Lifestyle
Старски дом најми голи батлери – бабичките откачија на тоа (ГАЛЕРИЈА)

Сопствениците на еден приватен старски дом во Велика Британија одлучија да ги развеселат своите станарки, па им приредија весела вечера за време на која беа послужувани од голи батлери.
За Mirror тие откриваат дека на ваков потег биле поттикнати од желбата на нивната 89-годишна станарка Џоан Корп.
„Кога ќе ја прашавме што сака, ни одговараше: мажи. Затоа ни најмалку не бевме изненадени кога посака вакво нешто. Разговаравме со останатите станарки и сите ја поддржаа. Батлерите ги најдовме преку интернет и им објаснивме како треба да се однесуваат. За малку непретенциозно флертување не е важно колку години имаш“, вели Клер Мартин, координаторка за активности во домот.
На вечерата имало 23 луѓе, од кои 11 биле станарки од домот, а старите дами ги поканиле и своите ќерки и внуки.
Разголените батлери на себе имале само престилки и машни околу вратот, а на гостинките им служеле вечера од три дела. На крајот, им пружија и опуштачка масажа.
Најстарата станарка на домто, 99-годишната Дол Џенкинс, толку се воодушевила од голите батлери, што ги поканила повторно да се вратат следната година, на прославата за нејзиниот 100-ти роденден.
„Дамите беа многу возбудени. Се средија за оваа пригода и постојано се кикотеа. Кога ги прашаа дали сакаат масажа, сите го прифатија предлогот“, додава Клер.
Вака изгледаше настанот, 🙂
Lifestyle
Со „Минт Травел (ЈК Травел)“ вашето совршено „Лето 2025“ на неверојатни 10 рати без Камата!

Замислете го ова: Сончеви плажи, кристално чисто море, вкусна храна и најдобри моменти со вашите најблиски. Сега, со МИНТ ТРАВЕЛ (ЈК ТРАВЕЛ) ова не е само сон – туку реалност! Патувајте во Грција ова лето и плаќајте на 10 рати без камата.
Зошто ова е понудата која не смеете да ја пропуштите?
• Плаќање на 10 рати без камата – без дополнителни трошоци. Лесно, удобно и пристапно!
• Пакет понуди за најпопуларните дестинации во Грција – од белите песочни плажи на Халкидики, преку историските родоски храмови, до културните богатства на Крит и Крф / Corfu.
• Луксузни апартмани и хотели, на најдобрите локации – за одмор кој ќе го паметите засекогаш.
• Екскурзии и активности за сите вкусови – ако сакате авантура, спортови на вода, или опуштени прошетки, во Грција ќе најдете нешто за секого!
• Превоз, трансфер и услуги кои го прават вашиот одмор целосно безгрижен.
Не само во Грција! Планирајте одмор и во други популарни дестинации: Албанија, Шпанија, Турција, Египет, Тунис и уште многу други!
• Безбедност пред се! Затоа, во соработка со осигурителниот брокер МИНТ ИНС, ви нудиме патничко осигурување за само 20 денари на ден за соседни земји. Патувајте без грижи и уживајте во секој момент!
Зачувајте повеќе за вашето патување! Без да се грижите за големи трошоци, можете да го резервирате својот одмор сега, а да плаќате удобно низ 10 рати. Планирајте го летото со нас и погледнете ги сите погодности и понуди кои ве очекуваат!
Добредојдовте во официјалната канцеларија, позиционирана во срцето на град Кичево, на ул. Булевар Ослободување бр.1, откријте го богатото портфолио на услуги кои ги нуди како „Минт Финтек Групација“ – Кичево.
Следете ги нашите официјални линкови:
Facebook: „Минт Инс“
Web: МИНТ ИНС
Web: ЈК Travel
Контакт:
+38972 282 002
+38975 451 861
Lifestyle
Како носењето торба може да го загрози вашето здравје

Кога носиме торба на едната страна од телото, нашето тело несвесно се прилагодува на дополнителната тежина.
• Рамената се подигнуваат
• ‘Рбетот се искривува
• Тежината нерамномерно се распределува
Како правилно да носите торба?
Избор на вистинска торба
• Користете ранец наместо торба за едно рамо
• Изберете чанти со пошироки и обложени ремени
• Избегнувајте кеси со тенки ремени или синџири
Техники на носење
• Редовно менувајте ја страната ако носите торба на рамо
• Користете чанти што се носат преку телото
• Ако користите ранец, тежината распоредете ја рамномерно
• Чантата држете ја блиску до телото
• Одржувајте исправено држење
Најчестите здравствени проблеми
• Болки во вратот и рамениците
• Асиметрија на мускулите на грбот
• Главоболки и мигрена
• Притисок врз нервите
• Промени во стилот на одење
• Потенцијален развој на сколиоза кај млади
Според Американското здружение за хиропрактика, 80% од луѓето ќе имаат проблеми со грбот во текот на животот, а неправилното носење на торба може да биде една од причините.
Колку треба да биде тешка вашата торба?
• Не повеќе од 10% од вашата телесна тежина (ако тежите 70 кг, торбата не треба да биде потешка од 7 кг)
• Физиотерапевтите препорачуваат уште пониска граница – 5-6% од телесната тежина
Едноставни вежби за превенција
• Ротација на рамената – 10 пати напред, 10 пати назад
• Истегнување на вратот – навалете ја главата кон рамото и држете 15 секунди
• Притискање на рамената – повлечете ги наназад, стегнете ги лопатките и држете 5 секунди
Кога да побарате помош?
• Постојана болка во грбот или рамената
• Трнење во рацете
• Промени во држењето на телото
• Чести главоболки
• Болка што се шири кон други делови од телото
Правилното носење на торбата изгледа како мал детаљ, но долгорочно може да има големо влијание врз вашето здравје. Со следење на овие совети, ќе спречите потенцијални проблеми и ќе го зачувате здравјето на ‘рбетот и мускулите.
Извор: N1Info
Lifestyle
Со исклучување на овие уреди преку ноќ, можете да ја намалите сметката за струја

Во продолжение ви претставуваме едноставен начин како да заштедите на струја.
Зошто е важно да се намали потрошувачката на електрична енергија?
- Во денешно време, кога трошоците за енергија постојано растат, заштедата на електрична енергија е важна за секое домаќинство.
- Намалувањето на потрошувачката не само што ги снижува месечните сметки, туку придонесува и за зачувување на животната средина со намалување на јаглеродниот отпечаток.
- Со неколку едноставни промени во секојдневните навики и користење енергетски ефикасни уреди, секој може да ја зголеми енергетската ефикасност во својот дом.
Кој уред троши повеќе енергија отколку што мислите?
- Еден практичен совет за намалување на потрошувачката е да го исклучувате уредот за кој веројатно не сте размислувале – интернет рутерот.
- Иако рутерот не е првото нешто што ви паѓа на ум кога мислите на големи потрошувачи, електричарите предупредуваат дека ако го оставите вклучен преку ноќ, ќе троши значително повеќе струја, пишува sensa.si.
Како да го намалите трошењето на рутерот?
- При купување на нов рутер, проверете дали има ниска потрошувачка на енергија, како во нормален режим, така и во режим на подготвеност.
- Германската Федерална агенција за заштита на животната средина (UBA) нагласува дека ако рутерот не може да се исклучи бидејќи користи телефонска линија, тогаш е најдобро да купите модел што овозможува исклучување на Wi-Fi функцијата кога не се користи.
Заклучок
- Иако интернет рутерот не троши повеќе енергија од големите уреди како фрижидери, неговото редовно исклучување може да донесе забележителни финансиски заштеди.
Извор: Danas
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за вторник (4 март)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија1 ден
Фрапантни податоци на сообраќајни прекршоци за месец февруари
-
Магазин1 ден
Итно известување од Google: Ова е рокот кога ќе исчезнат многу сметки и фотографии – зачувајте ги вашите податоци!
-
Култура23 часа
Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието
-
Македонија12 часа
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами