Lifestyle
Жените се како сезоните, мажите како ветровите..
Некој беше рекол дека жените се како сезоните, а мажите како ветровите.
Што и дефиниција да сте слушнале за себе, сепак, едно е сигурно – вие сте вистинска ледена кралица или пак нежна принцеза, а можеби и вечен оган. Зависи во која сезона сте родени.
Зима
Жените родени во зима се одликуваат со исклучителен талент и звидна силна волја. Тие длабоко размислуваат но на моменти знаат да бидат и контрадикторни. Имаат неверојатно силен карактер, затоа често се многу поуспешни во животот од останатите. Зимските девојки сепак не ретко се несреќни во љубовта. Тешко наоѓаат партенер кој ќе се бори со нивната сила и кој ќе успее да ги задоволи нивните преголеми очекувања. Нивната водечка мисла е : “Вистинската жена треба да одгледа ќерка, да отсече дрво и да го уништи домот”. О, да, тие може и да не се најдобрите домаќинки, но се неодоливи љубовници и прекрасни мајки.
Пролет
Пролетните жени се многу нежни, но и многу себични по природа. Тие ги мразат промените, затоа тешко основаат семејство. Внимателно го разгледуваат секој следен чекор. Не ризикуваат и претпочитаат да играат на сигурно. Нејасно е како сепак овие девојки секогаш успеваат да бидат лидери. Според некои тоа се должи на неодоливиот шарм и одличниот талент за манипулирање. Да, тие дефинитивно се одлични манипулатори и без особени напори заработуваат битка по битка, без дури и да си ги испотат рацете.
Лето
Дамите родени во текот на летото може да се опишат само со еден збор – одлични. Тие се секогаш насмеани, емоционални и чувствителни. Со макотрпна работа постигнуваат се што наумиле. За жал, лесно избувнуваат. Горделиви и храбри девојки кои знаат како да уживаат во животот и да грабаат од него со полни раце. Во кревет – немаат еднакви.
Есен
Родените во есен се мудри и зрели личноси. Многу напорно работата во животот и секогаш ги заобиколуваат тешкотиите. Ги обожаваат живтните и сакаат да патуваат. Се одликуваат со многу остар ум и пргави мисли. Прекрасни пријатели се, но не се толку прекрасни девојки. Есенските дами живеат заради емоции.
Lifestyle
10-те најпосетувани градови од туристи во 2024 година
Компанијата за истражување на пазарот Euromonitor, со седиште во Велика Британија, ја објави листата на Топ 100 градски дестинации за 2024 година, а Париз четврта година по ред е прогласен за најатрактивен град во светот.
Критериуми за рангирање
Градовите се оценувани според шест клучни фактори:
- Економски и деловни перформанси
- Туристичка инфраструктура
- Туристичка политика
- Здравје и безбедност
- Одржливост
- Целокупно искуство на посетителите
Според овие показатели, Париз продолжува да се истакнува како лидер, благодарение на својот романтичен шарм, културно наследство, и иконични знаменитости како Ајфеловата кула. Градот секоја година привлекува милиони посетители со своите музеи, гастрономија и богата историја.
Топ 10 градови во 2024 година според Euromonitor:
- Париз, Франција
Со својата елегантна архитектура, богата историја и светски познати музеи како Лувр и Орсеј, Париз останува на врвот. - Мадрид, Шпанија
Познат по својата културна сцена, прекрасни плоштади и светски познати уметнички галерии, Мадрид е омилена дестинација за љубителите на историјата и уметноста. - Токио, Јапонија
Со комбинацијата на традиција и модерност, Токио привлекува туристи со своите храмови, футуристичка архитектура и уникатна гастрономија. - Рим, Италија
“Вечниот град” нуди неверојатно наследство, од Колосеумот и Пантеонот до Ватиканот. - Милано, Италија
Модната престолнина на светот е и дом на импресивни историски знаменитости, како Миланската катедрала и Скалата. - Њујорк, САД
“Градот кој никогаш не спие” продолжува да привлекува посетители со својата енергија, светски познати атракции како Тајмс Сквер, Централ Парк и Музејот Метрополитен. - Амстердам, Холандија
Каналите, музеите како Ван Гог и Ријксмузеум, како и опуштената атмосфера го прават Амстердам незаменлива туристичка дестинација. - Сиднеј, Австралија
Сиднеј плени со својата природна убавина, Операта, и познатите плажи како Бонди. - Сингапур
Сингапур е познат по својата футуристичка архитектура, беспрекорна чистота и импресивни атракции како Marina Bay Sands и Gardens by the Bay. - Барселона, Шпанија
Градот на Гауди, со своите уникатни архитектонски дела како Саграда Фамилија и Парк Гуељ, продолжува да ги фасцинира туристите од целиот свет.
Европа доминира, но Азија се искачува
Иако европските градови се доминантни на листата, Токио и Сингапур докажуваат дека азиските метрополи имаат растечко влијание врз глобалниот туризам. Со уникатната мешавина на традиција, модерност и иновативност, овие градови ги освојуваат срцата на туристите.
Извор: B92
Lifestyle
Кога е најдобро да го земате витамин Д – наутро или навечер?
Витаминот Д, познат како „витамин на сончевите зраци“, е од суштинско значење за здравјето на коските, имунитетот и општата благосостојба. Но, кога е оптимално време за негово внесување? Еве што треба да знаете.
Тајминг и апсорпција на витамин Д
Научно гледано, нема строго утврдено време од денот кога треба да се зема витамин Д. Сепак, некои фактори може да ја подобрат неговата ефикасност:
- Витаминот Д е растворлив во масти. За најдобра апсорпција, земајте го со оброк што содржи здрави масти, без разлика дали тоа е појадок, ручек или вечера.
- Наутро, суплементот може полесно да стане дел од вашата дневна рутина. Некои луѓе пријавуваат дека се чувствуваат поенергични кога го земаат наутро, иако ова не е научно потврдено.
- Навечер, витаминот Д е исто така ефикасен, особено ако го земате со богата вечера. Не постојат докази дека земањето навечер негативно влијае на сонот.
Природниот ритам на телото и витаминот Д
Телото природно произведува витамин Д кога кожата е изложена на сонце, главно во текот на денот. Сепак, времето на внесување на суплементот не мора да го следи овој ритам. Клучно е редовното земање, во време што најдобро одговара на вашите навики.
Дозирање и индивидуални потреби
- Препорачаната дневна доза зависи од фактори како возраст, тежина, географска локација и сезона.
- Пред започнување со суплементација, консултирајте се со лекар за да го одредите оптималниот внес според вашите потреби.
Знаци на недостаток на витамин Д
Недостатокот може да предизвика:
- Замор
- Мускулна слабост
- Болки во коските
- Почести инфекции
Многу луѓе немаат видливи симптоми, па редовно проверување на нивото на витамин Д е препорачливо.
Комбинирање со други суплементи
- Витаминот Д добро се комбинира со калциум.
- Внимавајте на суплементи кои можат да ја попречат апсорпцијата на витаминот Д.
Заклучок
Најважно е да го земате витамин Д редовно и со оброк што содржи масти за подобра апсорпција. Без разлика дали ќе го земате наутро или навечер, доследноста е клучна. Секогаш консултирајте се со здравствен работник пред започнување со суплементи, за да го одредите најдоброто време и доза според вашите индивидуални потреби.
Извор: N1Info
Lifestyle
10 Навики за Ефикасна Детоксикација – Без Потреба од Строги Диети
Детоксикацијата не подразбира само елиминирање одредена храна, туку и исфрлање на негативноста што влијае на телото и умот. Со усвојување на одредени здрави навики, може трајно да го подобрите вашето здравје, без да се потпирате на строги режими за детоксикација.
Зошто е важна детоксикацијата?
Токсините што се акумулираат во телото можат да влијаат на физичкото и менталното здравје. Тие потекнуваат од загадениот воздух, неправилните навики, па дури и од стресот. Редовното прочистување ќе го врати балансот во организмот и ќе ви овозможи нова енергија и оптимизам.
Со следење на овие совети, ќе почувствувате значителни придобивки:
- Повеќе енергија и виталност
- Намалување на тежината и балансирани хормони
- Почиста кожа и подобар сон
- Намалување на воспаленијата и подобро варење
10 Навики за Детоксикација
- Пијте вода со лимон
Започнете го денот со чаша топла вода со сок од половина лимон. Оваа едноставна рутина го поттикнува метаболизмот и ја поддржува функцијата на дигестивниот систем. - Вежбајте редовно
Вежбањето не мора да биде напорно – изберете активност што ви одговара, било да е тоа јога, танц или лесно истегнување. Движењето не само што го прочистува телото, туку и го подобрува менталното здравје. - Исчистете ги вашите социјални мрежи
Поминете време на чистење на вашиот профил од луѓе и содржини кои не ве инспирираат. Ова ќе го намали менталниот замор и ќе ве остави фокусирани на позитивното. - Туширајте се наизменично со топла и ладна вода
Оваа техника ја подобрува циркулацијата, го намалува стресот и поттикнува детоксикацијата. Наизменичното туширање го активира телото и го подготвува за нови предизвици. - Практикувајте свесно дишење
Длабокото дишење помага во снабдување на телото со кислород и ја намалува анксиозноста. Одвојте неколку минути секој ден за свесно и длабоко дишење. - Исклучете го мобилниот додека јадете
Фокусирајте се на храната – вкусот, текстурата и изгледот. Ова не само што ќе го подобри варењето, туку ќе го зајакне и вашиот однос со луѓето околу вас. - Поминувајте време во природа
Посетете шума, парк или плажа. Природата ги активира процесите на заздравување и помага во елиминирање на токсините од организмот. - Подгответе детокс смути
Направете пијалок со спанаќ, банана, ѓумбир, лимон и куркума. Овие состојки го прочистуваат телото и му даваат енергија. - Пијте повеќе вода и јадете зелен зеленчук
Консумирајте најмалку два литра вода дневно и додајте повеќе зелен лиснат зеленчук во вашата исхрана за оптимално прочистување. - Практикувајте благодарност
Одвојте моменти за да се фокусирате на работите што ви носат радост. Благодарноста го ослободува умот од негативни мисли и го подобрува целокупното расположение.
Со овие едноставни и практични навики, ќе го зајакнете вашето здравје, а детоксикацијата ќе стане дел од вашиот животен стил.
Извор: Dnevnik
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 јануари)
-
Кичево14 часа
Утре на „Хуманитарниот Божиќен Базар“ во Кичево, Епископот Партениј со неговата посета ќе го озари светлиот дух на Божик, ќе има многу подароци и изненадувања за најмилите
-
Кичево2 дена
(ФОТО+ВИДЕО) Празник за очи, радост за душа, топлина за срце, денес во Кичево се одржа најголемата „Бадникова Поворка 2025“, дечињата во еден глас го најавија Христовото раѓање!
-
Магазин17 часа
(ВИДЕО) Саксофонистот Даниел Божиноски од Кичево празнично го истакна најновиот музички проект „Маестро чочек“
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за среда (8 јануари)
-
Временска прогноза2 дена
За викендот кој доаѓа нова најава за снег и на пониските места ширум Македонија?
-
Култура1 ден
Празникот на љубовта и единството „БОЖИЌ“ – Христос се роди! Навистина се роди, за многу години да ѐ!
-
Магазин1 ден
Ова се 15-те најубави „Божиќни“ пораки