Свет Случувања

Камерите снимиле грабеж каков што не се памети во Австрија: Крадецот не бил заинтересиран за пари, нешто друго „му фатило око“

Во виенскиот Јосефштад на 15-ти декември бил извршен грабеж каков што не се памети во Австрија. Камерите го снимиле упадот на маскираниот крадец во еден познат кебаб ресторан.

Додека работникот на ресторанот одмарал во просторијата позади, дрскиот крадец влегол во ресторанот и го однел “пленот”. Како што се гледа на камерите, тој не бил заинтересиран за пари туку имал спремна ќеса во која го спакувал целиот ражен со месо и избегал од местото. 

Mangalet Kebabklau

Wir wissen, dass unser Kebab lecker ist, aber wieso klaut man uns um Gottes Willen einen ganzen Mangalet Spieß weg? Das gibt es doch nicht. 🙄 Vielleicht wegen unserem Geheimrezept? Das ist für uns wie ein Bankraub! #kebabklau #josefstadt

Geplaatst door Mangalet op Zaterdag 15 december 2018

Сопственикот на ресторанот на социјалните мрежи ја објавил оваа снимка од грабежот со шеговит коментар:

“Знаеме дека кебабот нѝ е вкусен, но зошто го украл целиот ражен? Ова за нас е како грабеж на банка”.

Се уште не е познато дали крадецот е уапсен.