Следете не

Временска прогноза

УХМР: Денес врнежливо, додека Среда и Четврток пониски температури и снег

Објавено пред

на

Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2.

Во среда поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но со слаб интензитет.

Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.

Во четврток ќе биде студено со провејување на снег, а од петок се очекува разведрување.

Временска прогноза

Попоски доцна вечерва издаде уште едно метео предупредување за силен ветер, на планинските места тој ќе достигне брзина до 100 км/ч

Објавено пред

на

Метеорологот Славчо Попоски доцна вечерва издаде уште едно метео предупредување. Имено како што стои во соопштението тој истакна: Од среда до сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен, југозападен и од западен, а во сабота од северен правец (повремено и локално собрзина од 80 до 90 км/час, а во планинските места и со брзина до околу 100 км/час).

Токму поради ова препорачуваме крајна внимателност, но и да се внимава каде ги ставате вашите автомобили, односно да бидат понастрана од дрвата, особено од оние кои се постари!

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Суво и стабилно до вторник, од среда нов влажен воздушен бран кој ќе донесе повремени врнежи од дожд, додека на планините снег

Објавено пред

на

Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе од среда 20.11.2024 па се до крајот на неделата под влијание на моќен циклонски систем кој ќе биде во склоп со многу поладниот воздух кој ќе се спушта од север, ќе условува серија на изразени влажни воздушни бранови кои ќе условуваат повремени врнежи од дожд, и истите повремено ќе бидат обилни.

На планините и на повисоките места повремено ќе има врнежи од снег, а повремено снежната граница можно е повторно да се спушти до околу, па  и под 1000 метри надморска височина, со што појава на повремен снег би можело да има и во повисоките населени места.

Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од јужен, југоисточен и од западен правец, додека во сабота ветерот ќе биде повторно силен и од северен правец. Повремено и локално ветерот ќе достигнува доста голема брзина (и тоа од над 80/90 км/час).

За време на оваа серија на влажни воздушни бранови, повремено и локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен), а на планините ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 cм, а на високите планини таа би можела да биде  и поголема. Помала снежна покривка има услови да се формира и во повисоките населени места.

Што се однесува до температурите, тие најпрвин ќе бидат во пораст, особено во среда кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.  Од четврток тие ќе опаѓаат  и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, меѓутоа  повремено тие ќе бидат и значително пониски, а во утринските часови особено во петок и за време на викендот ќе биде многу постудено кога температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, а понекаде тие ќе се спуштат и до близу -10 степени, на високите планини и под -10 степени, пишува Славчо Попоски, еден од најдобро истакнатите метеоролози во земјава.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Викенд временска прогноза, ќе имаме и сонце но ќе биде ладно

Објавено пред

на

До крајот на денешниот петочен ден во Македонија ќе имаме претежно облачно и студено време со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, и истиот ќе биде најизразен Долж Повардарието. Во југозападните предели ќе има врнежи од дожд, додека на планините, а потоа во вечерните  и ноќните часови кон утрешниот саботен ден и во некои повисоки населени места ќе има повремен снег. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина.

Утре (сабота) рано наутро сеуште во југозападните предели ќе има повремен дожд и снег, додека веќе во текот наденот, како и во недела ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време, со појава на мала локална облачност. Во недела во утринските часови по котлините  и речните долини ќе има појава на магла  и на ниска облачност, која понекаде ќе биде многу густа.

И во Скопскиот регион до крајот на денешниот петочен ден ќе имаме претежно облачно време со услови за сосема слаб локален дожд, а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец. За време на викендот пак и таму ќе имаме претежно сончево време со појава на мала локална облачност. Во утринските часови ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.

Што се однесува до температурите, наутро и тоа поради разведрувањето ќе биде многу постудено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека на високите  и планинските места тие би можеле да бидат и пониски. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12, 13 степени.

Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -3  и 1 степен, додека максималната дневна температура ќе се искачи до околу 12 степени, пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп11 минути

Хороскоп за вторник (19 ноември)

ОВЕН Набрзина донесувате одлука што не ви го нуди вистинското решение. И покрај тоа што знаете дека работите не одат...

Магазин11 часа

Дали вашиот Android телефон е заразен? Овие 6 знаци откриваат дали има вирус

Новиот тројански вирус „ToxicPanda“ претставува сериозна закана за корисниците на Android уреди. Научете како да препознаете малициозен софтвер и заштитете...

Lifestyle11 часа

Колку долго можете да стоите на една нога? Овој тест открива како стареете

Способноста да балансирате на едната нога може да открие многу за вашето здравје и брзината на стареење. Според ново истражување...

Автомобили12 часа

Како да препознаете дали е вратена километражата на автомобилот? Експертите објаснуваат!

Според годишното истражување на популарната веб-страница CarVertical, во просек, на половни автомобили километражата се враќа по речиси 80.000 поминати километри....

Магазин12 часа

Време е да ја смените лозинката ако ја препознаете на списокот

Ако вашата лозинка се наоѓа на овој список, време е да ја промените. Според страницата „How Secure Is My Password“,...

Магазин12 часа

Warcraft I и Warcraft II добиваат ремастери – ВИДЕО

Гласините за ремастерирањето на Warcraft II се остварија, но со дополнителен изненадувачки елемент. Blizzard одлучи да ја модернизира целата трилогија...

Временска прогноза24 часа

Попоски доцна вечерва издаде уште едно метео предупредување за силен ветер, на планинските места тој ќе достигне брзина до 100 км/ч

Метеорологот Славчо Попоски доцна вечерва издаде уште едно метео предупредување. Имено како што стои во соопштението тој истакна: Од среда...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (18 ноември)

ОВЕН Денешниот ден за вас е многу поволен, па може да очекувате дека ќе ги остварите своите цели. Тешко ви...

Скопје1 ден

Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

На 16.11.2024 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(31) од Скопје поради сомнение дека на...

Спорт1 ден

Сејдини поднесе оставка од претседател на ФФМ, УО закажа вонредно изборно собрание за 22-ри декември

Предмалку првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија се истакна на социјалните мрежи дека поднел оставка од столчето претседател, односно...

НАЈЧИТАНИ