Временска прогноза Случувања

Цела недела дожд, викендов пад на температурите

До петок ќе преовладува сончево и топло време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските делови, информира УХМР.

За време на викендот на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени

Денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во северните и западните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8