Временска прогноза
Оставете ги зимските гуми: Вакво време не очекува денес, а за Четврток најава за снег
Од УХМР известуваат дека денес ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни попладне во западните и северните делови (над 20л/м2).
Во вторник ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер.
Во среда врнежи ќе има претежно во западните делови, а од четврток се очекува значително заладување, поради што врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.
Извор: ЦУК
Временска прогноза
Ведро и студено за Новогодишната ноќ, еве какво време ќе имаме деновиве
За новогодишната ноќ, односно ноќта вторник кон среда 31 Декември 2024, кон 1 Јануари 2025 година, и во среда на 1 Јануари 2025 во текот на денот, особено на планините и на Скијачките центри времето ќе биде претежно сончево и тивко, додека по котлините ќе биде магливо, со намалена видливост, како и со ниска облачност.
И во Скопскиот регион за новогодишната ноќ, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини ќе биде ведро и тивко, додека во ниските предели од котлината ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Што се однесува до температурите, за време на новогодишната ноќ тие е се движат во интервалот од -3 до 2 степени, додека на 1 Јануари 2025 (среда) во текот на денот максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.
Исто така, постудено ќе остане во котлините со магла и со ниска облачност. Во Скопје пак на 1 Јануари 2025 година во текот на денот максималната температура ќе се искачи до околку 7 степени, предмалку извести Славчо Попоски
Временска прогноза
Според најновите метео алатки, се очекува доста поладна зима во јануари и февруари
Ладната “Ла Ниња” веќе го донесе првиот озбилен снег во регионот и во Македонија, засега во Македонија најмногу снег има на планинските и на Скијачките места, а во делови од регионот снежната покривка надминува и половина метар, а на планините снежната покривка достигнува до метар и половина.
Сепак, според она што го следам, уште поголема зима ни се заканува во јануари и во февруари, односно особено во втората половина од истата.
Големи се условите во следните два месеци за ново големо снежно невреме на Балканот, како и во Македонија. Според она што може во моментов да го кажам може да очекуваме многу поладно време од она кое го имаме сега. Со оглед на тоа дека млазната струја е доста активна оваа зима, често ќе имаме многу ладни продори од север, со тоа големи се шансите да се соочиме и со поекстремно ниски температури на воздухот.
Веќе Балканот ја чувствува зимата како кога зимите биле како во минатото, односно во далечните деведесетти години, вели Славчо Попоски
ДОПОЛНИТЕЛНО НАПОМЕНА: Полека се остварува мојата сезонска прогноза околу оваа зима која ја објавив, а во нејзе гласеше дека големи се шансите да имаме снежно невреме на Балканот, а тоа веќе се случи во многу делови од регионот и во Македонија, кај нас особено на повисоките и планинските места, каде обилните снежни врнежи создадоа многу проблеми.
Временска прогноза
Најава за нова снежна покривка, до денес во Маврово имаме најмногу снег
Денешниот ден (среда) донесе снег во повеќето градови низ Македонија, а на Скијачките центри снежната покривка е до околу, па и над половина метар. Во Маврово имаме највисока снежна покривка од речиси 60 сантиметри, околу 50 сантиметри снежна покривка имаме на Попова Шапка, од градовите највисока снежна покривка денес беше измерена во Крушево 22 сантиметри, во Тетово 10 сантиметри, 4 сантиметри во Прилеп, 3 сантиметри во Битола, и 2 сантиметри во Претор и во Крива Паланка.
Понатаму, односно во следните часови, и секако како што претходно најавивме, до петок во Македонија ќе имаме поовремени локални врнежи од снег, додека во југоисточните предели и во Повардарието врнежите ќе бидат претежно од дожд. Ќе има понатамошно зголемување на снежната покривка. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Во Скопје и околината исто така ќе има повремени послаби врнежи од дожд и снег, а снег особено се очекува во повисоките предели од котлината, како и на околните планини. И во Скопскиот региот повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие наутро речиси насекаде ќе бидат под нулата, а дневните температури на многу места ќе бидат за неколку степени над нулата, а во некои градови, особено оние повисоките тие ќе се движат околу нулата, а на планинските места и на Скијачките центри тие постојано ќе бидат под нулата, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (26 декември)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за петок (27 декември)
-
Временска прогноза2 дена
Според најновите метео алатки, се очекува доста поладна зима во јануари и февруари
-
Временска прогноза13 часа
Ведро и студено за Новогодишната ноќ, еве какво време ќе имаме деновиве
-
Lifestyle1 ден
Сите ја сакаме оваа храна, но таа е главен виновник за високиот крвен притисок
-
Македонија1 ден
МВР истакна нова дигитална услуга, ќе може да се издава уверение за државјанство онлајн, односно преку националниот портал за „услуги/uslugi“
-
Lifestyle1 ден
Една недела вода со лимон: Придобивките што не ги очекувавте
-
Култура1 ден
Читателите одлучија: „Сам дома“ е најдобриот божиќен филм на сите времиња