Следете не

Кичево

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Објавено пред

на

Една од најкрвавите битки во Илинденското востание во Кичевско се одиграла на една голема полјана помеѓу селата Карбуница и Кладник во месноста „[sg_popup id=”25235″ event=”onLoad”][/sg_popup]Гурѓејца“. Според хроничарите оваа битка се одиграла на 4 август 1903 година и претставува една од ретко успешните и добиени битки на востаниците во Илинден, кој успех силно одекнал меѓу востаниците, како и во целиот битолски револуционерен округ. Оваа битка со својата пожртвуваност се втемели во успехот на познатата Крушевска република од 1903 година. Загинатите борци на Гурѓејца ги испишаа светлите страници на Македонскиот непокор.

По нападот на востаницитс на Кичево, турскиот аскер ги зајакнал своите позиции, како засилување им дошле војниците од гарнизонот сместен во селото Ижиште и со силен напад се упатиле кон селото Вранештица, се со цел да пробијат кон селото Слп и да се поврзат со војските од демирхисарско. Турската војска наишла на силен отпор од селската чета од Вранештица, како и востаниците предводени од Арсо војвода. Во овие борби зеле учество и селските чети од бржданска река Брждани, Белица, Јудово, Кладник и Видрани. Во овие борби се борела и манастирската чета што ја водел младиот поп Стојан од селото Подвис. Востаниците имале успех и го принудиле аскерот да се повлече кон градот. Во тие борби војводата Арсо, минувајќи низ селото Староец, една аскерска заседа го ранила во ногата, но тој храбро ги продолжил борбите.

Разбеснат поради големите загуби во овие борби на 3 август, турскиот аскер масовно тргнал да се пресмета со востаниците, собирајќи и голем број на башибозучки сили. Осамнал 4 август 1903 година. Убав летен ден, а над селото Карбуница се надвиснале црни облаци од чад од силната пукотница. Започнала најкрвавата битка во Кичевско битката кај “Ѓурѓејца”. Се судриле две војски, гради вгради. За кусо време пукотниците од оружјето престанале. Аскерот и востаниците се фатиле гуша за гуша и се бореле со кундаците и бајонетите. Востаниците имале тешки загуби. Во тие тешки и судбоносни моменти пристигнала веста дека на помош доаѓа Јордан Пиперката со над 150 востаници од Демирхисарско. И навистина Јордан пристигнал. Веста за пристигнувањето на Јордан Пиперката, внесла забуна во редовите на турската војска и башибозук. Сите добро знаеле кој е Јордан, храбар и бестрашен борец. Борбените дејствија биле се пожестоки и неизвесни. Во силната пукотница смртно бил погоден башибозучкиот водач Сефер ага од Зајас. Наеднаш затишје на Ѓурѓејца, потоа аскерот се дал во бегство, штом виделе дека водачот им загинал. Прв пат во Илинден оваа битка била добиена, положбата над Карбуница бил спасен, а со тоа бил нанесен тежок удар на вековниот поробител. По се изгледа дека аскерот дал големи жртви што се откажал од понатамошните акции.

Оваа битка кај Гурѓејца востаниците скапо ја платиле давајќи над 30 загинати борци од кои 17 загинати претежно од демирхисарско. Селаните од Кладник ги закопале во дворот на црквата, каде денес на надгробната плоча се испишани имињата на борците кои ги дадоа своите животи за делото на Македонија. На третиот ден по битката во селото Белица дошол членот на Главниот Штаб Борис Сарафов, кој се сретнал со Арсо Војводата и со селските реонски војводи, кој изразил благодарност за пожртвуваноста на борците во оваа пресудна битка.

Турскиот аскер скоро три седмици не се појавил на теренот во Горна и Долна Копачка. Во тој период се вратиле сите селани, жени и деца кои биле во збегови во шумата, почнало да се собира летината и да се собере нешто за претстојната зима.

Задушувањето на Илинденското востание во Кичсвско се одвивало со неколку аскерски офанзиви распоредени скоро по сите реони. За разлика од другите револуционерни реони, а особено во Охридскиот каде последиците биле најжестоки, во кичевско многу побавно течело ликвидирањето на востаничките сили. Османлиската власт не успеала да го вклучи во борбата масовно муслиманското население, како за време на востанието, така и во задушувањето. Голема била улогата на Лука Ѓеров кој успеал да постави дијалог со албанското население од дебарскиот крај, а по овие разговори останале неангажирани во задушувањето на востанието.

Првиот обид за повторно заземање на Копачијата бил направен на 30 август 1903 година, кога силен аскер, со јачина од 500 души од дебарскиот гарнизон, го минале планинскиот превој “Јама” и го нападнале селото Душогубица, а друга потера тргнала кон селото Лавчани. Храбрата селска чега од Душогубица што ја предводел Крсте Алексов, искусен војвода кој бил од Ербеле дебарско, се оженил во село Душогубица и целосно се вклучил во ослободителните борби во Илинден, во Копачијата и Кичевско, заедно со Лука Ѓеров и со Наќе војвода. како и селските чети од Иванчишта, Ехлоец, Попоец, Кленоец и Малкоец, кои им дошле на помош успеале да го одбијат овој напад. Башибозукот кој доаѓал преку “Два Камена” и покрај силниот востанички отпор го запалиле селото Лавчани.  Во акциите за задушување на востанието и во Рабетинска река аскерот направил неколку обиди да се справи со востаниците. После тешките борби кај месноста “Подуач” борбите кај селото Патеец или како оној судир е познат “патеечки судир”, аскерот на 26 и 27 август 1903 година со големи сили од Поречието, ако и од гарнизонот во селото Ижиште извршиле напад на востаничкиот реон Рабетино.

Месност „Подуач“ крај село Речани (Рабетинско), сведок на големата жртва на македонскиот народ од кичевско за време на Илинден

Борбите траеле два дена. Во овие борби востаниците претрпеле страотен пораз во кои борби своите животи ги дале над 35 востаници. Во овие борби треба да се подвлече и меѓусебната борба меѓу две турски потери Едната потера која доаѓала од Кичево, преку Орланци и Крушица се судрила со турската потера која доаѓала од Патеец. Во меѓусебните борби кај селата Рабетино и Дупјани имало многу убиени, но за одмазда ги запалиле селата Дупјани и Рабетино. На 18 септември 1903 година неочекувано од Кичево дошла многу војска и од Бржданска река, кога било ограбено и запалено селото Белица. Последен продор на турскиот аскер бил направен во почетокот на месец октомври, кога биле целосно освоени селата Брждани, Козица, Белица, Свињишта, Видрани, Кладник и Карбуница. На тој потег бил и манастирот Света Богородица – Пречиста, кој и покрај силниот отпор од манастирската чета предводена од поп Стојан бил освоен.

Манастирот Света Богородица Пречиста крај Кичево, едно од последните упоришта на отпорот за време на Илинденското востание

Главниот востанички штаб издал наредба во која се предлагало: да се расформираат селските чети во помали групи, да се избегнуваат директни судири со аскерот, луѓето кои беа во збегови да се вратат во своите домови, бидејќи турскиот аскер имал објавено, онаму каде ќе се најде празно село, ќе биде запалено.

Така   постепено   згаснал   огнот   во   Илинденското   востание   во Кичево и Кичевско.

Кичево

Започнува наградна игра во кичевскиот локал за брза и квалитетна храна „Kelly Doner“, направи сметка од 600 ден – добиј ваучер и учествувај за вредни награди!

Објавено пред

на

Пред нешто повеќе од 2 месеци во Кичево стартува со работа „Kelly Doner“, реномираниот локал за брза и квалитетна храна каде може да го најдете светски познатиот австралиски донер, секогаш свеж, секогаш добро спремен, покрај широката палета на ладни пијалоци. Овој пат за своите купувачи од „Kelly Doner“ организираат наградна игра – со многу едноставни правила.

Што значи, од утре 25-ти ноември (понеделник), до 25-ти декември (среда) со вашата направена сметка од 600 денари и повеќе, добивате ваучер. Со тој ваучер кој ќе биде со ваше име и презиме по автоматизиран процес учествувате во наградната игра, на која главна награда е „Samsung Galaxy A55“ за прво место, второ место 3000 денари, додека трето место ваучер од 1000 денари за купување во „Kelly Doner“.

Извлекувањето на среќните добитници ќе биде официјално на 28-ти декември (сабота) со почеток од 14:00ч во просториите на локалот

Заследете ги на нивниот инстаграм профил ТУКА и следете ги сите новости поврзани со наградната игра!

Официјален контакт број за повеќе информации, воедно и порачки на храна со бесплатна достава – 078/654-555

Прочитај повеќе...

YouTube Live Stream

„Bitcoin“ ги премина сите бариери, нова шок вредност денеска..

Објавено пред

на

Биткоинот ја проби границата од 98.000 долари вчера, поставувајќи нов рекорд, додека инвеститорите продолжуваат да ја слават победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, обложувајќи се дека тоа ќе донесе добар период за индустријата за криптовалути.

Најпопуларната криптовалута во светот се зголеми за уште четири отсто на 98.342 долари, објави Блумберг. Цената на биткоинот порасна за 40 отсто од изборите на 5 ноември, соборувајќи низа нови рекорди, пишува Financial Times.

За време на неговата кампања, Трамп гласно промовираше криптовалути, ветувајќи дека ќе ја направи Америка „биткоин суперсила на светот“ и ќе создаде „стратешка резерва“ на овој токен.

Неговата реторика ги возбуди инвеститорите кои се обложуваат на прилив на институционален капитал во секторот на криптовалути.

Биткоинот надмина 94.000 долари претходно оваа недела по извештаите дека компанијата на новоизбраниот американски претседател, Trump Media and Technology Group, преговара за купување на фирмата за трговија со криптовалути Bakkt. Оваа вест дополнително ги поттикна очекувањата за пријателскиот однос на идната администрација на Трамп кон криптовалутите.

/biznis.rs

Прочитај повеќе...

Кичево

Во пресрет на новогодишните празници „Intellect Education“ од Кичево организира „Новогодишна магична работилница“ – каде со креативноста на вашите деца ќе создаваат производи

Објавено пред

на

©porta.mk

Intellect Education“ од Кичево организира магична Новогодишна работилница „Santa’s Little Helpers“. Во четврток на 12-ти декември со почеток од 18 до 19ч сите вие кои ќе решите вашите деца да ги донесете на настанот, истите ќе добијат сертификат од елфови и поклони со магични сладости. Дозволете вашата креативност да блесне со помош на нивните мали елфови и заеднички да изработувате ваши новогодишни благи и што уште не!

Пријавете се сега, затоа што бројот на места е ограничен и осигурајте си го вашето место. Влез 350 денари, контактирајте веднаш на 071/777-939

Повеќе за настанот ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп6 часа

Хороскоп за четврток (28 ноември)

ОВЕН Размислувате за вашите принципи и сфаќате дека правите некои грешки. Сметате дека ги спуштате вашите стандарди и тоа не...

Технологија6 часа

Оперативниот систем Windows од руски адреси добивал сајбер напади врз Windows

Безбедносните истражувачи од ESET открија пропусти што ги користи руската хакерска група RomCom за нивните цели. Руската група за сајбер...

Временска прогноза7 часа

Од петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на голема влажна  и многу постудена воздушна маса од...

Спорт9 часа

Женската А репрезентација на Македонија ги започнува подготовките за мечевите против Црна Гора, Андов вели не очекуваат два тешки натпревари, Црна Гора е квалитетен противник

Женската А репрезентација на Македонија денеска во Скопје официјално ги започнува подготовките за двата контролни натпревари со селекцијата на Црна...

Мобилни уреди10 часа

Ново предупредување: Ако имате некоја од овие 15 опасни апликации на вашиот телефон, избришете ги веднаш!

Апликациите SpyLoan станаа „глобална закана користејќи социјален инженеринг“ и успешно се инфилтрираа во повеќе од 8 милиони телефони. Бидете внимателни,...

Македонија15 часа

Земјотрес детектиран предмалку во Македонија

Предмалку земјотрес почуствуван на македонско тло. Имено како што информираат од EMSC истиот е детектиран на 20 км југоисточно од...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (27 ноември)

ОВЕН Денес можно е да доживеете некоја фрустрирачка ситуација во домот и семејството. Бидете смирени и покажете нежност, немојте да...

Култура1 ден

Викарниот Епископ на ДКЕ – Партениј, отслужи Заупокоена Света Литургија во чест на блаженоупокоениот г. Тимотеј

Во духот на длабоката почит и љубов кон својот архипастир, викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Преосвештениот г. Партениј, отслужи Заупокоена...

Автомобили2 дена

Како правилно да ги напумпате гумите во зима: совети за побезбедно возење

Во зимските месеци, особено во региони со снежни патишта, постои старо верување дека недоволно напумпаните гуми обезбедуваат подобар контакт со...

Автомобили2 дена

Формула 1 додава нов тим за шампионатот во 2026 година

Формула 1 потврди дека новиот американски тим Cadillac F1, поддржан од General Motors, ќе се приклучи на шампионатот во 2026...

НАЈЧИТАНИ