Следете не

Lifestyle

Животните знаат кога сте неправедни спрема нив

Објавено пред

на

Човекот по природа има чувство за праведност, а од еволутивен аспект би можело да се заклучи дека станува збор за начин на постигнување лична корист. Но таа корист е важна и за човечката соработка која се базира на реципрочниот алтруизам – им помагаме на оние кои ни помогнале.

Но што е со животните? Не разликува ли нас чувството за праведност од другите животни, и дали постои такво чувство кај нив?

Со спроведување на тест за интегритет кај животните, научниците откриле дека ние не сме единствените кои имаат чувство за праведност. По завршувањето на тестот, една единка добила награда за завршената задача, додека друга добила утешна награда – што, всушност, на животните ова не им се допаѓа.

Истиот тест е направен и кај еден вид од семејството на врани. Враните морале да им вратат на истражувачите жетон со што би добиле награда. Наградите се состоеле од парчиња краставица и зрна грозје. Грозјето за враните претставува едно од најомилените јадења, па така една единка почнала да протестира барајќи од истражувачот грозје наместо краставица.

Освен тоа кога една единка напорно работела за својата награда, а на другата оваа награда и била подарена, онаа која се трудела престанала да учествува.

Враните не се единствени. Неправдата ја препознаваат и други примати како шимпанзата и макаки мајмуните, па дури и некои високо социјални цицачи како кучиња и стаорци.

Истражувањето е објавено во списанието The Conversation, а главен автор на студијата е Клаудија Васер, професор по биологија на Универзитетот во Велс.

Lifestyle

(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!

Објавено пред

на

Теа Таировиќ распали со знамето и нашата безременска „Македонско девојче“

p.s. По социјалните мрежи коментираат Теа простено тие за песната отпеана кај соседите која крена бура од оправдани реакции

Видео: ТУКА

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Подгответе се, заразните болести ќе се влошат поради климатските промени

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Последиците од повеќе од половина од заразните болести кои го погодиле човештвото низ историјата се влошени од климатските промени.

Загрижувачки информации презентираа научници од Универзитетот на Хаваи кои анализираа повеќе од 70.000 научни студии за да утврдат како различните климатски промени влијаеле на 375 патогени болести кои ги погодуваат луѓето.

„Морам да признаам дека станував сè позагрижен како што напредуваше нашето истражување. Почнавме да разбираме како емисијата на гасови со ефектот на стаклена градина може да влијае на 58 отсто од сите заразни болести кои влијаат на човештвото“, вели Камило Мора, автор на студијата објавена во списанието Nature Climate Change.

Научниците одамна знаат дека климатските промени можат да ги засилат ефектите од заразните болести, што ги прави почести и посмртоносни.

Меѓутоа, новата студија сликовито го покажува обемот на заканата, потврдувајќи несомнено дека 58 отсто од сите заразни болести (218 од 375) може да бидат влошени од некои од последиците од климатските промени – зголемување на температурите, суши, пожари, пораст. нивото на морето и екстремните врнежи.

Мора исто така нагласи дека заклучокот од студијата е прилично конзервативен.

Како климатските промени влијаат на патогените

Истражувачкиот тим ја пребара обемната научна литература за студии за сите видови патогени – вирусни, бактериски, преносливи од животинско потекло – и откри дека зголемените температури влијаат на 160 различни болести.

Екстремните врнежи погодија 122 болести, поплави (121), суша (81), бури и катастрофи (71), климатски промени во океаните (43), шумски пожари (21), топлотни бранови (20) и пораст на нивото на морето (10).

Во студијата, експерти од Хаваи објаснија како климатските промени доведуваат до зголемување на ефектот на заразните болести – со зближување на луѓето и патогените.

Зголемените температури и врнежите им овозможуваат на комарците, крлежите, птиците и другите носители на болести да го прошират своето живеалиште и да дојдат во контакт со многу повеќе луѓе.

Во исто време, човечкото раселување и миграцијата предизвикани од порастот на нивото на морето и екстремните временски услови доведуваат до тоа луѓето од одредени области да дојдат во контакт со патогени со кои инаку не би се сретнале.

Покрај тоа, глобалното затоплување им овозможува на патогените полесно да се репродуцираат и да станат повирулентни.

Извор: RTS

Прочитај повеќе...

Lifestyle

На површината на екранот на мобилниот телефон во секој момент се наоѓаат до 2.000 видови бактерии

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Според информациите на CCTV, експерти кои гостувале во една емисија го презентирале запрепастувачкиот податок дека на површината на мобилните телефони има дури 2.000 видови бактерии. Една четвртина од корисниците имале 10 пати повеќе од нормалната вредност на бактерии на површината на мобилниот телефон, меѓу кои: Escherichia coli, Staphylococcus aureus, салмонела и вируси на грип.

Кога нашите раце го допираат мобилниот телефон, нашите прсти се контаминирани со овие бактерии, а потоа бактериите влегуваат во телото преку јадење или триење на очите. Ако ни падне имунитетот или телото има рани, тоа може да предизвика болести.

Во оваа насока, експертите рекоа дека доколку сакате да го намалите присуството на бактерии на вашиот мобилен телефон, треба да го дезинфицирате уредот секој ден, со цел ефикасно да се намали можноста за инфекција или контакт со бактерии.

Совети за правилна хигиена на телефонот:

  1. Користете марамчиња со алкохол и марамчиња за дезинфекција за да ја избришете површината на телефонот.
  2. Откако ќе го избришете мобилниот телефон, оставете го да се исуши некое време. Не дозволувајте средство за дезинфекција или алкохол да навлезе во внатрешните делови на мобилниот телефон, бидејќи може да предизвика дефект на уредот.
  3. Изградете навика за користење слушалки и намалете го директниот контакт помеѓу мобилниот телефон и кожата на лицето.
  4. Често мијте ги рацете во секојдневниот живот и избегнувајте да го допирате лицето со раце додека го чистите телефонот.
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија6 часа

СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“

Под мотото „На пат секогаш тргнувај одморен“, Одделението за превенција при СВР Охрид и РСБСП ја спроведуваат превентивната кампања „Безбедно лето...

Временска прогноза6 часа

Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации

За време на овој викенд бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и тоа поради очекуваната нестабилност на повеќе места низ Македонија. Истата ќе...

Македонија7 часа

Центар за управување со кризи: Нема активни пожари во моментов

Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информацијата за состојба со пожарите во изминатото деноноќие наведува дека е изгаснат пожарот...

Македонија7 часа

Ноќниот радар „коси“, вчера во зајакната акциска санкционирани 261 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на возење

Во текот на изминатата вечер (12.08.2022) во периодот од 18.00 до 00.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен...

Свет7 часа

Нова тура „Starlink“, по успешното лансирање на „Falcon 9“ од Space X

Американската компанија „Space X“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Старлинк, се наведува во соопштението на...

На денешен ден14 часа

13 август – На денешен ден

1521.- Шпанскиот освојувач Хернан Кортес го зазеде и го уништи, по тримесечна опсада, градот Тенохтитлан на Ацтеките (Мексико Сити). 1624.-...

Lifestyle19 часа

(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!

Теа Таировиќ распали со знамето и нашата безременска „Македонско девојче“ p.s. По социјалните мрежи коментираат Теа простено тие за песната...

Хороскоп21 час

Викенд Хороскоп -(сабота 13 август)-

ОВЕН  Личноста со која сте блиски сигурно ќе ви даде добар совет. Слушајте внимателно дури и ако ви се чини...

Македонија23 часа

Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“

По завршувањето на испитувањето на брисот земен од пациентот од Кичево по индикација утврдена од специјалист инфектолог резултатот е негативен....

Кичево1 ден

(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта

Кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници кој неодамна се вратил од Австрија, конечно е тестиран и е во изолација, потврдија од...

НАЈЧИТАНИ