Кичево
Кичевчани не запираат, продолжуваат со рекреација на велосипед, викендов реализираа нова тура

Откако претходно беа организирани велосипедски тури до селата Свињишта и Атишта, викендов беше спроведена и третата тура од активноста „Кичево на велосипед“. Овој пат велосипедската тура беше на релација Кичево-Добреноец и како на претходните две така и вчера, одзивот на љубителите на рекреативното возење, чистата природа и дружбата беше голем.
Велосипедистите стартот на турата го имаа на кружниот тек кај поранешната штрафара, потоа првата етапа ја завршија во село Добреноец, каде во еден локал крај река Студенчица се освежија и одморени се вратија назад до појдовната точка во Кичево.
-И на третата тура „Кичево на велосипед“ што ја реализиравме викендов, одзивот на љубителите на рекреативното возење беше голем и во истата зедоа учество велосипедисти од сите возрасти почнувајќи од најмладите па се до повозрасните. Велосипедската тура беше со должина од дваесетина километри, а нејзиниот старт беше од Кичево, со краток одмор во Добреноец и повторно враќање назад, до местото од каде што започна турата. Оваа активност ќе продолжи и во наредните викенди, кога планираме да организираме тури и до други селски населби во општината.
Најважно од се за сите нас е дружењето и престојот во природа, а се поголемиот одзив на граѓани кои се љубители на рекреативното возење е потврда колку за сите е важно за здравјето и чување на чистата природа- истакна Ана Пејовска, еден од зачетниците на оваа активност во природа.
Текст: Зоран Антоски
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.
Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат

Најавеното невреме за попладневните часови очигледно носи сè пред себе.
Пред неколку минути нашата екипа патуваше кон Кичево од Охрид, па во отежнати временски услови со ограничена брзина можеше да се забележат остатоци од кал и камења на регионалниот пат во близина на с.Извор – кичевско.
Апел до сите учесници во сообраќајот внимателно да движат преку овој патен правец, поради можни свлечишта и остатоци од карпи и камења, додека надлежните органи го санираат проблемот кој за сега не претставува пречка но може да биде од сериозен обем доколку невремето заземе поголем интензитет.
Видео од силен град охридско-кичевски регион предмалку:
-
Кичево1 ден
Се бара 52-годишник од кичевско, скоро една недела го нема
-
Кичево11 часа
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Кичево1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (3 јули)
-
Кичево8 часа
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хроника1 ден
Трагедија ја потресе Македонија, се трага по телото, 14-годишник попладнево се удави во Беровско Езеро
-
Македонија1 ден
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места
-
Временска прогноза1 ден
Се спрема ново локално невреме во попладневните часови?