Следете не

Кичево

Во акциите на Црвен крст – Кичево за седум месеци собрани се 538 единици на крв

Avatar

Објавено пред

на

Од година во година бројот на крводарувања во општина Кичево е во постојан пораст, што треба да ги радува здравствените установи во земјава, бидејќи проблемот со недостаток на крвни единици честопати е присутен во нивното работење.

Така во оваа календарска година за првите седум месеци во повеќе крводарителни акции организирани од страна на општинската организација на Црвениот крст собрани се вкупно 538 крвни единици од сите крвни групи, а радува фактот што се повеќе млади пројавуваат интерес да ја подадат својата рака и да подарат дел од најдрагоцената течност.

– Во текот на оваа календарска година бележиме добри резултати во крводарувањето и така до први осми собрани се вкупно 538 крвни единици во повеќе крводарителни акции организирани во поголемите компании и институции во градот како што се: РЕК „Осломеј“, касарната „Чеде Филипоски Даме“, компанијата за заштитни перничиња „Џојсон Сејфти Системс“ и други. За годинава планирани се 20 редовни крводарителни акции и 3 вонредни, кои ќе бидат спроведени според потребите од здравствените институции. Ако ги погледнеме актуелните бројки ќе бидеме повеќе од сигурни дека и годинава ќе ги повториме рекордните остварувања од претходните години, иако пандемијата со ковид-19 во одредена мерка ги промени плановите и, покрај зголемените потреби од најдрагоцената течност на повеќето болници во земјава – за медиумите изјави Бесник Селими секретар на ОО на Црвениот Крст – Кичево.

Извор: Зоран Антоски

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Без категорија

Корона вирусот не запира, денес нови 518, од Кичево 13, починале 9 лица

Avatar

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19 во:
– Скопје 261
– Куманово 13
– Штип 19
– Прилеп 21
– Тетово 30
– Струга 5
– Велес 13
– Битола 21
– Охрид 15
– Кавадарци 11
– Гостивар 10
– Гевгелија 11
– Струмица 23
– Крива Паланка 4
– Радовиш 6
– Кочани 11
– Пробиштип 6
– Берово 2
– Валандово 3
– Виница 2
– Делчево 3
– Свети Николе 8
– Кичево 13
– Ресен 6
– Неготино 1

Починати се 9 лица, четири пациенти од Скопје (36, 60, 65 и 53г), еден пациент од Штип (66г), еден од Радовиш (72г), еден од Струмица (71г), еден од Пробиштип (75г) и еден пациент од Македонска Каменица (44г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти од:
– Скопје 112
– Куманово 2
– Штип 7
– Прилеп 5
– Тетово 8
– Струга 1
– Велес 2
– Битола 9
– Охрид 3
– Гостивар 8
– Гевгелија 3
– Струмица 10
– Радовиш 5
– Кочани 8
– Берово 3
– Валандово 4
– Свети Николе 4
– Кичево 3
– Ресен 3

Досега во земјата се направени вкупно 231.613 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера во с.Длапкин Дол – кичевско била пронајдена неексплодирана бомба од Втората Светска Војна.

Avatar

Објавено пред

на

Вчера на ден 21.10.2020 во 18:00 часот било пријавено дека во с.Длапкин Дол-кичевско, при изведување земјоделски работи, била пронајдена една неексплодирана бомба од Втората Светска Војна.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево, а од страна на ДЗС истата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Извор: МВР

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичевска парохија: Известување по повод чествувањето на празникот посветен на преподобната Параскева – Петка

Avatar

Објавено пред

на

Кичевското намесништво по повод чествувањето на празникот посветен на преподобната Параскева – Петка ќе започне со благословување на славскиот леб уште од недела, бидејќи така налага состојбата со пандемијата на Ковид-19.

Секој кој го слави овој празник почнувајќи од недела од 08:00 часот утрото може да донесе славски колач (леб) за благословување, како и во понеделник и вторник на самиот празник, исто од 08:00 часот.

Исто така свештениците ќе одат по селата каде што оделе и претходните години – стои во известувањето на Кичевската парохија.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 1 час

Нема град во нашата држава во кој нема активни случаи на Ковид-19, над 100 во Кичево, вкупно 7,408 случаи, ова е листата по градови..

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, заедно со бројката од потврдените 561 заразени вчера. По градови редоследнот...

ХороскопПред 2 часа

Денешен Хороскоп (26.10) понеделник

ОВЕН Денес ќе биде вообичаен ден. Бидете повнимателни во сообраќајот. Ќе добиете нова информација во врска со некој правен проблем....

МакедонијаПред 7 часа

Нови 561 случаи на Ковид-19, починати дури 22 лица

Во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 271...

СпортПред 14 часа

Хабиб Нурмагомедов: Победата беше сон на татко ми!

Тоа беше сонот на тато, што повеќе да ви кажам. Џастин и Конор ќе се борат во јануари, но не...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (25.10) недела

ОВЕН Денес ќе биде вообичаен ден. Бидете повнимателни во сообраќајот. Ќе добиете нова информација во врска со некој правен проблем....

Временска прогнозаПред 1 ден

Од ноќва влажен воздушен бран носи локални врнежи од дожд кои утре ќе бидат застапени на секаде, ова се најновите детали за времето..

Во втората половина од оваа ноќ од северозапад и запад ќе навлезе влажен воздушен бран кој ќе услови повремени локални...

МакедонијаПред 1 ден

Нови 404 случаи на Коронавирус, 14 починати, црниот биланс продолжува..

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 172...

ВидеоПред 1 ден

(ВИДЕО) Уште е хит видеото каде таткото со свирење пијано го заспива бебето

Сеуште е голем хит видео записот каде таткото го заспива своето синче со пијано музика, доколку не сте го погледнале,...

СлучувањаПред 2 дена

Почина Амди Бајрам

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Жалната вест ја потврдија од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат....

МакедонијаПред 2 дена

Рекордно непочитување за носење маски, МВР издаде 983 казни

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 983 прекршоци. Министерството...

НАЈЧИТАНИ