Следете не

Временска прогноза

УХМР: Денес врнежливо, додека Среда и Четврток пониски температури и снег

Објавено пред

на

Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2.

Во среда поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но со слаб интензитет.

Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.

Во четврток ќе биде студено со провејување на снег, а од петок се очекува разведрување.

Временска прогноза

Нова метео анализа, за денес попладне и во текот на ноќта, особено внимание на температурите кои ќе бидат до 10 степени под нулата

Објавено пред

на

Под влијание на влажен и многу постуден воздушен бран од север, утре и тоа особено попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините каде се очекува зголемување на веќе постоечката снежна покривка и тоа на планините. На повисоките места пак ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 цм.

Врнежи од снег ќе има и во некои пониски места (градови), особено во западните предели каде локално се очекува формирање на снежна покривка до 5 цм. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, додека температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели.

Потоа провејување на снег ќе има и во понеделник рано наутро, додека потоа до вторник следува период на стабилно и суво време со МНОГУ НИСКИ утрински температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен.

Нов влажен бран очекуваме од среда, но детална анализа околу ова следува наскоро.

Во Скопскиот регион снег се очекува само на околните планини и локално во повисоките предели од котлината.

За порта.мк известува Славчо Попоски / метеоаларм

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Какво време нè очекува, преку ден ведро и ладно, на вечер минусни температури

Објавено пред

на

Под влијание на влажен и многу постуден воздух од север, како што најавивме ќе го донесе првиот снег и на пониските места и тоа особено утре и во понеделник, особено во западните предели каде се очекува на повисоките места и на планините формирање на снежна покривка од над 15 цм, додека во населените места (градовите) понекаде ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 цм.

Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени во најтоплите централни и југоисточни предели од државава.

Минималните температури пак ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени.

Во Скопскиот регион се очекува снег само на поголема надморска височина, односно особено на околните планините.

НАПОМЕНА: Во некои пониски места (градови) и тоа особено во централните и југоисточните предели ќе врне дожд.

Потоа во текот на следната седмица очекуваме ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО време и барем одсега гледано ќе има нови врнежи, но сепак детали околу ова овие денови.

Пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Зимата е на прагот, колку и каде снегот најмногу ќе врне

Објавено пред

на

Според последните анализи и тоа со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, во недела и во понеделник и тоа со влажниот и МНОГУ ПОСТУДЕН воздушен бран од север, снежна покривка ќе се формира на повисоките места и на планините (за над 15 цм нов снег). 

Снежната граница како што најавивме и тоа особено во западните и во северните предели ќе се спушти и под 1000 м.н.в, со што врнежи од СНЕГ ќе има и во некои од населените места (градовите). Токму на овие места понекаде ќе се формира снежна покривка и до 10 цм.

На следната метеоролошка карта можете да погледнете каде и колку снег се очекува за време на претстојниот влажен и СТУДЕН бран во нашата држава:

Температурите особено од недела ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени. Наутро пак истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени во најтоплите централни и југоисточни предели од државава.

Во Скопје снег се очекува само на околните планини и на местата со малку поголема надморска височина, што значи дека провејување на снег ќе има само во повисоките делови од котлината.

Заклучок на сето ова: ЗИМАТА ДОАЃА!

За порта истакна Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Технологија3 часа

Руски хакерски групи украле најмалку 50 милиони лозинки во првите седум месеци од 2022 година преку малициозен софтвер

Руски хакерски групи околу 34 на број украле најмалку 50 милиони лозинки во првите седум месеци од 2022 година користејќи...

Култура4 часа

Од утре започнува Божиќниот пост, а денес се Божиќни поклади

Постите траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми јануари. Денешниот ден, 27 ноември, се нарекува уште...

Автомобили8 часа

Mercedes-Benz 190 слави 40 години

Денес, и по четири децении, дизајнот на компактната лимузина изгледа модерно, а претставената технологија ја формира основата. Mercedes-Benz ја прошири...

Временска прогноза19 часа

Нова метео анализа, за денес попладне и во текот на ноќта, особено внимание на температурите кои ќе бидат до 10 степени под нулата

Под влијание на влажен и многу постуден воздушен бран од север, утре и тоа особено попладне и навечер, како и...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за недела (27 ноември)

ОВЕН Овните кои се баби и дедовци, денес ќе уживаат во друштво на своите внуци. Останатите припадници на знакот денот...

Кичево22 часа

Дали и оваа година Кичево ќе остане без новогодишни украси?

Доаѓаат предноводишните празници и секако најлудата ноќ. Оваа година најверојатно ќе прославиме слободни, без ограничувања поради олеснителните околности од пандемијата,...

Временска прогноза1 ден

Какво време нè очекува, преку ден ведро и ладно, на вечер минусни температури

Под влијание на влажен и многу постуден воздух од север, како што најавивме ќе го донесе првиот снег и на...

Автомобили1 ден

Возите на резерва? Немојте

И покрај употребата на филтер за гориво, честичките од нечистотија што се таложат во горивото може да се вшмукаат кога...

Магазин1 ден

САД забранија опрема од кинески телекомуникациски компании

Администрацијата на Бајден забрани увоз и продажба на нова телекомуникациска опрема од кинеските компании Huawei Technologies и ZTE, бидејќи тие...

Свет1 ден

„Артемис 1“ влезе во нова фаза

Десет дена по лансирањето на беспилотната вселенска мисија на НАСА Артемис I, вселенското летало Орион влезе во орбитата на Месечината....

НАЈЧИТАНИ