Македонија
Страотна сообраќајка кај Карпалак, интервенирала и против пожарната екипа!
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Скопје-Тетово. Возилата се целосно смачкани, но засега не се знае како дошло до несреќата и дали има повредени.
Сообраќајот е отежнат, а долга колона возила чекаат.
Полицијата е на местото на настанот и се чекаат детали.
Извор и Фото: faktor.mk
Македонија
Дизелот и бензинот со нова покачена цела за литар од ноќеска
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 1,00, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,50 денари по литар, истакна Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 80,50, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 72,50, а Екстра лесното масло за домаќинство за 72,00 денари за литар.
Македонија
Вечерва регистриран земјотрес во Македонија, епицентарот бил северозападно од Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 5 јануари 2025 година во 23 часот и 12 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 24 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на Македонија со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, известуваат од ЦУК.
Македонија
Д-р Бакрачески ќе биде дополнително ангажиран како консултант во кардиолошкиот оддел на болницата „Плодност“, но останува посветен и во „Специјалната болница за кардиоваскуларни болести“ – Охрид
Вчера во јавноста излезе вест дека почитуваниот Д-р Никола Бакрачески започнува работа во битолската болница „Плодност“, но предмалку докторот за јавноста истакна дека станува збор за дополнителен ангажман два дена во неделата согласно позитивните законски прописи и регулативи.
Д-р Никола Бакрачески: „Останувам посветен на развојот на кардиологијата во Охрид и регионот, како и на понатамошно унапредување на квалитетот на здравствените услуги за пациентите , онаму каде што го вложив најголемиот свој труд, експертиза и знаење во професионалното издигнување и раст на „Специјалната болница за кардиоваскуларни болести – Охрид“.
– Започнувајќи од половината на месец јануари ќе бидам ангажиран како консултант во кардиолошкиот оддел на болницата „Плодност“ во Битола, како и во нејзините идни развојни планови, два дена во неделата согласно позитивните законски прописи и регулативи.“ – истакна за јавноста докторот.
-
Кичево17 часа
Сите собрани средства од кичевскиот „Хуманитарен Божиќен Базар“ во целост ќе се пренаменат за лекување на Дејан Огненоски, вечерва и утре ве очекуваме во најголем број!
-
Кичево1 ден
Вечер на „Хуманитарниот Божиќен Базар“ во Кичево, Епископот Партениј со неговата посета ќе го озари светлиот дух на Божик, ќе има многу подароци и изненадувања за најмилите
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Саксофонистот Даниел Божиноски од Кичево празнично го истакна најновиот музички проект „Маестро чочек“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (8 јануари)
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за четврток (9 јануари)
-
Македонија17 часа
Дизелот и бензинот со нова покачена цела за литар од ноќеска
-
Магазин18 часа
Како да го продолжите животот на батеријата на вашиот телефон: 5 едноставни совети
-
Lifestyle2 дена
10-те најпосетувани градови од туристи во 2024 година