Кичево
Лица во угостителски објект во Кичево фрлале со предмети кон останатите гости и предизвикале хаос и физичка пресметка

На 07.09.2020 во 00.05 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека пред угостителски објект на ул„Маршал Тито“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од Кичево, од една страна и M.K.(26) и A.K.(28) од Р.Албанија, од друга страна.
Според пријавеното, лицата од Албанија фрлале со предмети и кон другите гости во објектот.
Тие биле приведени во полициска станица за расчистување на случајот.
Извор: МВР
Кичево
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани

Денес во Општина Кичево, се одржа комеморативна седница во проширен состав за кобната несреќа во Кочани.
Со едногласна одлука советот изгласа одобрување на финансиски средства од 600,000 денари за финансиска помош за трагичниот настан.
Сочувство до семејствата на настраданите и лесно закрепнување на повредените.
Господ на помош на сите, стои во интегралното соопштение на советник кој истото го истакна на социјалните мрежи.
Кичево
В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани

Поради смртта на трагично загинатите во пожарот во Кочани, во сабота ќе се богослужи Заупокоена Литургија со почеток од 08:00 часот во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ во Кичево.
Сите треба молитвено да земеме учество и во мир да се помолиме за упокоение на душите на починатите, а за здравје на оние кои се лекуваат, затоа што само така се покажува христијанскиот мир и свесноста за преумување, истакнаа од кичевската парохија.
Кичево
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета

Предмалку спречена поголема огнена катастрофа во кичевското село Лазоровци. Имено од за сега нејасни причини избувнал пожар во плевна и гаража со автомобил. По добиената информација од терен – Порта.мк веднаш стапи во контакт со службените лица од Територијалната противпожарна единица од Кичево кои ни ја потврдија информацијата за точна.
– Избувнатиот пожар е ставен под контрола, причинета е за среќа само материјална штета. На терен дејствувавме со 3 камиони и 15 пожарникари, нема простор за паника, за Порта.мк истакнаа од ТППЕ Кичево.
Повеќе очекуваме утре во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.
-
Кичево1 ден
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани
-
Македонија8 часа
Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика
-
Македонија1 ден
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот
-
Временска прогноза22 часа
Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд
-
Култура11 часа
Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови
-
Спорт1 ден
Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати
-
Магазин1 ден
Рецепт од нашите баби: Како да направите домашно кисело млеко?
-
Lifestyle1 ден
Оревите за појадок – тајната за здравје и брзо слабеење