Кичево
Кичевските бербери едногласни за прв пат во својот бизнис
Кичевските познати бербери кои нашиот град добро ги познава, за прв пат во својот занаетчиски бизнис во текот на вчерашната вечер одржаа состанок каде едногласно одлучија да ги променат досегашните угостителски цени за своите ценети муштерии..
Покрај добрата дружба и кафе-муабет тие беа децидни во своите ставови..
Кичево
Утре на „Хуманитарниот Божиќен Базар“ во Кичево, Епископот Партениј со неговата посета ќе го озари светлиот дух на Божик, ќе има многу подароци и изненадувања за најмилите
Почитувани хумани луѓе, наши сограѓани. Од утре 08-јануари со почеток од 18:00ч „Хуманитарниот Божиќен Базар“ продолжува и ќе трае до 09-јануари каде заклучно со ден четврток ја завршуваме магичната приказна на градскиот плоштад во Кичево.
Утре (среда) од 19:30ч во магичниот амбиент на плоштадот во Кичево, до светлечките украси во разновидни бои, богата со духовност и радост. Светлиот дух на Божик, во чест на Христовото Раѓање, нашето спасение, во благословена посета ќе ни гостува нашиот возљубен старец, Епископот Антаниски Партениј. Ќе има многу подароци за најмилите и изненадувања.
Се гледаме!
Програма за следните два дена:
- 8-ми јануари (Концерт на естрадните уметници од Кичево, Дарко Стојаноски, Мирослав Мирчески, Христијан Тришоски, Христијан Трајаноски, Михајло Данилоски, Марко Тодороски, ќе ја имаме најубавата Скара на Жар од старите мајстори, Dj Vix Alex & Zmija Lights, Лотарија, Воз за најмилите и спектакуларен огномет)
- 9-ти јануари (Завршен ден: „Addicted Band“ во живо, маестро Лука & Марко Лазарески, Скара на Жар, Dj Vix Alex & Zmija Lights, Fire Phoenix Band, Маскоти, исто така Лотарија, Воз за најмилите и спектакуларен огномет)
Кичево
Кичевчанец бил физички нападнат во семејниот дом од членови на неговото семејство
На 05.01.2025 во 23.10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека 31 – годишник од Кичево во семејниот дом бил физички нападнат од членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, за порта.мк информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Празник за очи, радост за душа, топлина за срце, денес во Кичево се одржа најголемата „Бадникова Поворка 2025“, дечињата во еден глас го најавија Христовото раѓање!
Со многу радост, насмевки, возбудливи стихови пеејќи ја најубавата божикна песна „Вечниот Бог“ денес најмилите дечиња со ѕвезди во рачиња го најавија Христовото раѓање – Божиќ низ кичевските улици. И оваа година благодарение на својот ментор Бошко Сарафилоски и родителите кои неуморно беа ангажирани, со поддршка од кичевското свештенство и нас, се реализираше традиционалната „Бадникова Поворка“ во Кичево.
Како и секоја година така и оваа традицијата продолжи движејќи од кичевскиот храм „Св.Петар и Павле“ по ул. „Маршал Тито“, ул. „Рудничка“, бул „Ослободување“ за на крај поворката да заврши пред големиот и најубав украс на градскиот плоштад во непосредна близина на нашата црква, каде започна и Божиќниот концерт кој го водеше еден од најдобрите актери на сите времиња, г-дин Владо Дојчиноски. Прекрасни каланди, одлична атмосфера ни приреди оркестарот на Хор „Козма Пречистански“, а за нештото да го добие она најдоброто „Хуманитарниот Божиќен Базар“ беше неколку часа отворен за сите посетители.
Ја користиме оваа прилика, додека сме кај „Хуманитарниот Божиќен Базар“ кој благодарение на вас функционира, вечерва и утре нема да работи со цел големите Христијански празници. Со програма се враќа за последните два завршни денови 8-ми и 9-ти јануари од 18:00ч, со спектакуларна програма за сите посетители.
- 8-ми јануари (Концерт на естрадните уметници од Кичево, Дарко Стојаноски, Мирослав Мирчески, Христијан Тришоски, Христијан Трајаноски, Михајло Данилоски, Марко Тодороски, ќе ја имаме најубавата Скара на Жар од старите мајстори, Dj Vix Alex & Zmija Lights, Богата лотарија, Воз за најмилите и спектакуларен огномет)
- 9-ти јануари (Завршен ден: „Addicted Band“ во живо, маестро Лука & Марко Лазарески, Скара на Жар, Dj Vix Alex & Zmija Lights, Fire Phoenix Band, Маскоти, исто така Богата лотарија, Воз за најмилите и спектакуларен огномет, со кој ќе го затвориме овој прекрасен Базар)
Што се однесува на Бадник и бадниковите активности, помеѓу луѓето кои ги заслужуваат сите почести се и оние кои секоја година се мобилизираат за транспорт на „Бадникови гранчиња“, а годинава со своите возила дефилираа низ кичевските улици до сега во рекорден број.
Во прилог ви ја претставуваме нај радосната галерија преку нашиот објектив и објективот на Јове Ангелески, од нашите пријатели „Фото Зоран“, доколку ви треба некоја од фотографиите, пишете ни порака ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (7 јануари)
-
Кичево8 часа
Утре на „Хуманитарниот Божиќен Базар“ во Кичево, Епископот Партениј со неговата посета ќе го озари светлиот дух на Божик, ќе има многу подароци и изненадувања за најмилите
-
Кичево1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Празник за очи, радост за душа, топлина за срце, денес во Кичево се одржа најголемата „Бадникова Поворка 2025“, дечињата во еден глас го најавија Христовото раѓање!
-
Магазин11 часа
(ВИДЕО) Саксофонистот Даниел Божиноски од Кичево празнично го истакна најновиот музички проект „Маестро чочек“
-
Временска прогноза1 ден
За викендот кој доаѓа нова најава за снег и на пониските места ширум Македонија?
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за среда (8 јануари)
-
Култура1 ден
Празникот на љубовта и единството „БОЖИЌ“ – Христос се роди! Навистина се роди, за многу години да ѐ!
-
Магазин1 ден
Ова се 15-те најубави „Божиќни“ пораки