Кичево
„Bacardi Lounge Bar“ вработува, станете дел од тимот!
Нашиот познат Lounge Bar во Кичево „Bacardi“ има потреба од келнери и работници за во кујна.
Заинтересираните кои сакаат да бидат дел од овој успешен тим кој ни нуди квалитетни јадења и уникатни угостителски услуги, спремни за тимска и организирана работа, можат да го остварат својот контакт преку:
- Тел: 075/416-550 / Директно во просториите на „Lounge Bar Bacardi“
- Или оставање на ваши податоци во приватна порака на нашата Facebook страна ПОРТА.МК
Кичево
Вечерва тешка сообраќајка се случила кај с.Колибари кичевско, бил прегазен пешак
Пред нешто повеќе од половина час се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат во близина на с.Колибари кичевско, на раскрсницата, каде според очевидците до кои дојдовме до информација, неофицијално бил прегазен пешак жител на околните села, од пмв. Рено Лагуна со кичевски регистарски ознаки.
– На терен е излезен дежурен Јавен Обвинител, додека Полициски екипи на ОВР Кичево вршат увид. На местото од трагичниот настан веднаш интервенирала Медицинска екипа, но на помош била повикана и екипа на ТППЕ Кичево.
– Обновено инфо: Пешакот починал, додека телото на истиот по наредба на Јавен Обвинител е дадено на обдукција.
Дополнителни информации очекуваме во дневниот билтен за медиуми во текот на денешниот ден од СВР Охрид.
Кичево
(ВИДЕО) Вечерва салата во НУЦК „Кочо Рацин“ беше претесна да ги собере сите кичевчани кои максимално дадоа своја поддршка за лекување на Дејан Огненоски
Пред два часа заврши и официјалниот „Хуманитарен концерт“ чија цел беше од хуман карактер, за лекување на нашиот сограѓанин Дејан Огненоски кој се бори со тешка болест и е на лекување во Република Турција. Кичевчани и денес ја покажаа својата хумана страна, покажаа дека кога се сака, сѐ се може. Во максимален број во Национална установа Центар за култура „Кочо Рацин“, речиси како никогаш до сега, и старо и младо беа присутни и ги слушаа нашите кичевски доајени на македонската музика, како и традиционалните песни и ора на нашите амбасадори, играорците од кичевските културно уметнички друштва.
Концертната програма ја водеше најдобриот кичевски глас, Г-ѓа Зорица Ѓореска од нашите партнери „Акорд Радио 96,5 fm“, настанот аудио го покри Виктор Алексоски (Vix Alex Sound supports Zoran Mickovski „Zmija“). Гости на вечерта беа, КУД Бисер, КУД Младост, КУД Рацин, КУД Нико Пусоски, Христијан Трајаноски и Филип Михајлоски, Христијан Тришоски, Мирослав Мирчески и Костадин Крстески, Дарко Стојаноски, Дамјан Стојаноски и Илија Калески, Влатко Миладиноски -//-, Лука и Марко Лазарески, Михајло Данилоски & група Бели Мугри. Свој завршен говор имаше и организаторката на оваа манифестација Г-ѓа Биљана Дејаноска (Роденденски пињати), воедно и главен иницијатор за хуманитарниот подвиг за Дејан Огненоски. Упати срдечна благодарност до сите хумани луѓе кои несебично ги помагаат нејзините хуманитарни активности. Најмногу акцент стави на кичевските свештеници и нивната парохија од градската православна црква Св.Апостоли Петар и Павле за нивните заложби и хумани дела за народот, кои се за сите почести.
Сите кои сакаат да донираат и да учествуваат во оваа наша хумана мисија, истото можат да го направат преку мобилен телефон, односно со јавување на тел броеви: А1 – 143463, Telekom – 143138 – еден повик кон броевите ќе ви одземе „100 денари“ и со тоа ќе дадете поддршка за лекувањето на нашиот сограѓанин.
Оние кои сакаат да донираат преку трансакциска сметка, истото можат да го направат на следниве податоци:
Т-ска сметка: 200002853684314
Име и презиме: Дејан Огненоски
Број на ЛК/Пасош: А0015074
Во прилог, концертот ви го пренесуваме во целост, напомена музичкото исполнение „Петко љубел многу жени“ е 🔇 без глас, од 42:39 до 45:53, затоа што јутјуб каналот на изведувачот/авторот препознава авторски права, а дозвола за репродукција на аудиото од истиот немаме. Уживајте:
Кичево
Неделна и викенд акција на производи само во „АТВА Маркети“ – Кичево, купувајте и заштедете!
Одлична неодолива викенд, но и неделна акција на производи само во ланецот на „АТВА Маркети“ – Кичево, во продолжение погледнете кои производи ќе бидат на акција:
-
Кичево5 часа
Вечерва тешка сообраќајка се случила кај с.Колибари кичевско, бил прегазен пешак
-
Спорт1 ден
Кичевчанецот Дејан Милошевски повторно во најдобрите 16 карате судии во САД, претходно беше избран за член на судиската карате комисија на и одговорен за 12 држави
-
Македонија1 ден
(ФОТО) СВР Охрид реализираше едукативно-превентивна кампања „Не пиј кога возиш“, додека ОВР Кичево ја спроведе „Паркирај совесно, паркирај одговорно” за сите учесниците во сообраќајот
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (11 февруари)
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за среда (12 февруари)
-
Lifestyle2 дена
Зошто крпите имаат непријатен мирис? Перењето на вистинска температура е клучно
-
Свет1 ден
Санторини не мирува, нов силен земјотрес регистриран пред неполн час, ова се информациите
-
Магазин1 ден
Пејачката од соседна Србија – Јелена Карлеуша остана без својот Инстаграм профил кој имаше над 2 милиони следбеници, дали петицијата на „Еко Стража“ успеа?