YouTube официјално ќе започне со поевтина претплата Premium Lite, која ќе им овозможи на корисниците да гледаат видеа без реклами...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (22 февруари)

Овен Препораката е да водите сметка со кого соработувате во иднина за да немате поголеми проблеми. Потребно е да имате...

Македонија2 дена

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г....

Lifestyle2 дена

Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли...

НАЈЧИТАНИ