Следете не

Живот и стил

(ФОТО) Емотивна приказна која ќе ви ја врати вербата во љубовта!

Avatar

Објавено пред

на

Ахмад и Фатима се две личности со тажни животни приказни кои само љубовта успеала да ги спои. И двајцата се со посебни потреби, Ахмед не може да ги користи рацете, а Фатима нозете.

Неодамна венчаниот пар, и покрај своите хендикепи, успеал максимално да го искористи она со што располага.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Живот и стил

Ослободете се од целулитот за само 30 дена

Avatar

Објавено пред

на

Благодарение на овој рецепт за природен лосион, резултатите ќе ги забележите веќе за 30 дена. Не трошете пари на креми и третмани, дома можете сами да си направите евтино средство кое навистина може да ви помогне.

Составот на овој лосион е многу поедноставен во споредба со комплицираниот состав на купечките креми и гелови со стотици хемиски состојки кои најчесто не функционираат.

Направете го овој лосион и секојдневно со него мачкајте ги погодените места. Резултатите ќе бидат набрзо видливи, секако доколку сте упорни.

Потребни состојки:
  • ½ јаболко
  • 2 моркови
  • 1 краставица
  • ¼ главица свежа зелка
  • 1 лимон
Начин на подготовка:

Направете сок од сите овие состојки, добро измешајте и протресете.

Начин на употреба:

Нанесувајте го секој ден по еднаш, најдобро пред туширање. Вмасирајте го на сува кожа во деловите кои се зафатени со целулит и погрижете се добро да впие.

Облечете стари памучни хеланки, седете или лежете и после половина час истуширајте се.

Остатокот од сокот чувајте го во фрижидер. Подготвувајте нова тура од лосионот по потреба.

Комбинацијата на овие моќни сокови кои се познати по своето фантастично дејство во дермалната примена, ќе ви ја зацврстат кожата, ќе ви ја поттикнат циркулацијата, ќе ви ја намалат збрчканоста на кожата и секако видливоста на самиот целулит.

Вежби и исхрана кои ќе придонесат за посилни ефекти во текот на третманот

Додека го применувате овој лосион, секој утро пијте по 2 големи лажици јаболков оцет растворен во голема чаша вода.

Ако сакате долготрајно да ги задржите добиените резултати, време е да почнете да практикувате и некои други здрави елементи во вашиот живот. Размислете за јога, вежби за зацврстување, брзо одење, пливање, танцување, скокање на трамполина, боречки вештини…

Создадете секојдневна навика да вежбате по 20 минути 5 дена во неделата. Вашето тело ќе се врати во рамнотежа и ќе се намали целулитот.

Исхраната базирана на намирници со помала количина на масти помага во намалување на целулитот како што се житариците, а исто така помага и за исфрлање на токсините од телото. Овошјето и зеленчукот како аспарагус, авокадо, банана, брокула и крушка се одлични за превенирање на развојот на целулит. Затоа секој ден обидувајте се да јадете по 5 мали порции од овие намирници.

Други корисни додатоци кои можете да ги вклучите во вашата исхрана се омега 3 масните киселини, лененото масло, гинко билобата и соиниот лецитин. Тоа се многу ефикасни додатоци во исхраната кои делуваат на подобрување на циркулацијата, метаболизмот и штитат од оштетување на клетките.

И за крај, држете се настрана од алкохолот, шеќерот, цигарите и кофеинот, бидејќи тие ги намалуваат крвните садови и го влошуваат изгледот на целулитот. Исто така обидете се да намалите со внесувањето на сол, со оглед на тоа што таа го поттикнува задржувањето на водата, а со тоа и видливоста на целулитот.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Недела е ден за..

Avatar

Објавено пред

на

Иако многумина ја сметаат неделата за монотон и досаден ден, сепак неделата е онаква каква што ќе направите да биде.

Во продолжение ви претставуваме неколку работи кои може да ги направите токму на овој ден

1. Посветете му се на домот и семејството

Недела е одличен ден за разни домашни активности. Заедно со вашето семејство извршувајте ги домашните обврски. Уредувањето на домот на тој начин ќе биде позабавно, a вашите деца ќе научат што значи одговорност со самото тоа и ќе го почитуваат повеќе вашиот труд.

2. Излезете на прошетка или на вкусен ручек / вечера

Ако сте завршиле со домашните обврски, не ви се готви и сакате да одморите во природа, одберете место каде ќе може да се релаксирате, да уживате во вкусната храна, а вашите деца да се забавуваат на свеж воздух во природа.

3. Филм, книга или разговор
Вечерта поминете ја во пријатен домашен амбиент. Гледајте некој семеен филм, разговарајте со вашите најблиски за нивните интереси и идеи. Посвете му се на вашето семејство и создадете хароминија во вашиот дом. Пред заспивање, реласирајте се со некоја добра книга.

Уживајте во неделата и направете го овој ден од седмицата најубавиот ден.

/Хибрид

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Тешко станувате на утро? Еве неколку трикови за надминување на личниот проблем

Avatar

Објавено пред

на

Доколку ви е тешко станувањето рано при тоа многу често доцните на работа треба да знаете дека тоа не е само навика или неодговорност, туку причината може да биде и генетска.

Нашиот внатрешен часовник, поради кој ни е лесно и тешко да легнеме порано и да станеме рано наутро, дефиниран е во нашите гени. Научниците утврдиле дека дури 7 гени се вклучени во овој механизам кој не зависи од нашата волја.

Тие исто така утврдиле дека учесниците во истражувањето, кои себе се опишале како утрински типови на луѓе, имале многу помалку проблем со несоница, сосема им било доволно 8 часа сон секоја ноќ, како и тоа дека овие луѓе имаат помалку ризик од депресија отколку луѓето кои себе си се опишале како “ноќни типови” .

За оние кои гените ги успиваат наутро еве неколку трикови како да станете на време.

– Оставете го будилникот малку подалеку од дофат на раката за да мора да станете од кревет и да го исклучите. Големи се шансите ако ви е на дофат на рака веднаш да го исклучите и да продолжите да спиете.

– Отворете ги темните завеси навечер пред да си легнете. Наутро кога ќе влезат сончевите зраци во спалната соба ќе ви биде уште еден знак дека треба да станете. Друг начин да го постигнете ова е да си набавите од оние будилници кои освен звук емитираат и сончева светлина. Ова е одлична опција за во зимските денови кога се разденува малку подоцна а треба да станете пред да изгрее сонцето.

– Немојте да се туширате непосредно пред да си легнете. Туширањето знае да ве расони па после потешко да заспиете. Најдобро е да си направите топла купка барем еден час пред да си легнете, а уште подобра варијанта е да се истуширате наутро, така сигурно ќе се расоните.

– Помалку консумирајте алкохол и кофеин. Понекогаш на крај на работниот ден за опуштање знаеме да се напиеме чаша вино или некој друг алкохолен пијалок. Но ако знаете дека мора да станете наредното утро рано а при тоа да бидете наспани и одморени заборавете на кофеинот и на алкохолот. Наместо тоа напиј те се топол чај од камилица или некој друг чај од билки, уште наредното утро ќе ја воочите разликата.

– Напијте се чаша вода веднаш по станувањето. Најдоброто нешто наутро е да се напие чаша вода на празен стомак. На овој начин вашето тело ќе биде хидрирано и ќе активира  метаболизмот што ќе ви даде дополнителна енергија. Водата, исто така, ќе ви помогне да се разбудите и да се освежите по долгата ноќ без вода.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 2 часа

Од денес започнува уписот на првачињата

Во период од денес, 1 јуни, до 30 јуни, во основните училишта во земјава ќе се запишуваат ученици во прво...

Временска прогнозаПред 8 часа

И денес слично како и вчера, краткотрајни локални врнежи од дожд можна е и ретка појава на грмежи, од четврток стабилизација на времето

Времето денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава...

ХороскопПред 10 часа

Дневен Хороскоп (01.06) понеделник

ОВЕН Доаѓате до нови идеи, креативноста ви е денес нагласена и посветете се на тоа. Го променивте мислењето за саканата...

Живот и стилПред 14 часа

Ослободете се од целулитот за само 30 дена

Благодарение на овој рецепт за природен лосион, резултатите ќе ги забележите веќе за 30 дена. Не трошете пари на креми...

МакедонијаПред 20 часа

Бројките не стивнуваат, денес нови 62-ца заболени од Ковид-19 кај нас

Во последните 24 часа направени се 771 тестирање, а регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-24,...

Живот и стилПред 1 ден

Недела е ден за..

Иако многумина ја сметаат неделата за монотон и досаден ден, сепак неделата е онаква каква што ќе направите да биде....

ЗанимливостиПред 1 ден

(ВИДЕО) Како храбрите кученца ги штитат своите бремени сопственички

Некои кучиња би го дале својот живот за доброто на своите сопственици. Овие храбри кучиња во оваа компилација ги обожаваат...

Временска прогнозаПред 1 ден

Локално се очекуваат врнежи и грмежи цела седмица со кратки сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и појава на грмежи. Како...

ХороскопПред 1 ден

Денешен Хороскоп (31.05) недела

ОВЕН Поволен ден е пред вас. Може да очекуваѕе дека ќе добиете некои убави вести за нова работа. Интересно познанство...

КичевоПред 1 ден

„Bacardi“ – Кичево денес со активна достава на храна и кафе за носење

Нашите партнери од Bacardi Lounge Bar ве известуваат дека денес 31.05.2020 недела ќе бидат достапни само за достава на храна...

НАЈЧИТАНИ