Занимливости
Хороскоп за денес | 28.01 Понеделник

Овен
Можен е мал конфликт со колегите денеска. Ве очекуваат мали непријатности.
Се чувствувате осамено и потребни ви се промени на полето на љубовта. Направете го тоа што е потребно за да си најдете среќа и самодоверба.
Чувајте ги бубрезите.
Бик
Ве очекуваат многу обврски во текот на денешниот ден. Правилната организација ви е најважна.
Ако сакате ново познанство и љубов, потребно е што почесто да излегувате.
Имунитетот ви е ослабен.
Близнаци
Можни се компликации на полето на работата. Пред вас се проблеми кои нема да можете сами да ги решите.
Сосема неочекувано ќе сретнете симпатија од минатото. Можно е повторно да се пробудат некои чувства во вас.
Проблеми со аритмија.
Рак
Денешниот ден може да биде малку тежок за вас, па не почнувајте нови работи.
Често ве нервираат навиките на саканата личност. Ви се чини дека пренаглувате во некои реакции.
Здравјето е добро.
Лав
на полето на работата ќе го остварите сето тоа што го планирате. Пред вас е генерално поволен ден.
Не сте сигурни како да ги прифатите промените кои ги забележувате кај вашиот партнер. Можно е да сте изненадени од некои работи.
Чувствителен кардиоваскуларен систем.
Девица
Можете да очекувате проблеми на полето на работата. Поволен ден за некои важни прашања.
Потребно ви е поголемо разбирање од страна на партнерот. Понекогаш имате впечаток дека не сте разбрани доволно.
Проблеми со стомакот.
Вага
Проблемите кои ги имате на работа ќе успеете да ги решите многу лесно. Поволен ден за вас.
Важно е на саканата личност да и покажете дека имате трпение во љубовта.
Проблеми со грлото.
Шкорпија
Ќе добиете прилив на пари денеска. Ве очекува можност да завршите некои разговори.
Ситуацијата меѓу вас и саканата личност не е онаква каква што сакате да биде. Пробувате да најдете решение за тоа.
Зголемен апетит.
Стрелец
Ако се потрудите доволно, ќе успеете да остварите подобрување на околностите на ова поле.
Потребно ви е некое време за партнерот. Можно е на некој начин да сте одалечени еден од друг.
Проблеми со вртоглавица.
Јарец
Наскоро ќе имате можност да склучите ново партнерство кое би можело да биде многу значајно за вас. Денешниот ден е клучен за тоа.
Можно е емоциите да ве влечат назад кон личност која се уште не сте ја преболеле.
Проблеми со несоница.
Водолија
Го добивате тоа што долго го очекувавте, но сега не сте сигурни како да се поставите.
Имате добар однос со партнерот. Одлично се сложувате и немате проблеми во комуникацијата.
Зголемете го внесот на минерали.
Риби
Ќе се потрудите да се посветите на работата иако можеби денес не сте сјајно расположени.
Избегнувајте кавги со саканата личност. Не е добар ден за тоа.
Здравјето ви е чувствително.
Занимливости
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при секое излегување на патеката. Не размислуваме само за ризикот од смрт, туку и за повредите кои можат засекогаш да ги отстранат од моторните спортови.
Возењето на возачите од мотоспортот обично значи дека тие остануваат без занает во нивните раце. Причината лежи во тоа што речиси сите момчиња и девојчиња од мали нозе се занимаваат со мото спорт, па добар дел од нив не го завршиле целосно образованието.
Лавината околу платите започна кога ДОРНА официјално објави дека годинава ќе се одржат 42 трки, односно по две трки по тркачки викенд. Воведувањето на спринтерски трки го зголемува ризикот за возачите и бара дополнителен напор од нив (да бидат физички поподготвени итн.). Бидејќи ДОРНА е иницијатор на дополнителните трки, тимовите побараа ДОРНА да ги сноси трошоците за зголемување на платите.
Во виорот на овие настани, La Gazzetta dello Sport ги претстави платите што ги добија возачите на MotoGP во 2022 година. Ве молиме имајте предвид дека бројките што ги гледате се веројатно само сумите што возачите ги добиваат од тимовите за кои возат. Вкупната заработка е секако поголема, бидејќи возачите имаат приходи и од спонзори.
Плати на возачите на MotoGP за 2022 година (возач: износ во евра):
Марк Маркез: 12.500.000
Маверик Вињалес: 10.000.000
Фабио Квартаро: 6.000.000
Џоан Мир: 6.000.000
Франческо Бањаја: 5.000.000
Какви суми добиваат Еспаргаро, Морбидели, Жарко и други, погледнете овде.
/nova
Занимливости
Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?

Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви.
Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно.
Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо.
Дали е вкусно? Косата на кората е „големо не“ за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето!
Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.
Сега го знаете одговорот, но, дали ќе пробате да изедете цело киви со кора?
/denar
Занимливости
Кој период од денот е најдобар за вежбање?

Телото за многу работи функционира врз основа на внатрешниот часовник. Овој софистициран механизам ги контролира сите важни процеси во телото, а го поттикнуваат активностите и надворешните фактори.
Овој систем функционира при менување на денот и ноќта. Во текот на денот е активен т.н. систем „симпатикус“, а во текот на ноќта „парасимпатикус“.
Првиот е одговорен за состојбата на будност, ги активира процесите за трошење на мастите и производството на енергија, додека вториот е одговорен за состојба на релаксираност и поспаност и го поттикнува
варењето на храната во телото.
Имајќи го предвид таквото внатрешно функционирање на човечкото тело, оптимално време за физичка активност е првиот дел од денот.
Сепак, бидејќи по будењето на телото му треба одредено време за да се раздвижи, не се препорачува интензивно вежбање рано наутро.
На оптималното време за тренинг влијае и индивидуалниот метаболизам и животниот стил.
Следејќи ја природата на човечкото тело, најдобро е да се вежба во текот на денот, а не навечер.
Доцните вечерни тренинзи можат да го нарушат внатрешниот часовник, односно можат негативно да влијаат врз процесот на спиење и регенерирање на телото.
/denar
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје12 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза11 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Здравје и убавина16 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот