Следете не

Кичево

Кичевчани стравуваат за квалитетот на водата за пиење, по обилните врнежи

Објавено пред

на

Во изминатите два дена во Кичево според информациите со кој располага нашиот портал, продажбата на флаширана вода за пиење е доста зголемена, но и самите сме сведоци дека водата од гратскиот водовод го нема истиот квалитет, а и можеме самите да забележиме променета боја и мирис.

Останува да видиме со каков извештај ќе излезат надлежните институции со цел надминување на овој проблем доколку стварно се работи за проблем кој очигледно е присутен.

Кичево

Се ѐ спремно, вечерва започнува најрадосниот „Хуманитарен Божиќен Базар 2025“ на градскиот плоштад во Кичево

Објавено пред

на

©porta.mk

Почитувани, со голема радост како што ви најавивме тука, Ве известуваме токму сега, се ѐ спремно за старт на овогодинешниот „Хуманитарен Божиќен Базар 2025“ позициониран на градскиот плоштад – Кичево. Од денес (четврток) со почеток од 18:00ч, се до после Божик, покрај најубавата елка и најубавиот Божикен украс „Витлеемската Пештера“ – украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град – ќе имаме одлична програма и многу забава.

Денес започнуваме со најинтересните маскоти за најмладата публика, заедно со звуците на нашиот голем пријател, кичевскиот музички промотор DJ „Vix Alex“, а на програмата ќе имаме богата лотарија, разновидни пијачки и храна, додека дечињата од основните училишта во Кичево ќе ни приредат вистинско уживање за успешен старт на „Хуманитарниот Божиќен Базар 2025“

Ве очекуваме вечерва, бидете дел, 18:00ч гратски плоштад – Кичево, така што деновите потоа следат големи изненадувања!!!

Прочитај повеќе...

Кичево

Традицијата за „Бадникови гранчиња“ во Кичево продолжува, поаѓање во понеделник од пред кичевскиот храм св.Петар и Павле

Објавено пред

на

©porta.mk

Почитувани Бадникари и оваа година организираме настан за бадниковото дрво и берење на бадникови гранчиња.

Собирот е предвиден да биде во (понеделник) 06.01.2025 год пред храмот св. Петар и Павле Кичево во 10:00 часот наутро.

За многу години!

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Женско е првото родено бебче во кичевската Болница, четврто за големата радост на родителите

Објавено пред

на

©porta.mk

Во Кичево денес на прв ден од Новата 2025 година во ЈЗУ Општата Болница – Кичево се роди женско бебе.

Најсреќната мајка Мерита од с.Преглово кичевско на свет донесе свое четврто дете, родено во 17:35ч, со тежина 2800 грама, долго 47 сантиметри, АС 10/10, за нашиот медиум истакна неуморната Директорка, Гинеколог Акушер Д-р Маја Цветановска-Трајкоска која беше секако дел и својата работа ја одработи професионално.

Во знак на почит према родилката, Д-р Цветановска-Трајкоска врачи мал поклон.

Имено, од нашиот медиум упатуваме срдечни честитки, да е живо и здраво новороденчето. И една голема благодарност од сите нас кои на дело сме го виделе ангажманот на гинеколошко-акушерското одделение и целиот тим кои ја работат најблагородната работа на свет, воедно и голема обврска, а тие се чесни, образовани, максимално внимателни доктори, сестри и заслужуваат секаква почит и внимание како од граѓаните така и од институциите и локалната самоуправа!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија46 минути

Поради снег, воведена забрана за тешки товарни возила на превој Стража

АМСМ пред два часа објави дека поради интензивни врнежи од снег од 02:15 часот од превентивни причини се воведува забрана...

Хороскоп6 часа

Хороскоп за сабота (4 јануари)

ОВЕН Размислувате да воведете некои инавации во работата. Подготвени сте да се посветите на новите проекти. Можно е да не...

Хроника13 часа

Пронајдено исчезнатото тело на мажот по кое се трагаше во реките на Вардар

Предмалку екипите го пронајдоа и извлекоа и телото на 56-годишниот маж од водите на Вардар. – Имено вчера вечер беа...

Хроника17 часа

МВР истакна повеќе детали за страшната трагедија во река Вардар

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (3 јануари)

ОВЕН Ве очекува можност за деловно патување на кое би можеле да бидете многу задоволни. Ви годи средбата со личност...

Кичево1 ден

Се ѐ спремно, вечерва започнува најрадосниот „Хуманитарен Божиќен Базар 2025“ на градскиот плоштад во Кичево

Почитувани, со голема радост како што ви најавивме тука, Ве известуваме токму сега, се ѐ спремно за старт на овогодинешниот...

Lifestyle2 дена

Како храна и лоши навики го оштетуваат црниот дроб повеќе од алкохолот

Иако многумина сметаат дека алкохолот е главната причина за оштетување на црниот дроб, постојат намирници и навики кои може да...

Lifestyle2 дена

Се појавува нова генерација: Бета ја започнува ерата на 2025 година

Со влегувањето во 2025 година, се дефинира нова генерациска етикета — Generation Beta. Оваа генерација ќе ги вклучува луѓето родени...

Lifestyle2 дена

Метеорски дожд на почетокот од јануари: Како да го набљудувате

Првиот метеорски дожд во 2025 година ќе го достигне својот врв на 3 јануари. Новата година започнува со спектакуларниот метеорски...

Магазин2 дена

Како да ја заштитите вашата Wi-Fi мрежа: 7 едноставни совети за поголема безбедност

Во денешно време, кога сѐ повеќе уреди се поврзани на интернет, силната заштита на вашата домашна Wi-Fi мрежа е неопходна...

НАЈЧИТАНИ