Следете не

Култура

Интервју со мултиталентираниот Зоран Стефаноски за неговиот нов четврти проект (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Што те навлече во музиката? 
Роден сум со инструменти татко ми свири гитара, мајка ми свири клавир
и воедно е професор по музичко образование така да лесно е да заклучите
што ме навлекло во музиката 🙂
Прва аудио касета што ја слушнав и што ме натера да се заинтересирам за
музиката воедно и да почнам да свирам гитара беше Carlos Santana.
Па после тоа полека почнав да откривам и да вежбам на класични бендови
кој ги слушаше татко ми како што се The Beatles, Creedence Clearwater Revival,
Deep Purple, Led Zeppelin, Jimi Hendrix но кога прв пат ги слушнав Black Sabbath
тие страшни рифови беа БУМ за мене, ми беше нешто сосема поинакво и поразлично
и во тој бенд ептен се пронајдов.Не сум определен во музиката, слушам секаков стил
што ми привлекува внимание обожавам многу фанк, олдскул рап и хип хоп итн.

Од каде ја добиваш инспирацијата?
Инспирацијата ја добивам на многу лесен начин го пуштам мојот прв проект и ги вртам
сите по ред па ми иде желба и инспирација да створам и склопам нов музички проект
Значи прво почнувам со склопување на гитарските делови секоја нова идеја ја снимам на
обичниот рекордер на телефон колку да не ја заборавам, па друг ден ќе ми дојде нова идеја
и на крај од толку делчиња ги преслушувам внимателно и одбирам кои би одговарале.
Потоа иде друг левел работам, вежбам, склопувам соодветни делови на моите тапани и
на крај бас гитарата.Кога добро се ќе извежбам одам во студио и ја снимам песната.
За сега имам осум песни заедно со официјалните мои четири на ЈуТјуб “The Beginning”,
“Between Passion And Suffering”, “Empire Of Slaves”,”Butchered Hope” па здравје планирам
да издадам мој прв соло албум.

Што ти е омилено во оваа работа?
Омилено во оваа работа?
Нема поомилено нешто од тоа што го сакаш и го работиш од срце со голема љубов и страст.
Не компонирам музика за кеш или да компонирам нешто во кое не се пронаоѓам и тоа да го правам чисто за публицитет
тоа е исто како да работиш работа што не ја сакаш, а глумиш дека ја сакаш, не си СВОЈ на тој начин не излегува
тоа што го имаш вистинското одвнатре и не се експонираш во право светло. Битно ми е да мотивирам се повеќе луѓе
да го користат својот талент и да не се откажуваат а сигурен сум дека успевам во тоа и ми е ептен драго. За сите мои проекти
за се сам сум вложил и сум организирал, голема благодарност на сите мои пријатели што ме поддржале во тоа и ми помогнале.

Дали соработуваш со други луѓе?
Нормално соработувам и со други луѓе имам неколку авторски бендови во кои сум тапанар и секогаш ми се отворени картите за нешто ново
во врска со музиката, пред се најбитно е пријателството, дружбата и добри односи.

Што би бил да не се занимаваше со музика?
Кога не би бил музичар не знам искрено што би бил, имам црн појас карате тренирав и кик бокс можда ке се фокусирав и ќе запливав во тие води 🙂

Дали твојата музика има некое скриено значење?
Мојата музика нема некое скриено значење, како ја компонирам музиката така ми идат и насловите за песните,
реално имаат поврзаност и со нашата ситуација во земјава.

Како го користиш слободното време?
Во слободно време како и секој нормален човек сака да се дружи со своите најблиски, пријатели да се посети некоја свирка и
да се поддржи македонската музичка сцена зошто има многу наши активни и упорни бендови кои ме прават горд што не се откажуваат
и сеуште се гладни за компонирање нова музика.

Што би им препорачал за крај на нашите читатели?
За крај сакајте се, почитувајте се, поддржете се, вложувајте во себе, бидете свои и оригинални не бледи копии на некого, искористете го талентот што го имате во себе
останете секогаш мотивирани без разлика колку демотивација има околу вас, намалете со омраза и фокусирајте се на убавите нешта кои ви ги нуди животот. Со љубов и почит Зоран Стефаноски-Зорчион.

 

Култура

Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Влеговме во светата и блажена Велика Четириесетница, во ова духовно патување што ни е дадено како лек за нашата душа, како можност за обновување, како враќање кон светлината Божествена. Бигорската Обител денеска е озарена од мистичната атмосфера на Чистиот Понеделник, денот кога зачекоруваме на патот на очистувањето, на покајанието, на преобразувањето во Христовата милост.

Во ова прво пустинско деноноќие, кога срцето веќе ја вкусува сладоста на подвижничкиот подвиг, во Манастирот тивко се разлева звукот на долгочасовните богослужби, кои како поток на благодатта течат во душите на оние што пристапуваат кон постот со ревност и со љубов. Гласовите на браќата се издигнуваат во псалмопеења, во пророчки читања, во светоотечки посланија; сè сведочи за светата тајна на покајанието, кое не е ништо друго, туку враќање во домот на Отецот небесен.

„Дојдете луѓе, дарот на постот денес да го примиме, како од Бога дарувано време за покајание, и во него Спасителот да Го смилостивиме“.

Особено трогателен е Великиот Покаен Канон на Свети Андреј Критски – таа молитвена исповед, што го наведува срцето на самопрегледување, на покајнички плач, на длабока внатрешна потресеност. Нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, ги читаше неговите чудесно вдахновени стихови со посебно умиление, со глас полн со сериозност и љубов, со глас што го повикува секој присутен да се соочи со својата душа, да се сретне со себе самиот, да ги согледа сопствените слабости, но и да положи надеж во бездната на милосрдието Божјо.

„Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се приближува и ќе се смутиш. Разбуди се, за да се смилува Христос Бог, Кој е насекаде и сè исполнува“.

Во овој ден на исихија и молитва, во квечерината што го покрива светот, од светите сводови на Манастирот се издигнаа и првите песнопенија на Великото Повечерие.

„Со нас е Бог! Разберете, народи, и покорете се, зашто со нас е Бог!“

Чистиот Понеделник е дар. Тој е почеток на патувањето кон Пасхата, кон Воскресението. Не како некоја надворешна дисциплина, не како обична жртва, туку како откровение за тоа кои сме, каде сме и каде треба да одиме. Затоа, овој пост да не биде само воздржување од храна, туку отворање на срцето за дејствително покајание, за прошка, за добрина, за љубов.

„Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа, а вистински пост е: бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите, на озборувањето, на лагата, на прекршување на дадено ветување. Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен“.

„На покајанието отвори ми двери, Жизнодавче, зашто утренува духот мој кон светиот храм Твој, храмот носејќи го телесен сиот осквернавен; но, како сожалив очисти ме, според благоутробната Ти милост!“ – повикува душата. А Бог, со неискажлива милост, ни ги отвора тие двери. Нè чека. Нè повикува. Да не Го оставаме да чека, истакна Бигорскиот Манастир, повеќе фотографии прегледајте на официјалниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Култура

Добитници на Оскар 2025: „Anora“ е големиот победник на вечерта

Објавено пред

на

Синоќа, во театарот Долби во Лос Анџелес, се одржа 97-то доделување на Оскарите.

Филмови со најмногу номинации

  • Мјузиклот “Emilia Pérez” предводеше со 13 номинации – рекорден број оваа година.
  • По него следуваа “Wicked” и “The Brutalist” со по 10 номинации.

Големата победа на “Anora”

Филмот “Anora”, во режија на Sean Baker, беше најголемиот победник на вечерта. Освои пет награди, вклучувајќи ги Оскарите за најдобар филм и најдобра актерка, пренесува CNN.

Церемонијата во знакот на Конан О’Брајан

  • Конан О’Брајан за првпат беше водител на доделувањето на Оскарите.
  • Настанот започна со специјален филмски сегмент посветен на Лос Анџелес, кој оваа година беше погоден од пожари.
  • Вечерта ја разубавија и Ariana Grande и Cynthia Erivo, со релаксирачка музичка изведба од “Wicked”.

Други забележителни моменти

  • “The Brutalist” ја заврши вечерта со три награди, вклучувајќи и Оскар за најдобар актер за Adrien Brody.
  • “Wicked” и “Emilia Pérez” освоија по две награди.
  • Најголемото изненадување беше филмот “A Complete Unknown”, кој иако имаше осум номинации, не освои ниту една награда.

Победници на Оскар 2025

Најдобар филмAnora

Номинирани за најдобар филм:

  • Anora
  • The Brutalist
  • A Complete Unknown
  • Conclave
  • Dune: Part Two
  • Emilia Pérez
  • I’m Still Here
  • Nickel Boys
  • The Substance
  • Wicked

Најдобар актерAdrien Brody (The Brutalist)

Најдобра актеркаMikey Madison (Anora)

Најдобар режисерSean Baker (Anora)

Најдобра споредна женска улогаZoe Saldaña

Најдобра споредна машка улогаKieran Culkin

Најдобра филмска музикаThe Brutalist

Најдобра монтажаAnora

Најдобар филм на странски јазикI’m Still Here

Најдобро адаптирано сценариоConclave

Најдобро оригинално сценариоAnora

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден

Објавено пред

на

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на седум недели пред Велигден.

„Прости ми, да ти простам“ со овие зборови денес верниците, на големиот празник, ќе забораваат на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости.

За овој наш христијански празник Прочка семејството би требало да го поминат во пријатна и топла атмосфера во богата трпеза. Помладите членови од семејството треба да побараат прочка од постарите членови со зборовите „прости ми“, а постариот член одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Обичаи – амкање и простување

На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, оттука и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и македонски, кои се пренесеуваат од колено на колено меѓу генерациите.

Мора да се напомене, дека од верски аспект, само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.

Затоа денес заборавте на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 секунда

Хороскоп за вторник (4 март)

Овен Се занимавате со ситници кои не ви одат од рака. Морате да се подготвите за посилно  темпо на работа,...

Култура28 минути

Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието

Влеговме во светата и блажена Велика Четириесетница, во ова духовно патување што ни е дадено како лек за нашата душа,...

Кичево4 часа

(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“

Секоја година, на 8-ми март, целиот свет го слави „Меѓународниот Ден на жената“. Еден вид признание и чест за фундаменталната...

Технологија7 часа

Тему, глобална компанија за е-трговија која што ги поврзува потрошувачите со милиони комерцијални партнери

Temu особено сериозно ја сфаќа безбедноста на производите и продолжува интензивно да вложува во зајакнување на својот тим за доверба...

Македонија9 часа

Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на...

Lifestyle11 часа

Како носењето торба може да го загрози вашето здравје

Кога носиме торба на едната страна од телото, нашето тело несвесно се прилагодува на дополнителната тежина.• Рамената се подигнуваат• ‘Рбетот...

Магазин11 часа

16 GB RAM повеќе не се доволни за компјутерски игри – Еве зошто

Долги години, 16 GB RAM се сметаше за стандард за гејминг компјутери, но денешните игри и хардвер бараат значително повеќе...

Магазин11 часа

Microsoft го исклучува Skype – крај за некогаш најпопуларната VOIP услуга

Skype би можел да престане да работи веќе во мај, според последните информации. Microsoft планира да ги премести корисниците во...

Магазин11 часа

Apple Maps воведува реклами – лоша вест за корисниците?

Apple размислува да воведе реклами во Apple Maps, потег што би можел да ја наруши корисничката искуственост и да ја...

Магазин11 часа

Јужна Кореја го отстранува DeepSeek од продавниците

Јужна Кореја го забрани преземањето на DeepSeek поради загриженост за безбедноста на податоците. Владината агенција привремено го забрани преземањето на...

НАЈЧИТАНИ