Македонија Случувања

Кон Грција забрана за тешки товарни возила!

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од страна на грчките погранични служби од граничниот премин Дојрани е добиено известување дека поради снежни врнежи и отежнато движење е воведена целосна забрана за движење на товарни моторни возила во овој дел на Република Грција.