Кичево Култура Настани

Започнува проектот „Факти за градот Кичево“

„Факти за градот Кичево“ преставува проект на историчарот Доц.Др Никола Митровиќ Бабе и е своевидно продолжение на проектот „Факти за градовите“ во кои нема да биде само нашиот град Кичево, опфатени се и градовите Охрид, Струга, Битола и Скопје.

„Факти за градот Кичево“ е хартиен додаток со секое нарачано кафе низ кичевските кафетерии и ресторани во кои има пишани податоци за урбаната историја на градот Кичево.Податоци кои покрај едукација допринесуваат и за забава и дополнителна кафе тема на разговор. Така можете да ги сретнете податоците кога е изграден булеварот во градот Кичево, кој бил првиот хотел во градот, кога градот Кичево добил улично осветлување и слични други тематики од градската историја.

Самата идеја започнува да се имплементира од понеделник 03.12.2018 година во Lоungе bar New Аge а ќе се прошири низ другите кафетерии и ресторани кај кои ќе има интерес. Проектот е заштитен и го има во три јазици, македонски, албански и англиски.

За сите заинтересирани, дополнителни нарачки од „Факти за градот Кичево“ може да се извршат на електронската пошта: nikmitrovic@yahoo.com