Кичево
Запленети 91 килограм марихуана во Кичево, тројца приведени

Министерството за внатрешни работи вчера во Кичево приведе три лица од Скопје и заплени 91 килограм марихуана. МВР до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривичнапријава против овие лица и уште против три други лица, две од Струга и едно од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело- “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’,
-Кривично пријавените ја набавиле марихуаната од соседна Албанија и ја складирале во Струга, со цел да ја транспортираат во Скопје. Вчера, во утринските часови, марихуаната требало да биде пренесена во Скопје и била сместена во патничко моторно возило “Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле двајца од приведените, а пред ова возило во улога на т.н. чистач се движело патничко моторно возило „БМВ“ со прилепски регистарски ознаки управувано од еден од сега приведените- соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.
По претходно изготвен оперативен план, од страна на полициски службеници на влез во Кичево, сопрено е патничко моторно возило „Мерцедес“, а во исто време на излез од Кичево е сопрено и другото возило „БМВ“.
-Трите лица кои биле во возилата се лишени од слобода. При извршениот преглед на “Мерцедесот“, биле пронајдени девет вреќи и една патна торба со марихуана- рече Ангеловски.
На лицата С.О. (22), С.Ф.(22) и И.Ф.(24) од Скопје од страна на Судија на претходна постапка им се одредени мерки притвор во траење од по 30 дена, лицето Е.М. (25) од Струга веќе издржува казна затвор во Казнено – поправен дом Струга и е префрлен во Истражниот затвор во Шуто Оризари, додека по лицата Х.Ф. (23) од Скопје и Б.К. (23) од Струга се уште се трага.
Кичево
Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Кичево
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.
Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.
Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:
Престижната генерација 2014:
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (24 февруари)
-
Здравје и убавина2 дена
Овој напиток го нормализира шеќерот во крвта, еве за што станува збор
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за вторник (25 февруари)
-
Спорт10 часа
Утре 1/4 финални натпревари во „Купот на Македонија“ во фудбал, кичевското трио правдата ќе ја делат на мечот „Детонит – Шкендија“
-
Временска прогноза1 ден
До петок стабилно време, викендот пред нас ќе има услови за повремен локален слаб дожд
-
Занимливости23 часа
НАСА објави ново откритие: Чудна спирална структура на работ на Сончевиот систем
-
Спорт1 ден
Билети за мечот Македонија – Лихтенштајн пуштени во продажба
-
Магазин8 часа
Microsoft Office конечно е бесплатен – но со неколку ограничувања