Следете не

Култура

Каин вечерва на радио Канал 103

Објавено пред

на

Вечерва 17.04.2018 по 23 часот на радио Канал 103 ќе слушате:
Danse Macabre 350-та епизода, Каин.


Разговор со членовите на бендот за снимањето на албумот „Под ова сонце ладно е“, нивното музицирање и концертна активност
Вклучете се!

За онлајн слушање клик ТУКА

Театар

За својот роденден „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево со нивната најнова урнебесна комедија, во среда од 19ч сите патишта водат кон НУЦК „Кочо Рацин“, бидете таму!

Објавено пред

на

Овој месец популарните тв ликови од „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево, каде за прв пат во нашиот град ќе го изведат нивното најново „РОДЕНДЕНСКО ШОУ“ кое е специјално направено по повод 28 години од формирањето на „Солза и смеа“. Станува збор за урнебесна комедија, која со сигурност ќе Ве насмее до солзи!!!

Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови, бидејќи овој месец имаат голема турнеја низ цела Македонија. Каде и да се појават, ги полнат салите во градовите ширум нашата земја.

Ова најново комично шоу на „Солза и Смеа“, ќе се одржи во среда на 28.02.2024 година во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, а почетокот на овој спектакл започнува во 19:00 часот.

Билети по цена од 250 денари може да си резервирате 24/7 на 078/ 667-797.

Побрзајте, резервирајте си билети додека сеуште има!

Прочитај повеќе...

Литература

Вечерва од 19 часот, промоција на книгата „На крајот од патот“ од Марија Никодиноска – Лазареска во ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево

Објавено пред

на

За нешто помалку од половина час вечерва, од 19ч во малата сала при Центарот за култура „Кочо Рацин„ – Кичево ќе се одржи промоција на книгата „На крајот на патот“ од Марија Никодиноска
Марија Никодиноска Лазареска има голем број на дипломи и признанија од разни манифестации, курсеви, обуки и сл. Еден од основачите на литературниот клуб Китка. Учествувала на голем број литературни манифестации и конкурси.

Рецензент и промотор била на неколку романи, учествувала во заеднички збирки, алманаси, антологии итн. Исто така има издадено во 2019 година и своја книга која се вика “Огнени воздишки”, а оваа книга “На крајот на патот” е втора книга по ред. И двете книги се напишани со многу љубов, со срце и душа. Опеана е љубовта, животот, среќата и тагата.

Ова е само почеток на нејзиното литературно творештво.

Прочитај повеќе...

Музика

(ВИДЕО) Премиера на новиот мега сингл „Маскенбал“ на Лозано, режисерот Јовески ексклузивно не го криеше задоволството од овој магичен спој

Објавено пред

на

©porta.mk

Во сенките на венецијанските улици, низ маглата која го покрила градот како свој, се игра вечно собирање на души. Секој чекор што го правиме, секој пресврт на мислата, секој здив звучи како мистериозна балада, на чии ноти танцуваат маскирани лица, зачувани под маската на постоењето – така мене ми зазвучи музиката на Лазар Цветкоски и вокалната интерпретација на Влатко Лозаноски, истакна Јовески во интервју за Порта.мк

– Кога ја слушнав демо снимката што ми ја испрати продуцентот Лазар, веднаш забележав нешто магично во мелодијата. Тие ноти, како да летаат низ воздухот, отидоа во мистичен свет на моите фантазии, секој звук беше како далечен шепот, но таа далечина беше Венеција. И затоа како работен наслов на сценарио за „Маскенбал“ на листот напишав локација „Венеција“ и започнаа подготовките.

Маската – како метефора е парче од нашата душа, кое го криеме од светот, а понекогаш и од самите себе под која се претвораме во некој друг, во некој чиј идентитет се топи во неодоливата игра на виртуелната реалност. Затворени во оваа маска, стануваме актери во спектаклот на нашите сопствени сенки, танцувајќи во оваа вечна комедија на животот. Но, понекогаш, под оваа маска, се чувствуваме како изгубени души меѓу минатото и сегашноста, кои ги истражуваме длабочините на нашата сопствена темнина. И во тој момент, Венеција постои како простор на мистерија, депресија и носталгија, каде што секој прекумерен здив е повик кон она што било и што можеби никогаш нема да биде.

– Имено, затоа како режисер на видеото избрав да се снима „Маскенбал“ во Венеција, а не во кој било друг град низ светот каде што има илјадници други карневали – поради што оваа мистериозна градина со маски ни овозможува да запловиме длабоко во себе, да ги истражуваме темните агли на сопствената душа и да се запрашаме: Кое е вистинското лице зад маската?, за нашиот медиум говори Даниел Јовески, еден од најдобрите видео креатори и режисери од нашата Македонија

Во продолжение, големиот хит „Маскенбал“

Споделете, лајкувајте, претплатете се на официјалниот јутјуб канал на Лозано!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија26 минути

Ноќеска засилени сообраќајни контроли, вкупно 18 возачи на подрачјето од СВР Охрид биле затекнати каде управуваат возила под дејство на алкохол

На 24/25.02.2024 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските...

Гејминг1 час

Четири хит игри од Xbox доаѓаат на PlayStation и Nintendo

Овие наслови се придружуваат на франшизи како што се Minecraft, Call of Duty, Overwatch и Diablo – кои веќе допираат...

На денешен ден14 часа

25 февруари – На денешен ден

1570.- Папата Пиј ја екскомуницира англиската кралица Елизабета I поради нејзината поддршка на протестантизмот и на Англиканската црква. 1723.- Умре...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за недела (25 февруари)

Овен  Оние Овни кои се родители целосно ќе се посветат на своето семејство особено на потомството. Кон своите деца ќе...

Спорт23 часа

(ГАЛЕРИЈА) „ФК Кичево“ со успешен почеток на пролетниот дел од детската фудбалска лига

Генерациите на „ФК Кичево“ денес ги одиграа натпреварите во своите категории. Во генерацијата 2011 година „ФК Кичево“ оствари победа против...

Магазин1 ден

Apple доминира – iPhone зазема седум места на листата на 10 најпродавани телефони

Седум од десетте најпродавани модели на телефони во 2023 година беа различни модели на iPhone, што ја прошири доминацијата на...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (24 февруари)

ОВЕН Доколку се занимавате со приватен бизнис, може да очекувате дека ќе бидете многу успешни и дека финансиите ќе одат...

Спорт2 дена

Изов даде своја анализа за Грузија, предводникот на женската фудбалска репрезентација очекува да се покажеме во добро светло

Женската репрезентација на Македонија во Тбилиси ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Грузија. Контролните натпревари ќе бидат одиграни...

Театар2 дена

За својот роденден „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево со нивната најнова урнебесна комедија, во среда од 19ч сите патишта водат кон НУЦК „Кочо Рацин“, бидете таму!

Овој месец популарните тв ликови од „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево, каде за прв пат во нашиот град ќе...

Занимливости2 дена

Откриен целосен фосил „змеј“ стар 240 милиони години

Меѓународен тим на научници во јужна Кина го откри првиот целосен фосил на воден рептил долг пет метри од периодот...

НАЈЧИТАНИ