Следете не

Социјални мрежи

„Фејсбук“ пред огромни промени, но и сината боја ќе стане минато – дознајте што прво ќе се смени (ВИДЕО)

Avatar

Објавено пред

на

Следи серија на промени во социјалните мрежи во сопственост на компанијата, меѓу кои и „Инстаграм“ и „ВатсАп“, откри на конференцијата Ф8 основачот и шеф на  „Фејсбук“, Марк Закерберг. Новиот дизајн и сервиси кои ќе ги имаат овие апликации се директен одговор на огромниот број критики за тоа како технолошкиот гигант ги штити корисничките податоци.

Иднината е приватност. Благо да се каже, знам дека во моментов немаме најсилен углед во поглед на приватноста, изјавил Закерберг.

Закерберг најави дека компанијата планира да ја стави приватноста на прво место, додавајќи дека треба многу да се направи за повторно градење на доверба со корисниците.

Во говор до програмерите, Закерберг објасни дека новиот фокус на „Фејсбук“ ќе биде огромна промена во начинот на кој ќе работи компанијата. Некои од поголемите промени кои ќе бидат вклучени во продуктите на компанијата се:

Пораките испратени преку „Месинџер“ ќе бидат енкриптирани, што значи дека „Фејсбук“ нема да може да ја гледа содржината, а платформата ќе биде целосно интегрирана со „ВатсАп“.

„Инстаграм“ тестира „приватни пресметки на лајкови“, алатка која ќе ги крие лајковите кои ги имаат објавите, освен за сопственикот на профилот.

Ќе има краткорочен начин за споделување на содржини во пораки, што значи дека нема да останува трајна трага од нив.

„Фејсбук“ апликацијата ќе претрпи редизајн. Препознатливата сина боја најверојатно ќе биде променета, додека групите ќе станат централни на страницата за вести на профилот.

Редизајнот ќе започне од САД, а потоа ќе се прошири и на други држави.

Објавите на „Инстаграм’ повеќе нема да мора да почнуваат со фотографија или видео и ќе биде овозможено да се објави содржина само преку текст, стикери или цртежи.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Социјални мрежи

Инстаграм воведува веб директни пораки за сите корисници

Avatar

Објавено пред

на

Инстаграм започна да воведува веб-пристап до инстант пораки до сите свои корисници ширум светот. Компанијата ја објави презентацијата на својот профил на Твитер. Како и обично, можеби ќе треба да почекате некое време пред да пристапите до оваа функција.

Директни пораки

После внатрешен пробен период, компанијата започна со тестирање на директни пораки на мрежата на почетокот на годината со „мал процент“ на корисници. Како и со мобилната апликација Instagram, можете да ја користите оваа функција да учествувате во индивидуални и групни разговори, како и да споделувате фотографии.

Давање пристап на луѓето до приватни пораки, без оглед на нивната платформа за избор, е целта на Фејсбук од минатата пролет. Компанијата на крајот се надева дека ќе понуди обединување на пораки во сите свои основни апликации, вклучително и Instagram, WhatsApp и Messenger.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

Viber има нова опција, ова се новостите

Avatar

Објавено пред

на

Rakuten Viber, една од водечките апликации за размена на пораки во светот, денес го најави глобалното претставување на својата најнова функција My Notes, соопшти компанијата.

My Notes е нов регистар во прегледот на разговори на корисникот кој помага во сортирање списоци на обврски, фотографии, потсетници и многу повеќе – на едно место.

Како што се наведува, ова дигитално решение ќе овозможи да:

– Создава список на претстојни обврски, кои можат да се штиклираат кога ќе бидат решени,

– Зачува омилени пораки, видеа или фотографии на едно место,

– Синхронизира податоци помеѓу било кој уред (како мобилен телефон, десктоп компјутер, таблет, итн.)

– Закаже потсетници за најважните белешки (наскоро во функција).

Rakuten Viber е дел од Rakuten Inc., глобален лидер во електронската трговија и финансиските услуги.

/denar

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

Facebook во борба против коронавирусот

Avatar

Објавено пред

на

Kоронавирусот се шири низ светот, така и низ интернет се шират најразличните информации за него.

Информациите на социјалните мрежи не се баш најточни. Така објавите на Facebook за кои се утврдува дека се лажни ќе имаат помал опсег, а на луѓето ќе им бидат прикажувани точни информации.

Од Facebook истакнуваат дека ќе се известуваат луѓето што споделуваат лажна или неточна содржина, а доколку таа содржина би можела да им наштети на луѓето, ќе бидат отстранети,односно избришани.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 4 часа

Вчера три лица од Кичево не го почитувале Полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие (24/25..2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и...

ХороскопПред 18 часа

Денешен Хороскоп (25.05) понеделник

ОВЕН Загрижени сте за својата заработка и честопати ви се чини дека некои работи одат во погрешна насока. Ви се...

СветПред 20 часа

(ВИДЕО) На Австралија и се заканува бура и невреме кое не се памети последниве години

На Австралија во наредните часови ѝ се заканува најсилната бура во последните 10 години. Се очекуваат обилни дождови, силни ветрови...

МакедонијаПред 1 ден

Промена на сообраќаен режим: Од утре во следните шест до девет месеци ќе се изведуваат градежни работи Куманово – с. Страцин

Виадукт трејд известува дека на ден 25.05.2020 ќе се започне со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од...

КичевоПред 1 ден

Честитки по повод „Рамазан Бајрам“ од нашите партнери: „Бакарди“ , „РиД Електроника – Тотал ТВ“ , „АТВА Маркети“ и „Акорд Радио“

Преку нашиот медиум, нашите официјални соработници и партнери „Bacardi Lounge Bar“ , „Total TV – РиД Електроника“, „ATVA Marketi“ и...

КичевоПред 1 ден

Ќе се најде решение? Во Кичево и с.Бачишта нападнати од кучиња скитници

На 23.05.2020 година,  во полициската станица Кичево, А.Б.(23) од кичевското село Бачишта, пријави дека во атарот на селото бил нападнат...

ВидеоПред 1 ден

(ВИДЕО) Монструозно лизгање на земјиште уловено на камери

Сè е забелеажно со камера, а глетката дефинитивно ќе ве остави без здив… © Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови...

Здравје и убавинаПред 1 ден

Колку треба да се движиме за да го собориме вишокот килограми?

Губењето килограми не секогаш мора да се состои од исцрпувачкото трчање или поминување на голем број часови во теретана. Пешачењето...

МакедонијаПред 1 ден

Честитки по повод верскиот празник „Рамазан Бајрам“ до сите припадници на исламската вероисповед

Годинава месецот Рамазан за прв пат муслиманите го минуваа на невообичаен начин, поради мерките за заштита од Ковид-19 вирусот кој...

Временска прогнозаПред 2 дена

Толку од сонцето, од денес на пладне пороен дожд и засилен ветер, слично ќе биде до среда

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи....

НАЈЧИТАНИ