Занимливости
Денешен Хороскоп (24.4) Вторник

ОВЕН
Свесни сте дека некои работи на работното поле мора да ги извршите и кон одредени луѓе да завземете цврст став. Сепак нема да ви биде лесно бидејќи немате соодветна поддршка, а ни разбирање од најблиските. Денот е добар на љубовното поле и постоечките односи, но и за флерт.
БИК
Чувствувате дека сте сами против сите. Се соочувате со опозицијата од страна на деловните партнери и соработниви и денес ќе ви биде тешко да постигнете некој успех, освен ако не се приклучите кон мислењето на другите и нивниот начин на работа. Една личност многу се активирала кон вас и се обидува да ви го привлече вниманието.
БЛИЗНАЦИ
Сметате дека сте во право за некои прашања и нема да им дозволите на другите да ви се мешаат во работата или начинот на кој ја извршувате. Повремено може да се поставите многу лошо кон другите. Обидете се да бидете толерантни. Се или ништо- денес може да биде присутно и во односите со саканата личност.
РАК
Успевате да направите договор со надредените и да обезбедите некое олеснување за себе или да отворите прашања поврзани за финансискиот сегмент. Силен притисок и нервоза, но тоа нема да ви пречи да ги остварите своите приоритети. Не дозволувајте вашето расположение да влијае на односот со саканата личност.
ЛАВ
Денес ви е многу комплицирано да ги усогласите своите обврски. Веројатно ќе мора да направите значајни промени во распоредот, а тоа ќе предизвика да чувствувате незадоволство. Емотивниот партнер не е подготвен да ви излезе во пресрет за некои прашања.
ДЕВИЦА
Контактите со другите луѓе може да ви предизвиккаат нервоза и во првиот дел од денот може да губите време на непотребни конфликти. Обидете се да се дистанцирате и да се насочите кон своите обврски. Можности за мали приливи. Во односот со саканата личност наоѓате смирување и опуштеност.
ВАГА
Можете да очекувате помош или поддршка од колеги само во попладневните часови, па обидете се да направите се што ви е од највисок приоритет во тоа време. Во остатокот од денот посветете се на себе. Во односот со емотивниот партнер, вие донесувате голема страст, но вие исто така дејствувате многу позитивно.
СКОРПИЈА
Во првиот дел од денот ќе имате чувство дека времето ви бега и дека касните. Обидете се да се фокусирате на она што го правите, и не дозволувајте овие мисли само дополнително да ве блокираат. Посветете големо внимание на личноста што ја сакате.
СТРЕЛЕЦ
Можеби понекогаш можеш да слушаш совети што ќе ти ги дадат твоите добродушни колеги или некои пријатели. Иако сте сосема независни, сепак ви се потребни други луѓе. Ќе избегнете некои прашања во врска со некој близок – не сте во расположение да зборувате за сè денес.
ЈАРЕЦ
Очекувајте поддршка во непосредна деловна средина, но главно во попладневните часови. Некој може да посредува за вас, или да ви помогне да ги надминете некои од напорни околности. Во врска со некој близок, сакате спокојство и релаксација, а другата страна може да укаже на некои непријатни прашања.
ВОДОЛИЈА
Она што е од суштинско значење за вас денес е тешко да се заврши, или ќе дојде до реализација, но со тешкотии. Денес, сè оди многу потешко од вообичаеното. Особено утринските часови ќе се покажат како тешки за вас. Вториот дел од денот е добар за контакти со пријателите или семејството.
РИБИ
Иако на вас се наметнаа многу обврски, ќе се обидете да им пријдете на мирен и релаксиран начин. Денес можете да се дистанцирате од другите и да се фокусирате само на вашите приоритети. Некој се обидува да почне да комуницира, но се држите многу воздржано.
Занимливости
Само 1% од луѓето овде гледаат слон: на интернет кружи слика која вознемири многумина, обидете се да го пронајдете (ФОТО)

Can you spot the elephant ? pic.twitter.com/xqqzUrhkvH
— Marwan Koukash (@drmarwanK) October 29, 2017
Го најдовте ли слонот? Откако ќе го завртите екранот, ќе забележите дека двете дрвја од двете страни на ловецот ги формираат нозете на слонот додека дрвото од спротивната страна на сликата е стеблото на слонот.
Занимливости
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари

Борбата со откажувањето од цигарите, денеска е една од најприсутните во полето на здравјето. За да им излезат во пресрет на пушачите кои сакаат да престанат, различни производители нудат фластери, електронски цигари, лекови, мастики. Но, на крајот повторно сè останува на вас.
Доктор Арун Кумар долги години им помага на пушачите да се откажат од цигарите. Тој вели дека прво мора да утврдите каков пушач сте, односно во кои ситуации посегнувате по цигарите. Ако утврдите зошто, односно ја процените причината, ќе најдете и начин како да престанете.
Праксата на Кумар покажа дека физичката активност ја намалува потребата за никотин. Тоа не значи да трчате маратон, но обична прошетка може многу да ви помогне. Главно треба да знаете дека пушењето е анти-стрес навика. Ги смирува луѓето. Затоа и треба да најдете помалку штетна алтернатива за да се ослободите од стресот, како што е медитирање, јога и масажа.
Еве кои трикови можете да ги искористите во битката со цигарите:
– Џвакајте цимет. Ја убива желбата за никотин.
– Солената храна ја убива желбата за цигара. Ако немате чипс при рака, ставете малку сол на врвот на јазикот.
– Кога ќе добиете желба за цигара јадете ореви, лешници, бадеми или суво овошје.
– Секогаш имајте мастики во себе.
– Ако пред да запалите цигара испиете малку млеко или изедете целер или морков, нема да уживате во цигарата затоа што ќе имате горчлив вкус во устата.
– Витаминот Ц ви е најголемиот сојузник во битката со цигарите. Затоа консумирајте лимони, портокали, црвена пиперка.
/denar
Занимливости
Напишете „The Last Of Us“ во пребарување на Google за изненадување

Некој во Google е голем обожавател на The Last of Us – „Пребарување на Google“ сега има кул мало изненадување што ја слави реномираната сериска адаптација на франшизата на видео игрите на HBO.
Печурките се насекаде
За да го проверите, отворете Google, напишете „The Last Of Us“ и почекајте само половина секунда црвената печурка да се појави на дното на страницата со резултати од пребарувањето. Кликнете на неа и видете што ќе се случи.
Колку повеќе кликнувате на печурката, толку повеќе вашиот екран се полни со разни печурки, но за среќа, со едноставно кликнување на црвеното копче „X“ на дното, можете да исчистите се што се појавило на вашиот монитор.
Ова не е прв пат, а се надеваме не последен пат, да наидеме на вакви изненадувања преку пребарување на Google.
Извор: Mashable
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Кичево3 часа
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..
-
Занимливости20 часа
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Скопје1 ден
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Свет31 минута
(ВИДЕО) Легендарниот голман во солзи ја моли јавноста за помош, страшно!