Временска прогноза
До кога со дождовите во нашиот регион?

Денес 10.06.2018 Недела, времето ќе биде малку посвежо, а потоа до среда дневните температури ќе бидат во пораст. Од четврток повторно ќе биде постудено за нијанса.
Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7. Дневната температура ќе се движи од 20 до 32 степени.
До Среда условите за нестабилност ќе се претежно во западните делови но ќе бидат намалени.
Од Среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи.
Временска прогноза
Услови за грмежи проследени со дожд, но генерално температури во пораст – вели Попоски

Денес (среда 12 март) и во текот на ноќта кон утрешниот ден (четврток 13 март), како и во четврток претпладне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од запад, која е во склоп со длабокиот циклонски систем од Атлантикот, во Македонија ќе имаме повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за појава на град.
Ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од на 75 км/час). Процесите локално се очекува да бидат поинтензивни и во форма на невреме.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време, со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец.
– Што се одннесува до температурите, тие ќе бидат невообичаено високи за овој дел од годината и на многу места тие ќе се искачат до околу, па и над 20 степени, а во Повардарието тие се очекува да се искачат, или пак да надминат 25 степени.
И во Скопје и околината ќе биде невообичаено топло за овој период од годината со температура која ќе се искачи до близу, или околу 25 степени.
– Да напоменам дека поради силното јужно и југозападно струење, од Сахара кон нашата Македонија и понатаму ќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што Атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде многу мачно и спарно, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Нашата територија ќе биде во температурна „аномалија“ во следните десеттина дена, ќе имаме голем пораст на дневните температури, невообичаено за месец март

Во следните десеттина дена територијата на целиот Балкан, вклучувајќи ја секако и Македонија, ќе ја зафати временска анималија. Што значи тоа? Температурите ќе бидат невообичаено високи за почетокот на месец март, и тие ќе бидат повисоки за 6 до 8, а во делови од Балканот дури и за повеќе од 10 степени. Ова особено негативно се очекува да се одрази врз метеопатите, и тоа гледано врз здравствената состојба.
Температурите ќе бидат навистина пролетно високи, па на повеќе места ќе се искачуваат и над 15 степени, па дури и до околу 20 степени. Во делови од Балканот максимумот на температурата во следните 6 до 10 денови ќе се искачува до дури околу 25 степени.
И понатаму ќе имаме стабилно и суво време, и ќе имаме многу сушен период, што значи дека во нашиот дел од Европскиот Континент ќе недостасуваат врнежите. За време на овој период, пораст ќе бележат и минималните утрински температури на воздухот.
Кај нас во Македонија во следните денови ќе имаме температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, за Порта.мк информира Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица

Во текот на новата седмица која е пред нас, особено пак од средината на истата па во деновите потоа, нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса од југ и во поле на висок воздушен притисок (Антициклон). Во ваква ситуација времето ќе биде сончево, повремено со сосема мала и локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
И во Скопје и околината во текот на новата седмица не очекува стабилно, суво, сончево и многу потопло време, особено од среда.
Што се однесува до температурите, тие преку ден значително ќе пораснат како што и претходно кажав и максималните дневни температури од среда па во деновите потоа ќе се искачуваат во интервалот дури од 15 до 22/23 степени. Во Скопје пак температурата ќе се искачи до околу 20/21 степен.
Да напоменам дека утрата ќе бидат поладни, но не премногу, па така наутро температурите на повеќе места ќе се спуштат за некој степен под нулата, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (13 март)
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за петок (14 март)
-
Временска прогноза2 дена
Услови за грмежи проследени со дожд, но генерално температури во пораст – вели Попоски
-
Спорт1 ден
Омерагиќ: Со заеднички амбиции и взаемна желба, ФФМ добива нов спонзор за македонскиот фудбал
-
Lifestyle14 часа
Утрински навики што го забрзуваат стареењето на кожата
-
Здравје и убавина1 ден
Дознајте за храната која е богата со витаминот „Е“, а тој е и тоа како корисен за здравјето на човекот
-
Спорт6 часа
Дисциплинската комисија истакна суспензија за фудбалери и поведе постапка за фудбалски клубови поради фрлање во терен пиротехнички средства
-
Спорт1 ден
Милевски го истакна списокот на повикани фудбалери за мечевите против Лихтенштајн и Велс