Здравје и убавина
Како да одолеете на искушенијата?
Да се изеде уште една коцка чоколадо? Да се прати порака до бившиот? Секојдневно се судираме со многу искушенија… тие секогаш се тука. Иако знаеме што е правилно, повторно попуштаме. Но, истражувачите од универзитетот Нортвестерн го откриле најдобриот начин за спротивставување на искушенијата и лошите одлуки. Тоа е – не мислете на она што Ве привлекува!
Досегашната метода се потпираше на приказната за ангелчето и ѓаволчето кои ви седат на рамената, односно експертите веруваа дека ако рационално размислиме и добро измериме зошто е нешто добро или лошо за нас, тогаш правилно ќе постапиме. Но, истражувачите од Нортвестерн тврдат дека колку повеќе размислуваме за добрите и лошите страни на своето искушение и колку поголем е менталниот процес на размислување, толку поголема е веројатноста дека ќе се предадеме на искушението.
„Поради премногу размислување, наскоро на Вашите раменици ќе седат само ѓаволчиња“ – објаснува еден од авторите на истражувањето, Лоран Нордгрен.
Она што навистина делува е пренасочување на вниманието. Доколку Ве влечат чоколадите, излезете надвор и прошетајте. Сакате да му испратите порака на бившиот, а знаете дека тоа не добар потег – јавете и се на другарката и отидете на кафе. Или пак и во двата случаи отидете на трчање – така нема да можете ниту да јадете, ниту да пишувате порака – советуваат експертите.
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за среда (22 јануари)
-
Кичево2 дена
Дистрибутерот на „Жито Лукс“ распишува оглас за работници за реон на Кичево, отворени работни позиции во следните категории
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (21 јануари)
-
Временска прогноза12 часа
Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло
-
Спорт7 часа
(ВИДЕО) ФФМ истакна видео од затекнатата состојба на Академијата, секој талент заслужува подобри услови за фудбал
-
Автомобили6 часа
Најпродаваниот нов автомобил во Европа станува електричен
-
Гејминг2 дена
„Activision“ истакна загриженост поради големиот број „измамници“ односно корисници кои користат помагала
-
Спорт1 ден
Младата футсал репрезентација на Македонија ќе учествува на претквалификациски турнир во Естонија