Култура
Бендот КАИН со видео за песната Crimson Flag
Бенд составен од четири различни карактери кои во 2014 година фузионираа во една светла точка наречена – КАИН.
КАИН печат на денешното турбулентно општество, како на локално, така и на глобално ниво, во кое вредностите се измешани и ја губат својата смисла. Несомнено е потребно одбележување на времето во кое живееме, а албумот кој е насловен „ПОД ОВА СОНЦЕ ЛАДНО Е“ е музички запис кој ќе остави траен белег во македонската, а можеби и во светската музичка сцена и нема да ве остави рамнодушни.
Насловот на албумот и текстовите од песните конотираат на сонцето македонско кое не олади низ годиниве, ко мртви да сме. Етно – рок, џез – рок, прогресивен – рок, панк, сето тоа зачинето со еден каиновски шмек може да се слушне во првиот деби албум.
Видеото за песната е изработено од „MisterCat Entertainment“
Во продолжение погледнете го видеото за песната Crimson Flag.
Култура
Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..
Култура
БОГ СЕ ЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ! – За многу години!
Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.
Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица.
Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.
И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.
Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан просветлува, прво: покажувајќи ни го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.
Култура
Денес е „Водопост“ или „Водокрст“ денот пред „Богојавление“, овие работи треба да ги знаеме
Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани за три дена: 18 јануари – Водокрст или Водопост, 19 јануари – Богојавление (Водици) и 20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител.
Постојат многу обичаи кои се почитуваат за Водопост, но она што е потребно е да се молиме на Бога и да го поминеме денот во пост. Денот пред Богојавление, верниците одат во црква, палат свеќа, се крстат и ја читаат „Оче наш“. Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, овој ден треба да пости само со леб и вода!
Во православните храмови на Водопост се крсти вода, но и на Богојавление. Оваа света вода се пие само со почит и молитва. Се дава на деца со вера дека ќе ги излечи и заштити.
На овој ден, со молитва во срцето, мајките ќе направат знак на крст со масло на челото на детенцето, а крстената вода ќе ја чуваат во домот и ќе ги мијат децата преку целата година – ако е потребно.
Од Божиќ до Богојавление, наместо со „Добар ден“, соседите се поздравуваат со „Христос се роди“, а на Богојавление или Водици со „Бог се јави“.
За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на нивните слаби рамења ја носат сенката на Светиот Крст и затоа се посебно одговорни за своите постапки пред Бога.
Водопост е ден кога треба да се опуштите и да се подготвите за Водици. Време е да престанете да обрнувате внимание на лоши мисли и гласини.
-
Магазин17 часа
Денес им е роденден: Спасен Сиљаноски, еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската естрада
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (29 јануари)
-
Македонија2 дена
Битолчанец бил измамен, му посредувале за наследство од починато лице кое немало законски наследници
-
Хроника2 дена
Извлечено женско тело од водите на Вардар
-
Lifestyle18 часа
Лимонот не се препорачува секогаш: Во овој случај ја влошува состојбата на организмот
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за четврток (30 јануари)
-
Временска прогноза10 часа
Викендов вистинска пролет, утринските температури ќе бидат над нулата – ова се најновите метео вести
-
Спорт1 ден
Елиф Елмас, Македонскиот фудбалски „дијамант“ се сели во Торино?