Македонија
Викендов вистинска пролет, но нема така да остане, не чека голема промена на времето
Од денес Сабота до Недела времето ќе биде стабилно и суво со температури над просекот.
За време на викендот времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.
Од понеделник ќе преовладува доста променливо облачно време со локален дожд и појава на грмежи.
Уживајте до тогаш во вистинските пролетни температури..
Македонија
ЦУК истакна информации за штети од вчерашното невреме во Македонија
Невреме проследено со силен ветер што причини штети во неколку региони од државата, ЦУК истакна целокупни информации околу штетите по региони
Дел од Македонија во последното деноноќие беше зафатена со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата.
Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола во текот на денот имале голем број на интервенции што настанаа поради силното невреме (силен ветар над 60 км/ч) што го зафати Битолскиот регион во 14.30 часот.
Според повиците за настаните примени преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 и во комуникација со командирот на ТППЕ Битола, Општина (ЕЛС) Битола во соработка со јавните претпријатија од Битола и ЕВН, вчера интервенира на следните локации:
– паднат кров од две згради на ул. „Нико Фундали“ кај „Жито маркет“ каде има настаната штета на неколку возила;
– паднато дрво кај црквата во с. Магарево при што има оштетен ел. вод и и има искрење;
– падната бандера на ул. „Прилепска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“;
– падната бандера на патот за с. Кравари;
– падната бандера на ул. „Мукос“ бр. 174;
– падната бандера кај црквата во с. Ниже Поле;
– падната бандера на ул. „Пожаревачка“;
– падната бандера на ул. „Стрчин“ бр. 21 а;
– паднати жици на ул. „Новосадска“;
– паднати жици и искрење на ул. „Крушево“ бр. 4;
– паднати жици и искрење на ул. „Ѓорѓи Наумов“ бр. 4;
– падната бандера на ул. „Димче Лахчански“ бр. 34;
– навалена бандера на ул. Булевар „1 Мај“ бр. 283;
– паднат кров од зграда на ул „Хераклеа“;
– паднат кров од куќа на ул . „Јанко Палигора“;
– паднат кров од куќа на ул. „Партизанска“
– паднат кров од зграда кај печатницата „Киро Дандаро“ и
– голем број на паднати дрвја на повеќе локации во градот.
Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, во период од 17.20 до 19.45 часот со 2 ПП возила и 6 пожарникари, интервенирале на откачен лимен кров поради силниот ветар на ул. „Карпош Војвода“ во Општина Охрид.
РЦУК Штип известува дека ТППЕ Виница во период од 13.45 до 14.30 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари, интервенирале на паднато дрво и бандера како последица на силниот ветар во с. Истибања. Пожарникарите од ТППЕ Штип, во текот на денот повеќепати интервенирале во отстранување на паднати дрвја, откачена церада и на откорнати делови од покривни (кровни) конструкции на објекти како последица од силниот ветер на разни локации во градот Штип и неговата околина: Градски горбишта, градинка „Вера Цирвири-Трена“, м.в. Кланица,
СОУ „Коле Нехтенин“, ул. Широк Дол, угостителски објект „Нецко“, м.в. „4-ти километар“, нас. „Насеље“, градски пазар, ул. „Васил Доганџиски“, бул. „ЈНА“, ул. „Солидарност“, ул. „Сремски фронт“, ул „Браќа Даневи3). Во сите интервенции е учествувано со 3 пожарникари и 1 ПП возило.
Како последица на силниот ветер на повеќе места на подрачјето на градот Штип се забележани оштетувања на електрични столбови, кровни конструкции на објекти, фасада од станбена зграда, олуци и автомобили. Појава на паднати дрвја како последица од вчерашниот силен ветер имаше и во селата Облешево и Истибања.
РЦУК Тетово известува дека ТППЕ Гостивар, од 16.45 до 17.15 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари, имале техничка интервенција на паднато дрво на ул. „Никола Парапунов“ во Гостивар, истакнаа на официјалниот фејсбук профил од Центарот за управување со кризи
Македонија
Намалена видливост поради магла на превоите Стража, Плетвар, Ѓавато..
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
– Намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Стража 80м Плетвар 80м, Ѓавато 100м Маврово 80м, Пресека 50м и Попова Шапка 20м, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
СВР Охрид денес реализираше превентивна кампања за безбедно патување во зима
СВР Охрид, преку Отсекот за превенција, денеска (15.11.2024) ја реализира превентивната сообраќајна кампања „Биди подготвен за безбедно патување во зима“. Полициски службеници на неколку локации низ Охрид, во непосредна комуникација со возачите на моторни возила, ги потсетуваа за потребата од почитување на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата, која започнува од денеска и ќе трае до 15 март идната година, како и за потребата од строго придржување до останатите одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози, со акцент на придржување до пропишаната брзина на движење и прилагодување спрема условите и состојбите на патот.
На возачите на моторни возила им беа поделени и едукативни материјали со практични совети за безбедно управување моторни возила во зимски услови.
Во врска со зимската сезона 2024/2025 година, СВР Охрид, на 12.11.2024 година, одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работат на изградба на автопатот Охрид-Кичево.
Целта на состанок беше координација и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево2 часа
Започнува наградна игра во кичевскиот локал за брза и квалитетна храна „Kelly Doner“, направи сметка од 600 ден – добиј ваучер и учествувај за вредни награди!
-
Спорт1 ден
ФК Кичево денес освои службено 3 бодови, за гостинската екипа играа повозрасни играчи
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (23 ноември)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за недела (24 ноември)
-
Временска прогноза1 ден
Силниот ветер го очисти небото, температурите паѓаат до -10°C
-
Македонија1 ден
ЦУК истакна информации за штети од вчерашното невреме во Македонија
-
Здравје и убавина1 час
На колку време треба да се менува четката за заби?
-
Автомобили2 часа
Во зима на снег многу често возачите прават грешка со напумпаните гуми, конечно има ли врска напумпаноста на гумите во услови на снег?