Македонија
Забрана за тешки товарни возила за превоите „Пресека“ и „Стража“

На планискиот премин Стража од 18:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила.
Забрана за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец крак-Маврово-Дебар и обратно од 18:15 часот.
Во 18:45 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека.
Извор: АМСМ.
Македонија
Приведен криумчар на мигранти кај Неготино

Денеска (02.06.2023) во 12.30 часот кај клучка Демир Капија од страна на патролна служба од Полициската станица за граничен надзор Михајлово на даден знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски таблички, возилото не сопрело туку продолжило да се движи во правец на Неготино.
По преземени активности во 12.50 часот кај клучка Неготино, од страна на друга патролна служба на Полициска станица Михајлово возилото е сопрено и во него се пронајдени 2 лица мигранти од Сирија.
А.Н. од Скопје, кој го управувал возилото, е лишен од слобода, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар, известуваат од МВР.
Македонија
Дно! Во Охрид со „поло“ удриле велосипедист и избегале

На 01.06.2023 во 07.45 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки удрило во малолетен велосипедист од Охрид, по што двајцата учесници го напуштиле местото.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои му биле констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известуваат од МВР
Македонија
До 3 јуни по осум часа затворен сообраќај на регионален пат 1102, делница Велес-Градско поради изведување градежни активности

Од вчера 30.5.2023 до 03.6.2023 на регионалниот пат 1102, делница Велес – Градско, во периодот од 08:00 до 16:00 часот ќе се изведуваат градежни активности, односно асфалтирање.
Поради тоа во тој период патниот правец ќе биде целосно затворен за сообраќај, известуваат од АМСМ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (4 јуни)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за понеделник (5 јуни)
-
Кичево10 часа
Во Кичево вчера санкционирани рекорден број на возачи кои возеле пребрзо
-
Временска прогноза1 ден
Временските непогоди силно вчера го зафатија регионот кај Прилеп и Кавадарци
-
Автомобили12 часа
Возите Bugatti и почна да врне? Нема проблем (ВИДЕО)
-
Здравје и убавина1 ден
Газирана вода и митовите за неа..
-
Гејминг13 часа
Take-Two ја најавува GTA VI за 2024 година
-
Магазин13 часа
Microsoft отстранува важна функција од Windows