Следете не

Магазин

(ВИДЕО) Видео за 2020 година е делото на „DigitalBox“ – „Со љубов од Париз“, љубовна приказна каква што секој би посакал

Avatar

Објавено пред

на

Како што се ближи крајот на годината, време е да избереме еден видео запис на заљубен млад брачен пар.

Видеото ни доаѓа од DigitalBox продукција и Борче Димоски од Охрид која зад себе брои низа успеси, свој претпознатлив стил. Навистина креативно и несекојдневно и уникатно видео направено со многу љубов и креативна енергија.

Од вкупно 15 видеа кој нашиот тим ги разгледуваше, несомнено за „Видео на 2020“ го прогласуваме „Со љубов од Париз“ иако дел од материјалите се снимани во 2019-тата година, ова уметничко дело е вистинска мајсторија!

Видеото е снимано во Франција и Скопје, така што Ви препорачуваме да одвоите малку од вашето време и да ја погледнете оваа гламурозна приказната која веднаш ќе ви го стопли срцето.

Браво и секоја чест!

Живот и стил

Според Саманта Џонс ова се 10-те клучни животни совети

Avatar

Објавено пред

на

Познатата Саманта, „кралица на добрите времиња и луд живот“, актерката Ким Катрал е родена на 21 август 1956 година. Познатата актерка зад себе има богат живот и богата кариера. Таа се стекна со многу искуство и живееше низ разни животни лекции кои отворено ги споделуваше во своите интервјуа низ годините.

Таа зад себе има повеќе од 80 улоги, а секако најпознатата улога е Саманта Џонс, која нè израдува со нејзиното лудило, во мега-популарната серија „Сексот и градот“.

Како и феноменалниот лик што го играше, Ким е многу отворена личност и нема проблем да го каже точно она што мисли. Со текот на годините, таа го изрази тоа во многу искрени совети на мудрост, а ние решивме да издвоиме неколку од нив.

1. Бидете свој и ценете го тоа. Поминувајте во животот со свој ритам.

2. Тоа е ваше тело и ваш живот. Правете го она што сакате во него.

3. Во најголем дел од мојот живот, бев осамена. Фантастична, но осамена.

4. Отсекогаш мислев дека помалку е всушност повеќе.

5. Тоа е животот – следиш каде те води срцето. Барем тоа е она што јас го правам.

6. За три секунди знаете дали сакате да ја споделите иднината со некого – ќе биде тоа долг половина час ако не сте во право .

7. Поминав убаво во младоста и сè уште се чувствувам млада, но немам желба да изгледам како да имам 20 години.

8. Нема потреба да се чувствувате дека сте изгубиле на 40, 50 или 60 години. Одлично поминувам во втората половина од животот. Прашање е што вие ќе се одлучите дека сакате.

9. Цел живот сум била на диета, затоа што имам огромен апетит.

10. Во мојот живот и кариера сакам да го прифатам стареењето затоа што мислам дека тоа е она што е интересно.

Текст: Попара

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за денес (24.01) недела

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН
Овој викенд Овените може да имаат прилично реален пристап кон своите емоции. Чувствителноста ќе излезе на виделина преку едно чувствително прашање што ќе направи да се осетите како да сте сами во светот против секого. Можеби би можеле, за промена, да дозволите некој друг да ве поведе, а тоа ќе ви даде време да се балансирате малку пред вашата голема следна одлука.

БИК
Бикови, прво проверете ја вредноста на сè и сите со кои влегувате во конфликт. Веројатно ќе дознаете како луѓето постапуваат по некомплетни информации, па лажно ќе ве обвинат дека сте кажале нешто или сте направиле нешто што не сте го направиле. Работете на наоѓање рамнотежа преку вистината. Некои зборови кога се обвинети за прекумерна емоција не се точни како што изгледаат.

БЛИЗНАЦИ
Овој викенд е одличен за Близнаците. Ќе уживате во релаксирачки разговори со драги луѓе. Ќе можете да фантазирате по своја волја, а некои од вашите фантазии би можеле да се остварат. Не се замарајте со реалноста ако не морате. Ќе ви биде подобро ако и онака го оставите тонот на денот во сонувачко расположение.

РАК
Раковите можат да бидат збунети од енергијата која ќе преовладува овие денови. Имате потреба да дејствувате, но сè уште немате сè што ви треба за да започнете. Е ви биде тешко да донесете одлука затоа што ја немате целата слика пред вас.Би било најдобро да го поминувате времето надвор од дома со пријатели или најблиски.

ЛАВ
Ќе бидете вистинска ѕвезда во друштвото, драги Лавови одиграјте ја својата улога. Ќе бидете во различни ситуации, во зависност од вашето расположение. Имате посебен сјај во окото што треба да го споделите со другите луѓе што е можно повеќе. Не брзајте никаде. Уживајте и дружете се со вашите најблиски, нема многу вакви денови во овој период од годината.

ДЕВИЦА
Одморете се од вашето секојдневие. Светот може да преживее без вас барем некое време, затоа слободно исклучете се од него. На кој начин и да одите, тоа ќе биде вистинскиот. Уживајте во овој во ситниците. Комуницирајте со вашето внатрешно јас и вратете ја рамнотежата.

ВАГА
Се ќе ви оди добро и ќе уживате да поминувате време со луѓе кои мислат исто како вас. Може да имате прилично силен елемент на фантазијата што ќе ја намали вашата контрола над реалноста. Не се оптеретувајте ниту со реалноста ако нема голема потреба за тоа. Ако можете, подобро да гледате филм или да посетите изложба.

ШКОРПИЈА
Шкорпии, не обидувајте се да добиете никакви одговори овие денови, на крајот можеби ќе бидете фрустрирани обидувајќи се. Колку помалку работите со другите, толку повеќе работи автоматски ќе се решат во ваша корист. Наместо тоа, посветете се на она што досега го совладавте, научивте и постигнавте. Чувајте ги работите едноставни.

СТРЕЛЕЦ
Дозволете вашата детска страна да излезе на површина и да игра малку. Вашите соништа се во полна сила, затоа слободно препуштете се на нив. Уживајте во лесни разговори со пријателите за нови филмови или книги или веќе нешто што ве интересира. Вие би можеле да се посветите и на себе и на вашиот изглед. Испробајте некоја нова фризура или шминка.

ЈАРЕЦ
Време е да одморите од рутината и да избегате од претрупаниот план. Препуштете се на нови идеи и соништа што ги имате и оставете ги настрана обврските (ако можете). Одличен период е  за да излезете од дома и да се дружите со пријателите. Уживајте во сè што правите. Сите активности во групата ќе бидат многу пријатни за вас.

ВОДОЛИЈА
Овој викенд Водолиите ќе помислат дека нешто конечно паднало на свое место. Парчето што ви недостасуваше го најдовте и сега ќе ја потполните целата слика. Одговорот ќе биде суптилен, но препознатлив. Имагинацијата ќе ви го покаже вистинскиот начин. Проширете ги вашите идеи понатаму и охрабрете ги другите да сонуваат, објаснете им колку е добро за нивното ментално здравје.

РИБИ
Сè ќе ви изгледа надреално овие денови, исто како што сте Риба, затоа не сфаќајте премногу сериозно сè што другите ќе ви кажат. Можеби ќе се слушнете со некој со кого не сте контактирале подолго време. Споделете ги вашите соништа и мисли со најблиските. Ако сте искрени, ќе добиете многу позитивни совети за продолжување на вашите активности.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Преку јадење на банани се опушта нервниот систем кај човекот

Avatar

Објавено пред

на

Бананите поседуваат многубројни лековити својства и имаат моќ да ги ублажуваат симптомите на многу болести, освен што имаат пријатен вкус, бананите поседуваат и многубројни лековити својства и имаат моќ за ублажување на многу болести.

Изобилуваат со хранливи материи, витамин А, Б6 и Ц и ги содржат минералите фосфор, манган, магнезиум, калиум и фолна киселина.

Поради поголемите количини на витаминот Б, тие поволно делуваат на нервниот систем. Ја ублажуваат состојбата на депресија и делуваат релаксирачки, бидејќи протеините во текот на варењето доведуваат до создавање на серотонин, хормонот на задоволство и среќа. Кората од бананите многумина ја користат за смирување на кожата по убод или иритација.

Сушените банани исто така се исклучително корисни бидејќи го забрзуваат метаболизмот, производството на хемоглобин, ја зголемуваат мускулната сила и отстрануваат опстипација. При сушењето единствено ја губат течноста и мали количини од витаминот А и Ц, но затоа другите материи се уште поконцентрирани отколку во свежите банани.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 19 минути

Од вечерва доаѓаат нови дождови, како и снег на пониските места

Претстојната вечер и ноќ од запад ќе се прошират нови уште ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и тоа на пониските места од дожд,...

Живот и стилПред 57 минути

Според Саманта Џонс ова се 10-те клучни животни совети

Познатата Саманта, „кралица на добрите времиња и луд живот“, актерката Ким Катрал е родена на 21 август 1956 година. Познатата актерка зад...

МакедонијаПред 2 часа

Утре делови од Скопје и Охрид со времен прекин на електрична енергија поради работа на електродистрибутивната мрежа

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 25.01.2021 година – понеделник, ЕВН ќе работи на терен, така што прекини во...

СпортПред 7 часа

По ремито, домашните навивачи од фудбалскиот клуб „Сао Пауло“ ги каменуваа играчите и минибусот

Можеби малку се оладивме од навивачките страсти заради целата ситуација со ковид пандемијата, но во Бразил нема запирање. Тоа го...

ХороскопПред 10 часа

Хороскоп за денес (24.01) недела

ОВЕН Овој викенд Овените може да имаат прилично реален пристап кон своите емоции. Чувствителноста ќе излезе на виделина преку едно...

Здравје и убавинаПред 13 часа

Преку јадење на банани се опушта нервниот систем кај човекот

Бананите поседуваат многубројни лековити својства и имаат моќ да ги ублажуваат симптомите на многу болести, освен што имаат пријатен вкус,...

МакедонијаПред 19 часа

Нови 347 случаи на Ковид-19 денес, починати 11 лица

Во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 179 -Куманово...

КичевоПред 19 часа

ОВР Кичево: Вчера 29 возачи возеле со брзина над дозволената во акциската контрола

На 22.01.2021 во периодот од 12 до 18. часот, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево спроведе акциска контрола...

СпортПред 22 часа

(ВО ЖИВО) Play Station: Кој ќе не претставува на еЕУРО2021 во фудбал

Кој ќе биде македонскиот претставник на квалификациите за еЕУРO2021 🇲🇰 🎮 Проследете го преносот во живо ТУКА

КичевоПред 23 часа

За Кичево: Млекара „Маврово“ вработува дистрибутер и работници за производство

Поради зголемување на капацитетот Млекара „Маврово“ распишува оглас за вработување на луѓе кои ќе бидат во редовен работен однос на...

НАЈЧИТАНИ