Кичево
Кичево денес домаќин на 27. Државен натпревар по прва помош

Под мотото „Немаш уште еден живот, научи прва помош“, Црвениот крст на Република Македонија денеска на градскиот плоштад во Кичево го организира 27-от Државен натпревар по прва помош.
Домаќин е Општинската организација на Црвениот крст во Кичево. На овој државен натпревар учествуваат 28 младински екипи од општинските организации на Црвениот крст.
Натпреварот го отворија претседателот на Црвениот крст на Република Македонија Ромел Велев и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари.
– Секој од нас на некој начин е учесник во собраќајот, но исто така за жал сообраќајните несреќи се на деветтото место како причина за смртноста кај луѓато. Па од тука многу е важно да знаеме да ги примениме техниките за прва помош бидеќи значи многу за спасување на живот. Затоа секој од нас важно е да знае да пружа прва помош, истакна Велев кој им посака серќа и успех на учесниците на овој натпревар.
Натпреварувањето на екипите се одвива на градскиот кеј и во дворот на ОСУ „Мирко Милески“ во Кичево.
МИА
Кичево
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“

Секоја година, на 8-ми март, целиот свет го слави „Меѓународниот Ден на жената“. Еден вид признание и чест за фундаменталната улога на жената во општеството.
За време на овој посебен ден, изразувајќи благодарност и љубов, но и почит речиси сите подаруваат цвеќиња како вообичаен и значаен гест. Како препорака, ви ги презентираме најубавите цвеќиња кои денес пристигнаа кај нашите партнери „АТВА Маркети“.
Изберете го најубавото цвеќе и изненадете ги најблиските!
„АТВА Маркет“ на добро познатите локации ширум град Кичево, подари цвеќе за среќа!
Кичево
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 03.03 – понеделник и 04.03 – вторник, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве локации од град Кичево:
Вид на прекин | Нас.место | Локација | Почеток | Крај |
---|---|---|---|---|
Планиран прекин | КИЧЕВО | С. СРБЈАНИ,С. КАРБУНИЦА, РЕПЕТИТОРИ ЦОЦАН. | 03.03.2025 09.10 | 03.03.2025 12.00 |
Планиран прекин | КИЧЕВО | БУЛЕВАР ИЛИНДЕН, КАЈ СТАРИОТ ОБЈЕКТ НА ТАНЕ ЦАЛЕСКИ | 04.03.2025 09.00 | 04.03.2025 13.30 |
Планиран прекин | КИЧЕВО | УЛ. ЗАГОРЈЕ,УЛ. СКОПСКА, УЛ. ИСЕИН АКИОСКИ, УЛ. ПРИЛЕПСКА, НАСЕЛБА БИЧИНЦИ . | 04.03.2025 09.20 | 04.03.2025 12.30 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
Важно сообраќајно инфо за делница кај кичевските села Србјани-Другово, на пат Кичево-Охрид

ГД Гранит АД Скопје известува за започнување со изведба на градежни работи од 03.03.2025 година на делот на кружниот тек кој е лоциран на крстосницата помеѓу Магистрален пат А2 делница Кичево-Охрид, со пат за с. Србјани и почетокот на с. Другово.
– Се препорачува внимателно возење на тој дел од сообраќајот и да се почитува времената измена на режимот на сообраќајот на крстосницата.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Кичево21 час
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за вторник (4 март)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија1 ден
Фрапантни податоци на сообраќајни прекршоци за месец февруари
-
Магазин1 ден
Итно известување од Google: Ова е рокот кога ќе исчезнат многу сметки и фотографии – зачувајте ги вашите податоци!
-
Култура18 часа
Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието
-
Македонија7 часа
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами