Следете не

Занимливости

Хороскоп за денес (21.6) Четврток

Објавено пред

на

Нема да ви се допадне веста која ќе ја слушнете од колегите, за нивните активности без ваше знаење или дозвола. Иако ќе се трудите да ја откриете причината, вашата субјективност само ќе ви ги дозамати работите. Не дозволувајте ваквата состојба да предизвика емоционални кризи. Во љубовта состојбата значително подобра. Очекувајте страствена авантура или флерт со некоја стара љубов или училишен другар.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе почуствувате дека вашиот партнер посилно го врзува чуството на должност кон вас отколку љубовта. Ако навистина негувате нежни емоции пробајте повеќе да ги изразувате, вашиот партнер тоа го очекува од вас. Во текот на денот ќе имате прилика да ја поправите вашата финансиска ситуација, но не ги зголемувајте трошоците. Здраствената состојба ви е релативно добра.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Ако до крајот на денот успеете да го задржите позитивното чуство со кое сте се разбудиле утрово, денешниот ден ќе ви донесе добри прилики и уживање. Неочекуваните средби со некои луѓе можат да ви направат најзабавен ден. Обидете се со нешто што сеуште не сте го направиле, а од секогаш сте посакувале. Големо внимание ќе посветите на вашиот изглед.
Рак (22.06 – 22.07)
Нема да можете да се смирите ниту да се одлучите за еден план или само за една личност. Ќе сакате да ги испитате сите можности, само ве предупредуваме дека тоа е наједноставниот начин да не ви успее реализација на ниту една шанса. Што се однеусва до работата можеби некако ќе се одлучите за еден план, а кога станува збор за љубовта вие седите на две столици. Бидете внимателни.
Лав (23.07 – 22.08)
Помалку сте потиштени. Не сакате да ве види околината во таква состојба, па затоа се повлекувате во некоја ваш свет и правите работи кои ви причинуваат задоволство. Една од причините за лошото расположение е некој здраствен проблеми или пак прекинување на некое старо пријателство. За што и да се работи брзо ќе излезете од таа криза без никакви последици.
Девица (23.08 – 22.09)
Најзначајно за вас денес е искористувањето на вашите ментални потенцијали. Ќе бидете постојано исполнети со прогресивни идеи, кои ќе наидат на одличен прием, било каде да ги презентирате. Начинот на кој тоа го правите е професионален и оставате силен впечаток кај сите ваши слушатели, кои нетрпеливо исчекуваат што ќе кажете. Родените од првата декада ќе размислуваат за важна одлука во врска со љубовта.
Вага (23.09 – 22.10)
Очекувајте комплименти во врска со добро завршената работа. Тоа во моментот многу ќе ви годи и ќе ви дава елан за да продолжите со деловни потфати. Тоа е вистинската работа која долго сте ја очекувале. Што се однесува до љубовниот живот критиката од страна на вашиот партнер многу ќе ве навреди. Очигледно дека сте незадоволни од однесувањето на вашиот партнер, размислете добро како ќе постапите.
Скорпија (23.10-21.11)
Ќе правите испади, ќе ја криете љубомората-ништо ново. Можеби на тој начин ги освежувате односите со спротивниот пол? Бидејќи е зголемена склоноста кон популарност, љубов и уметност-не чекајте веднаш почнете со нешто. Резулататите навистина ќе бидат огромни. Здраствената состојба е чуствителна можни се ревматски проблеми и покрај високите температури.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денешниот ден е доста поволен како на професионален план така и финансиски. Она на што треба да ве предупредиме е некое старо непријателство кое ќе биде заострено. Иако не сакате лоши односи би било добро да се дистаницирате од личности за кои сте уверени дека не делуваат позитивно на вас. Стрелците кои се во брак или врска ќе успеат да ги подобрат односите со партнерот само со отворен разговор.
Јарец (22.12 – 20.01)
Скоро целиот ден ќе го поминете во пријатни дружења со пријателите и вашите блиски. Освен тоа што ќе се забавувате во некои необавезни разговори би можеле да слушнете и некои информации кои добро ќе ви дојдат за во иднина. Добро отворете ги учите бидејќи ќе има што да слушнете, а вистината од лагата тешко ќе се разликува. Немојте подоцна да се жалите поради недоволна упатеност бидејќи тоа нема да помине.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не започнувајте ништо ново во било кој аспект од вашето живеење. Најдобро би било да се посветите исклучиво на неопходните дневни обврски и да се одморите. Посветете му повеќе внимание на вашиот партнер, направете нешто барем тој да не ја почувствува вашата безволност. Слободните претставници да не го менуваат друштвото. Здраствената состојба ви е чуствителна, земајте ги лековите редовно.
Риби (20.02 – 20.03)
Активностите со кои треба да го завршите проектот, веќе подолго време ве оптеретуваат и никако неможете сериозно да им се посветите. Соберете сила, бидејќи работите можат темелно да се промеант и целата досегашна работа да ви оди во вода. На емотивен план ќе го решите проблемот со љубомората но само навидум. Оние кои не се во врска ќе бидат упорни во заведувањето на симпатијата. Здравје: многу добро.

YouTube Live Stream

„Bitcoin“ ги премина сите бариери, нова шок вредност денеска..

Објавено пред

на

Биткоинот ја проби границата од 98.000 долари вчера, поставувајќи нов рекорд, додека инвеститорите продолжуваат да ја слават победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, обложувајќи се дека тоа ќе донесе добар период за индустријата за криптовалути.

Најпопуларната криптовалута во светот се зголеми за уште четири отсто на 98.342 долари, објави Блумберг. Цената на биткоинот порасна за 40 отсто од изборите на 5 ноември, соборувајќи низа нови рекорди, пишува Financial Times.

За време на неговата кампања, Трамп гласно промовираше криптовалути, ветувајќи дека ќе ја направи Америка „биткоин суперсила на светот“ и ќе создаде „стратешка резерва“ на овој токен.

Неговата реторика ги возбуди инвеститорите кои се обложуваат на прилив на институционален капитал во секторот на криптовалути.

Биткоинот надмина 94.000 долари претходно оваа недела по извештаите дека компанијата на новоизбраниот американски претседател, Trump Media and Technology Group, преговара за купување на фирмата за трговија со криптовалути Bakkt. Оваа вест дополнително ги поттикна очекувањата за пријателскиот однос на идната администрација на Трамп кон криптовалутите.

/biznis.rs

Прочитај повеќе...

Занимливости

Астрономите очекуваат експлозија на ѕвезда која се случува еднаш на 80 години

Објавено пред

на

Деновиве, најголемите научници од сите вселенски агенции гледаат во темната точка што го чека ударот – ерупцијата на ѕвездата T Coronae Borealis. T The Northern Crown е систем со две ѕвезди на 3.000 светлосни години од Земјата со бела мртва ѕвезда која го краде притисокот и топлината од блиската древна ѕвезда – црвен џин.

Овој трансфер на енергија на крајот ќе предизвика термонуклеарна експлозија што се случува на секои 80 години, каде што помладата ѕвезда „нова“ ќе стане видлива со голо око една или две недели пред повторно да се затемни.

Ако се прашувате како една ѕвезда може да експлодира на секои 80 години, науката има одговор. Имено, оваа ерупција или експлозија не е како супернова, односно ѕвездата не „умира“. Таа веќе мртва, џуџеста ѕвезда останува недопрена по ерупцијата, а потоа циклусот продолжува и се повторува.

„Тоа е настан кој се случува еднаш во животот кој ќе создаде многу нови астрономи, давајќи им на младите луѓе космички настан што ќе можат сами да го набљудуваат, да поставуваат прашања и да собираат свои податоци“, рече д-р Ребека Хаунсел, Њу на НАСА. Специјалист за настани во Центарот за вселенски летови Годард.

Во 1946 година, ѕвездата накратко се затемни неколку месеци пред да еруптира. Во 2023 година, невладината организација Американска асоцијација на набљудувачи на променливи ѕвезди (AAVSO) објави дека експлозија може да се случи во секое време.

Астрономите на НАСА процениле дека експлозијата би можела да се случи до септември 2024 година, но нема податоци дека се случила. Среќа да ја снимат оваа историска ерупција ќе имаат вселенскиот телескоп „Ферми Гама“, кој моментално се наоѓа во ниската орбита на Земјата, како и телескопот ИНТЕГРАЛ на Европската вселенска агенција.

Во оваа прилика, астрономите ќе можат да го проучуваат овој тип на ѕвездена експлозија од неколку различни агли.

Оваа експлозија се случува релативно блиску до Земјата, па така научниците ќе можат да ги проучуваат брановите должини и на тој начин да собираат податоци и подобро да ги разберат процесите за време на таквите настани.

„Едвај чекаме да добиеме целосна слика за тоа што се случува“, вели Елизабет Хејс, научник од НАСА.

Извор: 021.rs

Прочитај повеќе...

Занимливости

Дали знаевте за мега-калкулаторот кој е практично компјутер?

Објавено пред

на

TI-84 Plus е десетгодишен дигитрон кој има монопол на образовниот пазар. Овој конкретен уред доби ново ажурирање. ChromaLock го трансформираше овој уред во моќна алатка со пристап до Интернет, интеграција на ChatGPT и други напредни функции.

Модификацијата, Ti-32, воведува способност далеку од првичниот концепт на дигитрон и предизвикува загриженост за неговата потенцијална употреба во „академско мамење“.

Новиот дигитрон има можност за поврзување со други уреди преку Wi-Fi мрежа. Ова им овозможува на корисниците дискретно да пристапат до ChatGPT и да внесуваат сложени математички проблеми, да пребаруваат на Интернет и да комуницираат со други корисници.

ChromaLock го направи овој дигитрон комерцијално достапен, но нагласи дека нема желба да промовира „академско мамење“. Бидејќи самиот уред изгледа исто како обичен дигитален компјутер, никој нема да може да провери што навистина прави ученикот. Овој дигитрон е сон на секој „измамник на испити“.

Извор: tribune.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

YouTube Live Stream7 часа

„Bitcoin“ ги премина сите бариери, нова шок вредност денеска..

Биткоинот ја проби границата од 98.000 долари вчера, поставувајќи нов рекорд, додека инвеститорите продолжуваат да ја слават победата на Доналд...

Фчерашни новости8 часа

Хороскоп за петок (22 ноември)

ОВЕН Не се вознемирувајте премногу ако некој ве разочара утрово. Сочувството, разбирањето и општата помош што сте подготвени да им...

Култура10 часа

Свештената Бигорската Обител го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил

Благословеното пристаниште на небесната радост, Свештената Бигорската Обител, во изминатото ноќеденство со особена радост и чест го славеше благодатното соединување...

Спорт11 часа

Грујоски главен во Струмица, Ставрев ќе суди во Скопје – ова се судиите кои ќе ја делат правдата во 15-то коло во првата македонска фудбалска лига в недела

Фудбалската федерација на Македонија ги истакна судиите кои ќе го судат 15-тото коло во првата македонска фудбалска лига во недела....

Временска прогноза11 часа

Од утре нашиот регион ќе биде под дождлив бран уште од претпладне, додека истиот ќе се проширува и во вечерните часови – ова се најновите метео информации

Под влијание на нов голем влажен воздушен бран од запад и од северозапад, утре (петок) од претпладневните часови од запад...

Кичево14 часа

Во пресрет на новогодишните празници „Intellect Education“ од Кичево организира „Новогодишна магична работилница“ – каде со креативноста на вашите деца ќе создаваат производи

„Intellect Education“ од Кичево организира магична Новогодишна работилница „Santa’s Little Helpers“. Во четврток на 12-ти декември со почеток од 18...

Магазин19 часа

Samsung Galaxy уредите ќе го добијат Android 16 со One UI 8

На 19 ноември, Google ја претстави Developer Preview верзијата на Android 16, што го означува почетокот на развојот на новата...

Култура1 ден

Денеска е Св.Архангел Михаил, на помош празникот на војводата на сите ангели!

Празникот на Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Инаку според календарот на МПЦ (Јулијанскиот...

Магазин1 ден

Биткоинот на берзата за криптовалути достигна ново рекордно ниво од 94.000 долари

Биткоинот вчера се искачи на ново рекордно високо ниво од 94.000 долари, по извештаите дека компанијата за социјални медиуми на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (21 ноември)

Овен Пробувате да дојдете до некои промени, но тоа не ви оди од рака. Можно е да имате трема пред...

НАЈЧИТАНИ