Без категорија
Информации како да донираме за Андреј Трипуноски од Кичево за повторно да му се насмевне на животот!

Драги наши солидарни луѓе со големо срце!
Дарувањето тромбоцити кои беа неопходни за да се започне процес на лекување за Андреј благодарение на вашата хуманост акцијата беше успешно реализирана, но сега се потребни финансиски средства за да може Андреј повторно да му се насмевне на животот кој му предстои.
Ова се потребните информации за сите вие кои сакате да помогнете со вашата финансиска донација покрај овозможеното бројче преку мрежата од Оне.Вип со кој вашите 100 денари се впишуваат со повикување на 143 481, дополнително да придонесете можете и преку банкарските сметки за граѓани во Македонија и од дијаспората.
- Праќање финансиска помош за хумани луѓе од Македонија:
Име/Презиме: Андреј Трипуноски
Трансакциска сметка: 210-501718332351
Депонент: Тутунска Банка
- Праќање финансиска помош за хумани луѓе надвор од Македонија:
Name/Surname: Andrej Tripunoski
Address: Ul.Proleterski Brigadi br. 30
IBAN Code: MK07210501718332351
Bank name: NLB Banka AD Skopje
Bank Address: Majka Tereza br.1
Country: MAKEDONIJA
SWIFT: TUTNMK22
Благодарност до сите солидарни луѓе кои придонесоа за поголема мобилизација, благодарност до сите кои веќе ги даруваа потребните елементи за почеток на лекување, благодарност и до тие кои веднаш ќе донираат 100 денари или повеќе, упатува ова загрижено семејство.

Тато Валентин, братче Тони, борецот Андреј, Диле (мама)
Без категорија
Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.
Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.
YouTube will now block users from watching videos after they watch 3 videos with their ad blocker enabled. pic.twitter.com/beXsoecju2
— Information Worldwide (@InfoEarthwide) July 1, 2023
Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.
Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.
Без категорија
Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.
Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.
Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.
Извор: 9to5mac
Без категорија
Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.
„Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.
Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (25 септември)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за вторник (26 септември)
-
Македонија1 ден
Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена
-
На денешен ден17 часа
На денешен ден (26 септември)
-
Спорт1 ден
Ова е составот на Украина кој ќе биде на располагање и на мечот против Македонија во Прага закажан за 14 октомври, истакна Ребров
-
Магазин1 ден
Facebook сега ви овозможува да креирате повеќе лични профили
-
Магазин1 ден
На првиот тест за издржливост, iPhone 15 Pro покажа дека не е толку отпорен и покрај титаниумскиот дизајн
-
Спорт7 часа
Познати осминафиналистите за Купот на Македонија, додека теренот на ФК Башкими суспендиран за натпревари