Следете не

Свет

(ГАЛЕРИЈА) Ова е најстуденото село во светот: Просечната температура во Јануари е минус 50

Avatar

Објавено пред

на

Добредојдовте во Ојмјакон, најстуденото село на земјата каде што просечната температура во јануари е -50 °C и трепките на жителите се замрзнуваат за само неколку секунди откако ќе излезат од дома. Оддалеченото сибирско село Ојмјакон е најстудената населена населба во светот. Било толку студено во руското село што новиот електронски термометар се расипал откако измерил минус 62 °C.

Официјалната метеоролошка станица забележала минус 59 °C, но локалните жители изјавиле дека нивните мерења се толку ниски, дури до минус 67 °C, односно помалку 1 ° од најниската температура за постојана населба било каде во светот. И тоа рекордно снимање е направено во истото место уште во 1933 година.

Еден селанец во Ојмјакон забележал температура од минус 67 степени, додека други се согласиле дека официјалното читање на минус 59 °C не ја кажува целосната приказна. Дигиталниот термометар бил инсталиран минатата година за да му помогне на Ојмјакон да се „рекламира“ кај туристите, но откажал откако успеал да измери минус 62 °C. „Се скрши, бидејќи беше премногу студено.“, објавиле од The Siberian Times.

Селото е дом на околу 500 „отпорни“ луѓе, а во 1920-тите и 1930-тите било станица за сточари кои одгледувале ирваси и ги воделе своите стада до термалниот извор. На овој начин градот го добил своето име кое се преведува како „вода што не замрзнува“.

Советската влада подоцна ја направила локацијата постојана населба за време на обид да ја принуди својата номадска популација да ги пушти корените. Во 1933 година, температурата од минус 67,7 °C е забележана во Ојмјакон, прифатена како најниска досега во северната хемисфера. Пониски температури се регистрираат на Антарктикот, но овде нема постојано населени населби.

Дневните проблеми кои доаѓаат со животот во оваа село вклучуваат замрзнување на мастилото во пенкалото, замрзнување на очилата на лицата на луѓето или пак откажување на батериите. Се вели дека локалните жители ги оставаат своите автомобили да работат цел ден затоа што се плашат дека нема да можат да запалат повторно.

Ледената земја исто така го отежнува погребувањето. Земјата првин се одмрзнува со оган неколку дена, се додека мразот не се стопи доволно за да може да се ископа дупка за ковчег.

Свет

(ВИДЕО) Овие деца за прв пат добиваат чиста вода во нивното село, погледнете ја нивната реакција!

Avatar

Објавено пред

на

Нивниот сон е да имаат нормален живот, да одат на училиште и да бидат нешто во животот. Погледнете што ќе се случи кога нивното село за прв пат ќе добие чиста вода.

Благодарение на организацијата World Vision кои прават различни проекти во Замбија и други делови во светот, дечињата конечно ќе можат да живеат нормален живот како и сите други деца.

Прочитај повеќе...

Свет

Познати финалистите за изборот за Светски автомобил на годината

Avatar

Објавено пред

на

Во големото финале се автомобили од Европа, Азија и Јапонија. Корејците можат да бидат најзадоволни бидејќи дури три нивни модели се во игра – Hyundai Sonata, Kia Soul EV и Kia Telluride. Од Азија доаѓаат два јапонски модели – два Mazda модели – Mazda3 и CX-30. Некако нормално, најмногу модели помеѓу финалистите доаѓаат од Европа – Mercedes CLA и GLB), Volkswagen Golf и T-Cross, kako и и еден Range Rover (Evoke).

Повеќе прочитајте на ДодајГас ТУКА

Прочитај повеќе...

Свет

Сите почести за „Honeyland“, за нас вие сте победници и испишавте историја!

Avatar

Објавено пред

на

Документарниот филм во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска е третото остварување од Македонија номинирано за Оскар по „Пред дождот“ на Милчо Манчевски и „Дае“ на Столе Попов.

Двете номинации за Оскар во категоријата најдобар документарец и најдобар странски филм се успех кој допрва ќе ја мотивира македонската филмска уметност. Иако, не го доби Оскарот за најдобар документарен филм, а и за најдобар странски филм ова дело направи историја на Оскарите, влегувајќи во категориите за најдобар странски филм, но и како документарец.

За нас вие сте добитници на Оскарите, и тоа двата!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МагазинПред 6 часа

Фчерашни новости ќе формираат циркус за да им парираат на политичарите

Факт е дека веќе подолг период ниту еден циркус не гостувал во нашата држава. Можеби причината за тоа е дека...

ХороскопПред 8 часа

Хороскоп за денес (21.02) петок

Oвен  Денес е поволен ден за подобрување на работите на љубовен план. Ако сте во врска, веројатно вашата врска ќе...

ВидеоПред 11 час

(ВИДЕО) Ова болеше: Мачето на Лила Филиповска се галеше се додека…

Нашата топ ТВ дива ценетата Лила Филиповска речиси и да не очекуваше ваква работа од куќниот-љубимец. View this post on...

Здравје и убавинаПред 14 часа

Природен сок против камен на бубрег

Камењата во бубрег најчесто се состојат од калциум, а можат да бидат предизвикани од премногу сол во исхраната што стимулира...

КичевоПред 15 часа

Кривична за косовар кој со уште четири лица одзеле накит во кичевска златара

Одделението за внатрешни работи Кичево поднесе кривична пријава против Ј.В.(41) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

МакедонијаПред 21 час

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од пратка со потекло од Колумбија наменет за Словенија

 За полициската акција што синоќа се одвиваше во село Крушопек, во скопски Сарај, при што беше запленет еден килограм од...

СлучувањаПред 21 час

Трагедија во рудник во Прилеп, почина работник

Несреќа со трагична последица се случила вчера околу 11:15 часот во рудник во Прилеп. Од МВР информираат дека Д.З.(67) од Прилеп,...

СпортПред 21 час

Хуго Лорис: Не е време да бараме изговори

Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, по дуелот со Лајпциг во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите (0:1),...

МакедонијаПред 21 час

Влажни коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Временска прогнозаПред 21 час

Најмногу дожд во Охрид и Лазарополе, на Шапка 3 сантиметри снег

Во изминатите 24 часа најмногу дожд има наврнато во Охрид и Лазарополе – три литри на метар квадратен, како и...

НАЈЧИТАНИ