Следете не

Кичево

ЕВН КЕЦ Кичево: Дел од домаќинствата на ул. „Мирко Милески“ утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на електродистрибутивната мрежа

Avatar

Објавено пред

на

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 03.01.2021 година – среда, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на дел од ул. „Мирко Милески“ од Кичево и тоа во периодот од 08:00 до 10:00 часот.

Извор: Струја.мк

Кичево

Причина за сечење на 30 годишните врби во центарот на Кичево

Avatar

Објавено пред

на

Известување во насока за дознавање на вистината и елиминирање на секакви сомнежи околу одстранувањето на 27 годишните врби од пред Домот на култура,  кои деновиве беа предмет на дискусија и нагаѓања на социјалните мрежи. Објаснувањето е следново:

Пред извесно време приметено беше сушење на гранки во горните слоеви на круната, при што беа повикани стручни лица кои со експертиза утврдија дека 27 годишните врби од типот Salix babylonica се навлезени во длабока старост (фенофаза на сенилност) и поодмината фаза на исушување.

Kако резултат на тоа и на неизвршување ни на санитарна ниту на редовна резидба на круната, едната се сруши на среќа без последици. Тоа беше воедно и предупредување да се преземат соодветни мерки со преостанатите две како би се елиминирал понатамошниот ризик од нивно паѓање и доведување во животна опасност на минувачите.

По извршената експертиза беше одлучено во најбрз можен рок и со цела потребна документација, да се одстранат и на нивно место да се посадат млади садници од ист вид, и со тоа да се задржи автентичноста на просторот на кој сме биле навикнати во минатото.

Автор: Club institute

Прочитај повеќе...

Кичево

Во недела во дворот на црквата св.Петар и Павле се организира хуманитарна акција за донирање храна и намирници за сиромашни граѓани

Avatar

Објавено пред

на

Се наближува големиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение и додека сите ние го празнуваме со богати трпези има семејства кои гладуваат. Човечки е да споделиме дел од она малку што го имаме со некој што нема. Пред четири месеци ТУКА успешно беше реализиран ваквиот настан кој благодарение на хуманите кичевчани барем за момент и одредено време успеавме да израдуваме неколку семејства.

– Затоа на 18 април (недела) од 12:00 до 15:00 часот во дворот на црквата Св.Апостоли Петар и Павле (за кој сме oсобено благодарни до Кичевската парохија за нивната помош) повторно ќе се собираат донации (храна и секаков вид помош) за најпогодените социјално ранливи групи на граѓани од Кичево.

– За таа цел организаторите и нашиот медиум кој неуморно дава поддршка за хуманитарни дела ги повикуваме сите хумани граѓани, фирми, маркети да ни се приклучат на хуманитарната акција која е со единствена цел да може да им се помогне на многу сиромашни семејства.

Настанот ќе се одвива без групирање, со задолжително носење на заштитна маска на лицето, почитувајќи ги дадените мерки за заштита од Коронавирусот.

Што се однесува до можноста за доаѓање, доколку некој има обврски и неможе да го посети хуманитарниот пункт, а сака да донира може да се обрати на тел 076/824-325 и истите донаторски работи да завршат во прави раце.

Ти биди причина за некој да верува во добрината на луѓето!!!
Биди хуман затоа што раката која дава никогаш не се суши!!!

 

 

Прочитај повеќе...

Кичево

Жител на Кичево бил нападнат од куче скитник, додека ТППЕ изгаси нов пожар во кичевско

Avatar

Објавено пред

на

Портпаролот на СВР Охрид г-дин Стефан Димоски ја извести јавноста дека вчера Нќна 15.04.2021 во 11:25 часот, Ш.Р. (43) од Кичево во полициската станица пријави дека неговиот татко А.Р. (73) од Кичево на улица „Гоце Делчев“ бил каснат од куче скитник.

Додека пред два дена на 14.04.2021 година во 20:10 часот во полициското одделение во кичевското село Зајас пријавен е пожар на кровна конструкција во куќа сопственост на Е.Џ. од истото село.

Пожарот, во кој нема повредени лица, бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Кичево. Увид бил извршен.

Извор: Сектор за Внатрешни работи – Охрид

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 3 часа

На денешен ден – 18 април

1480 година – Родена е Лукреција Боргија, покровител на уметници и научници за време на италијанската ренесанса, вонбрачна ќерка на...

ХороскопПред 6 часа

Хороскоп за денес (18 април) недела

ОВЕН Овој викенд за Овенот ќе биде исполнет со страст и романтика. Ќе се чувствувате особено емотивно, страствено и полно...

Здравје и убавинаПред 10 часа

Се што е претерано е штетно по нашето здравје, неколку работи кои мора да се знаат

Се што не е умерено, се е штетно врз човечкиот организам, еве неколку примери кои можат да ни користат низ...

МакедонијаПред 11 часа

Ковид-19 денешен биланс: 824 новозаболени, 31 починати – од нив најмладиот починат е на 38 години од Битола

Во изминатите 24 часа од направени 3988 тестови, 824 се позитивни на коронавирус, а битката со Ковид-19 ја изгубија 31...

СпортПред 12 часа

Ф1: Луис Хамилтон ја освои 99-тата пол позиција во својата кариера

Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Емилија Ромања во Формула 1 шампионатот....

АвтомобилиПред 17 часа

ЕУ забележа нагло зголемување на продажбата на нови автомобили

Вкупната продажба на автомобили во Европската унија се зголеми за 87,3 проценти во март во однос на истиот период минатата...

Временска прогнозаПред 17 часа

Доаѓа циклонска активност која носи врнежи од дожд и грмежи – ова се најновите метео детали

Нашата држава се наоѓа под влијание на циклонска активност која условува доста нестабилно време. Понатаму кон крајот на денов и...

КичевоПред 17 часа

Причина за сечење на 30 годишните врби во центарот на Кичево

Известување во насока за дознавање на вистината и елиминирање на секакви сомнежи околу одстранувањето на 27 годишните врби од пред...

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден – 17 април

1492 година – Кристофоро Коломбо доби согласност и пари од шпанскиот крал Фердинанд V и кралицата Изабел за истражување на...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп ( 17 април ) сабота

ОВЕН Генерално сте задоволни со деловната ситуација, денешниот ден ви е многу поволен. Ве очекува исклучително интересно познанство. Ќе се...

НАЈЧИТАНИ