Кичево
Хуманитарен концерт „Од срце за Игор“ на Китино Кале
Овој петок ќе се случува хуманитарен концерт со цел да се соберат финансиски средства за лекувањето на Игор, татко на три дечиња кој боледува од мултиплекс склероза и мора под итно да лекува на IM Clinic во Белград. Како граѓани мора покажеме солидарност и од срце да помогнеме за Игор.
На концертот настапува едниствениот млад бенд од Кичево, Halfgod со рокенрол свирка, а пред нив ќе настапи нашиот Dj Shterjo со неговата одлична музичка селекција, додека после бендот продолжуваат MIlan i Ultimusa со dj set, со целосна техничка поддршка на Dugi Sound и цел капацитет на Barfly.
Влезниците ќе изнесуваат 100 мкд и ќе бидат донирани за лекувањето, како и севкупниот приход на настанот.
Се гледаме на Китино Кале,
Од срце за Игор!
Кичево
(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи
На барање на граѓаните кои живеат таму и со помош на општинскиот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои единствени се ангажираа да го реобноват ова детско катче, денес и официјално беше пуштено во употреба.
Како што изјавија, поставена е нова табла со обрач за баскет, нови клупи, зеленилото е покосено и засадени се нови дрвца, а за најмалите се поставени и нишалки.
Упатуваме честитки, затоа што апелот кој беше упатен до сите, само едни излегоа во пресрет, за таа цел ни испратија и фотографии од реконструкцијата на ова значајно место за најмладите. Претходно во 2019-та година, значаен проект пофаливме ТУКА за битолската раскрсница, затоа што и таа е од значаен сообраќаен аспект.
Кичево
Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг
Денес дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ заедно со родителите и вработените по повод најголемиот христијански празник за прв пат организираа „Велигденски хепенинг“.
Многу радост, среќа и вистинска пред празнична позитивна енергија.
– Среќни сме што оваа година за прв пат го организираме Велигденскиот хепенинг, каде дечињата од нашата градинка во соработка со нивните родители истакнаа најразновидни украси, корпи со традиционални Велигденски јајца. Се надеваме дека овој Хепенинг ќе прерасне во традиција за најголемиот христијански празник Велигден. Воедно јас како иницијатор и организатор упатувам благодарност до сите колеги и родители за можноста во целост овој настан да изгледа модерно и успешно, за Порта.мк истакна Ирена Китаноска, вработена во ЈОУДГ „Олга Мицеска“
Галерија од денешниот настан:
Кичево
Хуманитарен турнир во мал фудбал, сала „Христо Узунов“, населба Иванидол во организација на кичевскиот Црвен Крст
Хуманитарниот турнир во футсал ќе се одржи 29.04.2024 понеделник во спортската сала „Христо Узунов“, нас. Иванидол со почеток од 12 часот. Имено, екипите можат да земат свое учество 15 до 20 минути пред почетокот на турнирот.
Натпреварите ќе се одвиваат на следниов начин:
•две полувремиња по 15 минути
•полувреме 5 минути
•екипата која ќе биде поразена, нема право на повеќе игра
•фер-плеј игра
Фудбалскиот турнир е во организација на Црвен Крст од Кичево и има хуманитарен карактер, односно со вашиот влез кој ќе чини 50 денари. Бидете дел и дадете свој хуманитарен допринос.
Повеќе информации на нивниот инстаграм профил ТУКА
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (3 мај)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за сабота (4 мај)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи
-
Култура1 ден
Денеска е голем ден, „Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..
-
Технологија1 ден
Сте се запрашале како функционираат сензорите за отисокот на прст, односно „fingerprints“, еве неколку типа на скенери за отпечатоци..
-
Спорт1 ден
Судиска анализа на 30-тото коло од првата фудбалска македонска лига, забележана погрешна проценка на мечот „ФК Гостивар и ФК Шкупи“
-
Автомобили2 дена
(ФОТО) Официјално најавена Kia „EV6“
-
Скопје1 ден
Следните делници во Скопје за утре ќе имаат посебен сообраќаен режим