Кичево
Одбележани 75 години од битката кај Кленоец (ФОТО)
Денес со пригодна свеченост и во присуство на голем број на гости, беше одбележана 75 годишнината од една од најкрвавите битки во Втората светска војна што се одиграла во Македонија, наречена „Македонска Кадињача“. Во битката кај село Кленоец-Кичевско животот го положиле 67 борци и триесетина жители од регионот и оваа битка засекогаш ќе биде забележана како една од најкрвавите што се случила кај нас во Втората светска војна.
По подигањето на знамето на Р. Македонија од страна на потпретседателот на боречката организација Гоце Георгиевски, беше интонирана и македонската химна, а свое обраќање имаше и претседателот на МЗ село Кленоец, Живко Сталески.
Денес на 6-ти октомври 2018 година се собравме овде во легендарното Кленоец, за да ја одбележиме 75-годишнината од трагичната битка водена на овие простори од страна на нашите јунаци чии имиња се испишани на овој споменик. Ова село, овој настан, станаа легенда на нашата историја, битката од 6-ти октомври е битка за која вечно ќе кажуваме ние и нашите поколенија за патриотите, за јунаците, кои несебично ги дадоа своите животи за слобода на нашата татковина. Наша задача е да ги поттикнуваме и потсетуваме сегашните и идни генерации, да не го заборават овој датум и ова место и секогаш да им оддаваат почит на сите оние кои со својата храброст и крв, младост и живот, ја пишуваа нашата бурна историја и ја градеа Република Македонија – рече во своето обраќање претседателот, Сталески.
Потоа пред споменикот во село Кленоец беа положени букети свежо цвеќе од страна на Сојузот на борците, Армијата на Република Македонија, месната заедница, резрвните воени старешни, делегација на родниот град на Свештарот, Гевгелија, почитувачи на оваа епопеја и многу други. На крајот ова одбележување беше надополнето со културно-уметничка програма, литературно читање од страна на поети од Кичево и Прилеп, а се претставија и играорците на КУД „Младост“-Кичево, вокалната група „Преродба“-Прилеп. Историски час одржа Виолета Петкоска историчар од училиштето„ Христо Узунов“ од село Другово.
Текст & Фото: Зоран Антоски
Кичево
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во нашиот град Кичево ќе се одржи свечена поворка за објава на Лазаревото Воскресение, а воедно и подготовка за претстојните празници на Влегувањето Христово во Ерусалим (Цветници) и најголемиот христијански празник на Воскресението Христово (Пасха).
Свечената Литија ќе започне од градскиот плоштад, во 11:00ч. и ќе се движи преку Булеварот „Ослободување“, до храмот на светите апостоли „Петар и Павле“, проследена од псалти, музичари на традиционални музички инструменти и верниот народ.
Ве покануваме сите кои сакаат да земат учество да се вклучат да ја возобновиме оваа древна традиција на радост заради Воскресението Лазарево и нетрпеливо очекување на Христовото Воскресение свечено носејќи врбови гранчиња испратени со традиционални пенија, т.н. каланди.
Датум: 27.04.2024г.
Почеток: 11:00ч на градскиот плоштад во Кичево.
Ве очекуваме низ дружба и песна да го прославиме овој серадосен настан!
Еве како си поминавме пред 1 година, кликнете ТУКА
Кичево
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(60) од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, за медиумите информираат од МВР.
Кичево
Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..
Веќе нешто повеќе од една година ултра популарниот „ATM Chiptuning Performance“, инаку светски позната тјунинг куќа која е синоним за квалитет и експертиза, во својот тим има млади и талентирани луѓе, сертифицирани професионалци кои 2023-та година ја одбележаа со над 500 тјунирани возила. За среќа на сите љубители на модифицираните возила, тие се од нашиот град Кичево, односно Илија Божиноски и неговиот партнер Костадин Крстески со нивната „Car Coding Pro“ под закрила на „ATM Chiptuning Performance“ од Црна Гора се веќе дел од големото „ATM“ семејство.
Оваа реномирана куќа обезбедувајќи врвни услуги во софтверска модификација на автомобили носи нова перспектива и иновативен пристап во тјунинг индустријата. Нивната работа одразува високо ниво на стручност и посветеност.
„Car Coding Pro“ ви ги нуди сите специјализирани софтверски модификации како што е „Chiptuning“ (Stage 1/Stage 2/Stage 3), обезбедувајќи на возилата зголемена моќност на моторот и намалена потрошувачка на гориво. Со овие искусни експерти, ветуваат целосна трансформација на вашиот автомобил.
Покрај тоа, „Car Coding Pro“ преку „ATM“ ви нуди решенија за вообичаените проблеми на поновите возила, како што се „EGR OFF, DPF OFF, AdBlue OFF“ и други.
Рејтингот на ваков модел на модифицирање на вашето возило, кажуваат и бројните задоволни клиенти кои непристрасно возат возила кои достигнуваат извонредни резултати со услугите на оваа тјунинг компанија. Нивната прецизност и внимание на деталите ги прават едни од најдобрите во автомобилската/софтверската индустрија.
Закажете термин на 071/331-894 или 071/506-400 и контактирајте ги за повеќе информации, додека со сите новости може да бидете во тек доколку ги заследите на нивните социјални мрежи на фејсбук ТУКА и инстаграм ТУКА
Мал дел од задоволните клиенти:
-
Кичево2 дена
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (26 април)
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за сабота (27 април)
-
Автомобили2 дена
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин2 дена
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Социјални мрежи9 часа
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите
-
Автомобили2 дена
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?
-
Спорт6 часа
Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите