Следете не

Кичево

Во моментов во домашна изолација се 24 лица од Кичево

Avatar

Објавено пред

на

Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментално во изолација се 119 лица (Охрид-47, Струга-48, Кичево-24).

Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 90 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 22 лица (Охрид-16, Струга-3, Дебар-3).

Врз овие лица, извршени се 15 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 53 контроли врз угостителски и други објекти.

Извор: СВР Охрид / ОВР Кичево

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Кичево

Предмалку тешка сообраќајка кај с.Колари кичевско, неофицијално четири возила учествувале

Avatar

Објавено пред

на

До нашиот портал стигна информација од случајни минувачи дека се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на с.Колари кичевско.

Неофицијално се работи за верижен судир на четири возила, а учесниците со итна медицинска помош се префрлени во кичевската болница, од каде немаме информација за нивното здравје.

На интервенција и асистенција пристигнала и екипа на ТППЕ Кичево, а сообраќајот привремено се пренасочува.

Апелираме за внимателно возење согласно прописите во патниот сообраќај.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

Во Кичево денес 8 ново заразени од Ковид-19, вкупно 150 на ниво на Македонија

Avatar

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 93
– Куманово 7
– Штип 3
– Прилеп 4
– Тетово 12
– Струга 3
– Битола 1
– Охрид 9
– Гостивар 3
– Кочани 1
– Кичево 8
– Ресен 5
– Неготино 1

Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти.

– Скопје 21
– Штип 3
– Прилеп 2
– Тетово 3
– Битола 1

Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

Констатирани 20 прекршоци за кичевчани кои не носеле заштитна маска, додека 1 не почитувал домашна изолација при допатување од странство

Avatar

Објавено пред

на

Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 79 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-42, Струга-14, Кичево-20, Дебар-03). Издадени се прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 21 контроли врз угостителски и други објекти.

Исто така поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.З.(23) од кичевското село Стрелци.  При контрола извршена на 08.06.2020 во 14:20 часот, полициските службеници констатирале дека пријавениот, кој допатувал од Република Словенија, не се наоѓа во неговиот дом во селото каде,  согласно донесеното Решение од Државниот здравствен инспекторат, требало да биде на задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена.

Со тоа, пријавениот не ги почитувал препораките по издаденото решение согласно одлуката на владата, наменета за лица кои доаѓаат од странство.

Извор: СВР Охрид / ОВР Кичево
Портпарол: Стефан Димоски

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Пред 5 часа

Денес е „Иванден“ денот на раѓањето на Св. Јован Крстител, за многу години!

Иванден е еден од големите христијански празници од летниот циклус каде се слави раѓањето на Свети Јован Претеча и Крстител...

Пред 5 часа

Хороскоп за денес (07.07) вторник

ОВЕН Ви се укажува нова можност на работно поле која може да биде добра за вас. Во периодот кој ви...

Пред 12 часа

До сега вкупно 7124 македонци се заразени од Ковид-19, бројката во Кичево достигна 48, по градови дистрибуцијата изгледа вака

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199,...

Пред 12 часа

(ВИДЕО) Фчерашни Новости: Колку е тешко да се избере вистинскиот кандидат!? 

Во последната последна епизода на „Фчерашни Новости“, за ова последно лето од 2020 година, решивме да посветиме малку време и...

Пред 14 часа

Денес 78 нови случаи на заболени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 26 -Куманово...

Пред 1 ден

Хороскоп за денес (06.07) понеделник

Овен Чувствувате дека дел од колачот, кој ви припаѓа не го добивате во вистинска смисла на зборот. Морате да бидете...

Пред 1 ден

Имате грчеви на нозете преку ноќ, еве начин како да ги спречите

Ноќните грчеви во нозете може да ве разбудат од сон со остра болка среде ноќ, а некогаш се јавуваат додека...

Пред 1 ден

(ВИДЕО) Шило Магазин од Охрид: Во стара чаршија, ни маска носат, ни бутур

Колегите од Шило Магазин се вклучија во Живо од Старата Чаршија од Охрид.. Според видеото кое го постираа јасно се...

Пред 2 дена

Вашата омилена урбана Зона М1 мрежа со вашите музички желби

Убав ден со Зона М1 и вашите музички желби преку смс 141344 од овој момент во следните неколку часа, а ги...

Пред 2 дена

Ковид-19 не запира: Денес 115 новозаразени од кој 4 од Кичево

Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19. – Скопје 53 –...

НАЈЧИТАНИ