Следете не

Lifestyle

Инспиративни цитати за оние кои размислуваат да кренат раце од нивните љубовни врски

Објавено пред

на

Сите парови поминуваат низ добри и лоши периоди. Нормално е да наидете на одредени несогласувања со партнерот, но многу е важно дали ќе им дозволите на повремените конфликти да го уништат вашиот однос. Доколку веќе некое време не сте задоволни од вашата љубовна врска и размислувате да ја прекинете, пред да донесете избрзана одлука, прочитајте ги следниве инспиративни цитати кои можеби ќе ве разубедат…

„Она што се постигнува лесно не трае долго, а она што трае долго не се постигнува лесно.“

„Љубовната врска е како куќа. Кога ќе прегори сијалица, не купувате нова куќа, туку ја поправате сијалицата.“
 

„Не можете да се откажете од некого само затоа што ситуацијата не е идеална. Успешните врски не се успешни затоа што немаат проблеми. Тие се успешни затоа што и двата партнера се грижат еден за друг доволно за да ја одржат врската.“

„ ’Совршен’ брак е оној каде што две несовршени личности одбиваат да се откажат една од друга.“

„Растењето е процес. Добивате, губите, плачете, растете, учите, пробувате, потфрлувате, но продолжувате да се обидувате.“

„Нема да потфрлите сѐ додека не престанете да се обидувате.“ – Алберт Ајнштајн

„Кога две личности се совршени еден за друг, не постои време што е премногу долго, растојание што е премногу далечно и човек што може да ги раздели.“

„Мора да разбереме дека нема секогаш да донесуваме правилни одлуки. Понекогаш ќе правиме огромни грешки.“

„Никогаш не се откажувајте од вистинска врска само поради неколку грешки. Никој не е совршен, никој не е во прави и на крајот на краиштата, љубовта е поважна од совршенството.“

„5-те правила на врските: Бидете верни, давајте љубов, почитувајте го партнерот, не флертувајте со други и издвојувајте доволно време за него.“

„Најпосакуваните љубовни подароци не се дијамантите и чоколадите, туку посветеното внимание.“

„Една од најтешките љубовни одлуки со кои ќе се соочите е изборот дали да заминете или да се потрудите повеќе.“

„Ако сакате да ја имате најдобрата врска на светот, мора да се однесувате како да имате најдобра врска на светот.“

„50% од успешната љубовна врска ги сочинуваат вашето однесување кон партнерот. Останатите 50% се способноста гласно да кажете какво однесување очекувате за возврат.“

„Понекогаш партнерите мора да раскинат за да сфатат колку сакаат да бидат заедно.“

„Прошката не е чувство, туку обврска. Тоа е избор да се покаже милост и да не се држи лутина. Прошката е израз на љубовта.“

„Во цврстата љубовна врска партнерите одбираат да се сакаат во моментите кога не можат ни да си се допаднат еден на друг.“

„Ќе можете да ја препознаете вистинската врска за вас. Таа нема да ви го искомплицира животот, туку ќе ви го подобри.“

„Не постои друг лек за љубовта, освен да се љуби посилно.“ – Хенри Дејвид Торо

„Партнерите што се совршени еден за друг се оние кои ќе поминат низ сето она што требало да ги раздели и ќе станат уште посилни од претходно.“

Lifestyle

Најдобрите светски спортисти не го започнуваат денот без овој сок

Објавено пред

на

Ова растение не е многу вкусно, а сите знаеме дека ова е првиот знак дека нешто е здраво. Ако ви кажеме дека треба да се навикнете да пиете ладно цеден целер барем една недела, дали тоа значи дека е здрав? Да не беше така, најпознатите светски спортисти не би го започнале денот со пиење барем една чаша од овој сок.

Со пиење целер, на телото му обезбедуваме неопходна и моќна детоксикација! Природните материи од целерот се лепат до лошите и токсични материи кои сме ги внесувале во организмот преку нездравата храна, загадениот воздух… и на тој начин ги исфрла од организмот.

Чистењето започнува од цревата. Веќе во првите два-три дена ќе почувствуваме олеснување и намалување на надуеноста, а на кожата ќе ги забележиме и првите видливи промени како на пр. појава на акни. Со пиење на сокот, ја одржуваме рН рамнотежата во организмот, односно ја неутрализираме киселината; Ги чистиме крвните садови и со тоа ги правиме попроодни, така што крвниот притисок се намалува;

  • Ги зајакнуваме коските;
  • Ја подобруваме меморијата. Особено помага ако имаме проблеми со фокусот и концентрацијата;
  • Исто така полесно ќе ослабеме бидејќи сокот ќе ја згасне желбата за слатки и преголеми количини храна;
  • И секако го зајакнуваме имунитетот.

Колку треба да пиете? Сега се враќаме на неговиот вкус. Најдобрите ефекти се постигнуваат со пиење 0,5 l сок секој ден, но ако ви е премногу и не можете да издржите, почнете со 250 ml и постепено зголемувајте ја количината. Едноставно, пијте го до крај! Затоа што тие две-три минути лош вкус ќе се разубавуваат секој ден.

Извор: N1Info

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Еве зошто треба да ги миете бананите веднаш штом ќе се вратите дома од продавница

Објавено пред

на

Tonya Bee на TikTok откри зошто бананите треба да ги миете веднаш штом ќе ги набавите од продавница, а причината е многу едноставна и ќе ви ја олесни борбата со мувите.

Tonya Bee, позната како @thatcleanbee на TikTok, стана сензација на интернет откако го откри нејзиниот најдобар совет како да ги држи винските мушички надвор од вашата кујна.

Тоња инсистира дека клучот е да ги измиете бананите веднаш штом ќе ги вратите дома од самопослуга.

„Овошните мушички ги снесуваат јајцата на бананите, а потоа ги внесувате во вашата куќа и тие излегуваат“, вели Би.

„Исто така, одвојте ги бананите за да не се натрупаат, па измијте ги. Сакаат да ги несат јајцата таму каде што се спојуваат стебленцата“, напиша едно лице во коментар.

Tonya вели дека поради овој метод со години нема проблем со мушички.

Извор: 24Sata.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Кое млеко содржи најмалку калории?

Објавено пред

на

Алтернативите за млеко од растително потекло варираат доста по вкус, но изборот на млеко од овес, соја, кокос или бадем прави разлика кога станува збор за калориската вредност.

За оние кои внимаваат на дневниот внес на калории, бадемовото или кокосовото млеко е најдобрата опција бидејќи тие содржат само 13 до 21 килокалории (kcal) по децилитар, според податоците на германскиот советодавен центар за потрошувачи.

Треба да се има на ум дека ова се однесува само на незасладените пијалоци.

Бадемовото и кокосовото млеко исто така содржат помалку масти од кравјото.

Содржината на маснотии во полномасното млеко е 3,5 проценти, со околу 65 kcal на децилитар.

Обезмастеното млеко со содржина на маснотии од 1,5 отсто содржи околу 45 kcal на децилитар.

Ако не консумирате кравјо млеко, сакате да внесувате протеини во телото, млекото од соја е вистинскиот избор за вас, покажуваат податоците на германскиот институт Макс Рубнер, владина истражувачка агенција фокусирана на исхраната.

Млекото од соја, кое во просек содржи 38 kcal на децилитар, има подобар „квалитет на протеини“ во споредба со млекото од овес и бадем, открија истражувачите на овој Институт, а тоа го припишуваат на високиот удел на есенцијални амино киселини во млекото од соја.

Подобриот квалитет на протеините значи дека телото полесно ги обработува протеините од млекото од соја.

Бидејќи овесното млеко е направено од житарки, содржи многу јаглени хидрати и малку протеини.

Овесното млеко содржи 46 kcal на децилитар, што е највисоко во споредба со сите алтернативи на млеко од растително потекло, испитани од германски експерти.

Растителните млека за баристите често се користат за да се постигне што повеќе пена бидејќи обично содржат уште повеќе калории и масти, предупредуваат од Институтот.

Извор: N1Info

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили2 часа

Кога е најдобро време да го продадете вашиот автомобил?

Неколку фактори влијаат на тоа дали добивате пари за вашиот автомобил колку што очекувате. Еве што велат експертите. При продажба...

Магазин2 часа

САД размислуваат за поделба на Google на неколку помали компании

Се чини дека одвреме-навреме слушаме за нови иновации во технологијата на батерии што ќе ја револуционизираат индустријата и ќе донесат...

Магазин2 часа

Оваа апликација „јаде“ најмногу мобилен интернет: Google Maps е само на шестото место

Високо второ место е апликацијата за социјални медиуми Сајтот Holafly ги идентификуваше апликациите кои трошат најмногу интернет податоци . Како што истакнуваат, за...

Без категорија2 часа

Samsung Galaxy A16 5G ќе биде првиот буџетски телефон со шестгодишни ажурирања на Android

Samsung открива детали за Galaxy A16 5G, првиот буџетски телефон на компанијата кој гарантира шест генерации надградби на Android. Samsung,...

Македонија7 часа

На малопродажните објекти авто-плинот со нова покачена цена за литар

„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес се продава со покачена цена за литар, односно цената е зголемена за 2,5 денари....

Хороскоп14 часа

Хороскоп за среда (9 октомври)

ОВЕН Ќе оставите многу позитивен впечаток при нов деловен разговор. Може да очекувате поволна фаза на работа. Личност која живее...

Кичево15 часа

(ФОТО) Вечерва во преполна сала се одржа третиот по ред „Концерт на млади пијанисти“ во Кичево, аплауз и честитки до сите учесници, кои им претстои богата музичка кариера

Вечерва во преполна сала кичевчани присуствуваа на третиот по ред „Концерт на млади пијанисти“ во покровителство на претседателот на Музичка...

Кичево18 часа

Кичевчанец додека го шетал своето куче бил нападнат од глутница кучиња скитници

На 07.10.2024 во 12.15 часот, А.Ф.(35) од Кичево во полициска станица пријави дека на улица „Ленинова“ во Кичево, додека го...

Спорт1 ден

Канатларовски: Молдавија ја дочекуваме со посебна желба и енергија за победа

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, официјално во Скопје ги започна подготовките за октомврискиот цуклус на квалификации за пласман...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (8 октомври)

ОВЕН Многу сте одлучни кога станува збор за работата и сигурни сте дека можете да го остварите она што го...

НАЈЧИТАНИ