Спорт
Целосен распоред на утакмици, започнуваме против Романија на 25 март

Спорт
Новото раководство на ФФМ со плодна работа уште на старт, конечно стартува онлајн платформа за продажба на влезници за претстојните натпревари на репрезентацијата

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ја стави во употреба својата on-line платформа (eticket.ffm.mk) за продажба на влезници за натпреварите на македонската репрезентација.
Навивачите и сите поддржувачи на македонскиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку нашата нова веб-платформа, (eticket.ffm.mk), овозможувајќи побрз, побезбеден и поедноставен начин за поддршка на нашата репрезентација и домашните фудбалски натпревари.
Во неколку чекори подгответе се за натпреварот:
1. Посетете ја платформата eticket.ffm.mk
2. Изберете натпревар
3. Одберете седиште
4. Извршете уплата
5. Преземете го дигиталниот билет
Со оваа платформа добивате: Безбедно и лесно купувањена билети, предвремен пристап до влезници, дигитални и мобилни опции за нарачка и купување на влезници и ажурирање во реално време за достапноста на билетите.
Електронската платформа eticket.ffm.mk е достапна на македонски, албански и англиски јазик. Посетете ја eticket.ffm.mk за повеќе информации и бидете дел од поинакво фудбалско искуство, истакна ФФМ преку своето интегрално соопштение за јавноста.
Имено, со претстојните новости новото раководство на Федерацијата на чело со г-дин Омерагиќ и тоа како се пушти во плодна работа во корист на љубителите на фудбалот и воопшто на македонскиот спорт. Според најавите, со подобностите од ваков тип тек се започнува – што реално е за сите почести.
Во меѓувреме познат е распоредот за третиот круг од првенството во Првата фудбалска лига
Напред Македонија!
Спорт
Македонија домаќин на квалификациски турнир во женски фудбал до 17 години за пласман на ЕП, првиот дуел нашите девојки го играат во четврток на тренинг центарот „Петар Милошевски“

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 3 до 12. март ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство. Избраничките на Катерина Милески се наоѓаат во групата 6 од Б лигата во рамките на 2 рунда заедно со Молдавија и Словенија, истакна Фудбалската федерација на Македонија.
Првиот дуел од турнирот го играме со Молдавија, на 6. март на тренинг центарот „Петар Милошевски” со почеток во 13. часот. На 12. март на истиот стадион, од 11.часот играме со Словенија. Меѓусебната пресметка, Молдавија и Словенија ќе ја одиграат на 9. март, со почеток во 13. часот.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 17 години, Катерина Милеска за претстојниот квалификациски турнир во Скопје, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Теа Сапунџиев Истатов
Евгенија Вељановска Скопје
ОДБРАНА:
Тамара Лазеска Ас Јунајтед
Мила Панева Скопје
Андреа Коловска Истатов
Ема Нановска Истатов
Александра Ристевска Топ Гол
Канита Емини Истатов
Блехана Алиевска Скопје
СРЕДЕН РЕД:
Ноелле Митревски Нитрос Торонто, Канада
Јована Каралиоска Скопје
Теона Галабовска Тиверија
Елена Мацевска Ас Јунајтед
Ева Величковска Љуботен
Ана Марија Цветкоска Лангхус, Норвешка
НАПАД:
Калина Попески Милутинац
Елена Наумоска Скопје
Меланија Грозданова Истатов
Настасја Накова Љуботен
Розита Пецева Тиверија
Извор: ФФМ
Спорт
Македонската футсал репрезентација започнува со подготовки за квалификации за ЕП, играме дома против Холандија, пет дена подоцна со Андора во гости

Македонската футсал репрезентација на 7 и 12 март ќе одигра два натпревари од квалификациите за Европското првенство. Дома во С.Ц. „Јане Сандански“ ќе ја пречека селекцијата на Холандија (7. март, 19:00 часот), а пет дена подоцна гостува во Андора против домашната футсал репрезентација.
Селекторот Васко Скендеровски за двете квалификациски пресметки ќе смета на следните играчи:
ГОЛМАНИ:ПЕТРОВСКИ Антонио (КМФ Проект), СТОЈАНОВСКИ Иван (КМФ Форца), СПАСОВСКИ Никола (КМФ Осогово)
ОДБРАНА: ЛЕВЕСКИ Зоран (КМФ Форца), БЛАГОЈЕВСКИ Марио (КМФ Проект), ЗИБЕРИ Садат (Порде Ноне, Италија), ПЕТРОВИЌ Драган (КМФ Форца), ДИМКОВ Виктор (КМФ Осогово)
НАПАД: ИСМАИЛИ Таулант (КМФ Форца), ЈАНЕВ Бојан (КМФ Проект), РАМАДАНИ Јакуп (ФЦ Приштина, Косово), РАМАДАНИ Берат (КМФ Форца), ТОДОРОВСКИ Мартин (КМФ Осогово), СЕФЕРИ Еркан (ФЦ Приштина, Косово), ПЕЕВ Лазар (КМФ Бутел)
ПИКЕРИ: КРСТЕВСКИ Иван (КМФ Форца)
Во квалификациската група 7 за пласман на Европското првенство, Македонија има освоено бод од четирите натпревари. На домашен терен одигравме 1:1 против Андора. Португалија има максимални 12 бодови по четири меча, Холандија е на второто место со победа и нерешен резултат. Андора е на третото место со три нерешени меча, за јавноста истакна Фудбалската федерација на Македонија
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за среда (5 март)
-
Временска прогноза18 часа
Нашата територија ќе биде во температурна „аномалија“ во следните десеттина дена, ќе имаме голем пораст на дневните температури, невообичаено за месец март
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (4 март)
-
Lifestyle22 часа
Со „Минт Травел (ЈК Травел)“ вашето совршено „Лето 2025“ на неверојатни 10 рати без Камата!
-
Магазин1 ден
Јапонци развија телевизор кој овозможува да вкусите храна
-
Македонија1 ден
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами
-
Култура2 дена
Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието
-
Спорт3 часа
Новото раководство на ФФМ со плодна работа уште на старт, конечно стартува онлајн платформа за продажба на влезници за претстојните натпревари на репрезентацијата