Временска прогноза
Утре после пладне скоро секаде снег, еве какво време ќе имаме викендов
Од УХМР известуваат дека утре се уште ќе има повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужната половина претежно од дожд, во северната од снег.
Повеќе врнежи ќе има во попладневните часови и речиси насекаде ќе бидат од снег.
Во сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. Во сабота и во недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула.
Постепено затоплување со повремени врнежи од дожд ќе има од недела попладне.
Временска прогноза
Попоски повторно со вонредни метео вести за времето, се очекува дожд и грмежи – Ова се последните информации…

Под влијание на нова циклонска активност, повторно од југоисток, како и на влажна и на нестабилна воздушна маса, во следните десет денови во Македонија повторно ќе имаме МНОГУ НЕСТАБИЛНО време, во попладневните и вечерните часови на многу места ќе има поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.
Поради ЗНАЧИТЕЛНОТО загревање на Атмосферата, локално процесите повторно ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер и со појава на град.
Токму поради ова АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ. Во деновите кои се пред нас исто така постои опасност од нови локални и ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ, зголемување на нивоата на реките и на езерата низ Македонија, како и можно излевање на некои реки.
Во Скопје и околината исто така ќе има честа појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и Засилен ветер. Во делови од котлината исто така е можна појава на НЕВРЕМЕ.
Температурите на воздухот остануваат без промени и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат до 30 степени. Помал пад на температурите очекуваме по 10-ти јуни, односно следната седмица, за порта пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Викендот пред нас нови најави за нестабилност на времето, се чини така останува да биде до крајот на месецот…

И покрај локалната нестабилност во попладневните часови, до петок не се очекуваат некој поголеми временски непогоди во Македонија.
Поголема нестабилност територијата на Македонија ќе ја зафати во петок, како и за време на викендот. Тогаш локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
За викендот повторно постои опасност од нови локални поројни поплави, па затоа АПЕЛИРАМЕ во случај на појава на НЕВРЕМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Температурите и понатаму нема да се менуваат во одност на сегашните, односно тие ќе бидат околу просекот за овој период од годината.
За поголем топлотен Африкански бран и понатаму ќе се изначекаме, и истиот го нема на видик овој месец, исто бтака на повидок овој месец нема и стабилизација на времето, за порта пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Временските непогоди силно вчера го зафатија регионот кај Прилеп и Кавадарци

Како што беше објавено од нашиот метеоролог во текот на вчерашното попладне СИЛНО невреме го зафати Прилеп, како и Кавадарци, проследено сао поројни дождови, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
За кратко време наврна ГОЛЕМО количество на воден талог кое предизвика и ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ во овие два македонски градови. Поплавени се и објекти.
Невремето ќе продолжи и понатаму во Македонија и во регионот, а можно е локално и ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ и ШТЕТИ. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ. На повидок нема никаква стабилизација на времето, и за истата ќе се изначекаме.
Големо невреме вчера го зафати и Лубаништа кај Охрид.
Фотографии и видеа од СТРАШНОТО НЕВРЕМЕ кое го зафати Прилеп и Кавадарци можете да погледнете на добро познатиот официјален фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
-
Временска прогноза2 дена
Попоски повторно со вонредни метео вести за времето, се очекува дожд и грмежи – Ова се последните информации…
-
Кичево2 дена
(ФОТО) „ART Caffe“ – Кичево повеќе од 10 години ваш верен пријател со најубаво кафе и одличен амбиент
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (8 јуни)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за петок (9 јуни)
-
Подкаст1 ден
(ВИДЕО) Игорче во „Какаротски муабети“ – „Што ако сум со Даунов синдром, вистина ја зборувам чесно со срце и душа“
-
Мобилни уреди6 часа
Новиот iOS 17 дополнително им го отежнува допишувањето на корисниците на Android
-
Мобилни уреди23 часа
Samsung Galaxy S23 Ultra во САД е сепак најскапиот паметен телефон
-
Спорт6 часа
„Сер Боби“ уште еднаш ги пофали своите момчиња, каде овој пат покажаа професионален пристап и голем ентузијазам