Следете не

Свет

Африка се дели на два дела, побрзо од очекувањата! (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Источна Африка се одвојува од остатокот од континентот во рамките на геолошкото случување со кое за милион година тој континент може да остане без својот “рог”. Сепак уште сега оваа природна појава предизвикува големи проблеми.

Геолошкиот процеп на источната страна на континентот, кој еден ден ќе биде исполнет со океан, се шири многу побрзо отколку научниците што претпоставувале.

Поради таа причина патот во Кенија, Маи Махиу се срушил откако под него се појавила пукнатина, изјавила Кенијската национална управа за патишта за Daily Nation.

Во процепот навлегла вода, а тоа дополнително го влошило проблемот со создавање на нови пукнатини во земјиштето.

“Големиот процеп ја раздвојува Африка на две плочи. Заклучивме дека сомалската плоча се одвојува од остатокот од континентот со брзина од околу 2,5 сантиметри годишно. Доколку овој тренд продолжи, сомалската плоча ќе пордолжи да се одвојува од нубијската, а тоа може дополнително да ја влоши инфраструктурата и безбедноста на жителите” кажал геологот Дејвид Адеде

Научниците ќе продолжат со проучување на оваа појава за да може да ја советуваат владата во врска со најбезбедните места за градење патишта и куќи.

Свет

Тужба: TikTok и шпионирање на демонстрантите во Кина

Објавено пред

на

ByteDance, компанијата која е сопственик на TikTok, и помогна на Кина да ги шпионира демонстрантите, според тужбата поднесена од поранешниот извршен директор на компанијата во САД.

Во тужбата што ја поднел против неговата поранешна компанија, Џинтао Ју тврди дека ByteDance, која ја поседува апликацијата TikTok, и помогнала на Кина да ги шпионира демонстрантите и активистите за граѓански права во Хонг Конг. Наводно тоа го направила дозволувајќи им на членовите на кинеската Комунистичка партија (ККП) да пристапат до корисничките податоци на демонстрантите, пишува BBC News.

Тој тврди и дека не биле шпионирани само учесниците на демонстрациите, туку и корисниците кои објавувале содржини поврзани со протестите. Покрај тоа, членовите на ККП наводно имале пристап до податоците на американските корисници.

Портпаролот на ByteDance ги отфрли овие наводи како неосновани.

Како ByteDance наводно и помогнал на Кина во шпионирањето?

Наводно, ByteDance им дал на членовите на одборот на ККП пристап до ингеренциите за „супер кориснички“, познати и како „божји корисници“, што им овозможило да ги идентификуваат и лоцираат демонстрантите, активистите за права и поддржувачите на демонстрациите во Хонг Конг од 2014 до 2018 година.

Во тужбата, Ју тврди дека членовите на одборот не биле вработени во ByteDance, туку всушност дошле во канцелариите на компанијата во Пекинг. Тој факт, пишува тој, бил општо познат меѓу високите директори на компанијата. Тој беше вработен во компанијата приближно една година, почнувајќи од летото 2017 година.

Актуелниот портпарол на компанијата ги негира неговите наводи и вели дека фирмата „енергично планира да се спротивстави на неоснованите тврдења“. Во својот одговор за BBC, тој истакнува дека е интересно што Ју овие тврдења ги изнесува и пет години по престанокот на работниот однос и ги припишува на целта да привлече внимание.

Тужбата доаѓа во време кога апликацијата TikTok се соочува со интензивна контрола и забрани ширум светот. Некои држави им забранија на вработените во владините структури да ја користат апликацијата на официјални телефони, додека американската сојузна држава Монтана стана првата држава што донесе целосна забрана за користење на оваа платформа. Сите забрани доаѓаат поради сомневање за неовластено собирање на кориснички податоци.

Прочитај повеќе...

Свет

САД бараат повлекување на 67 милиони воздушни перничиња

Објавено пред

на

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата бара повлекување на 67 милиони воздушни перничиња од возилата бидејќи верува дека има безбедносен проблем.

Сепак, добавувачот на автомобили ARC Automotive го одби барањето на американското регулаторно тело, според документите објавени во петокот.

Во возилата на компаниите General Motors, Stellantis, BMW, Hyundai и Kia Motors се поставени воздушни перничиња „ARC“.

Во петокот, Џенерал Моторс се согласи да повлече речиси милион возила со воздушни перничиња ARC по инцидентот со воздушните перничиња во март, кој повреди возач.

Извор: Rtv

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) Експлозија во центарот на Милано, горат повеќе возила

Објавено пред

на

printscreen/video twitter

Неколку возила се запалија во центарот на Милано, Италија, откако експлодираше комбе со боци со кислород. Едно лице е повредено, а пожарот зафатил неколку возила и околни објекти.

Италијанскиот весник „Ла Република“ објави дека комбето превезувало 20 боци со кислород, секоја со волумен од 32 литри, кога тие експлодирале, предизвикувајќи домино ефект. Комбето било паркирано на раскрсницата.

SkyTG24 емитуваше снимка од миланската област Порта Романа, на која се гледаат високи облаци од црн чад и пожарникари на местото на настанот.

Најмалку пет автомобили и четири мопеди се зафатени во пламен, пренесува Sky News.

Во експлозијата е повреден возачот на комбето, му изгорела раката. Полицијата го опколи местото на настанот.

La Repubblica наведува дека првичната експлозија најверојатно започнала од моторот на комбето и дека пожарот поради присуството на боца со кислород се проширил побрзо отколку што возачот успеал да го изгаси.

Евакуирани се блиското училиште и домот за стари лица.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за недела (11 јуни)

ОВЕН Реешението на ситуацијата која ве мачи може да биде многу добро за вас. Успешно ќе ги решите сите деловни...

Временска прогноза6 часа

Следната недела средоземен циклон носи нови обилни врнежи од дожд

Во текот на целата наредна седмица и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, и на ГОЛЕМА влажна и...

Спорт9 часа

(ВИДЕО) BMW Motorrad го претстави новиот мотор „прототип“ – M 1000 XR

BMW Motorrad им даде на ентузијастите поглед на долгоочекуваниот прототип M 1000 XR. Овој најнов додаток на линијата M модели...

Македонија13 часа

Поради изведување на градежни активности влезот за град Охрид ќе се пренасочува преку регионален пат

АМСМ известува, поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (10 јуни)

ОВЕН Поволен ден за комуникација со надредените како и за нови разговори за работа. Може да се надевате на убава...

Временска прогноза1 ден

Попоски најавува нови поплави дури по страшни од делчевските, ова се информациите..

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса, за време на викендот,...

Спорт2 дена

„Куќа на фудбалот“ го објави списокот, ова се 27-те примените кандидати за „УЕФА“ академијата на генерација 2010

„Куќа на фудбалот“ денес пред медиумите го пласира конечниот список на 27-те примени кандидати за УЕФА академијата на генерација 2010,...

Автомобили2 дена

Сопствениците на автомобилот Рено, го тужат Рено за прекумерна потрошувачка на моторно масло

Рено го призна проблемот со своите мотори, но не и потребата од отповикување Во прашање се автомобили со 1,2-литарски бензински...

Автомобили2 дена

Летото доаѓа, еве како да го подготвите вашиот автомобил за потоплите денови

Наскоро започнуваат одморите, а ние ви носиме потсетник да го направите вашето патување што е можно побезгрижно. Според истражувањето на...

Магазин2 дена

Од сега па натаму размена на фотографии со висок квалитет на WhatsApp

WhatsApp започна со тестирање на важна функција пред неколку месеци. Станува збор за можноста за споделување висококвалитетни фотографии преку платформата...

НАЈЧИТАНИ