Следете не

Кичево

(ВИДЕО) Дечињата од ОУ „Владимир Полежиноски“ ќе ве воодушеват со нивните новогодишни точки „Нова, нова година“ 🎄🎈🎄

Avatar

Објавено пред

на

Сите пофалби за дечињата од прво до четврто одделение и нивните одделенски наставници на основното училиште д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево кои со своите изведбени точки по повод Нова Година се истакнаа пред родителите и останатите гости.

Кичево

Ноќеска и ден пред тоа кичевчани искасани од кучиња скитници

Avatar

Објавено пред

на

На 24.02.2020 во 00.30 часот во Полициската станица Кичево, О.Ш.(26) од Кичево пријавил дека на улица „Партизански одреди“ во Кичево бил каснат од куче скитник во пределот на рацете.

На 23.02.2020 во 18.00 часот во Полициската станица Кичево, Р.К.(39) од Кичево пријавил дека 16.00 часот во селото Пополжани бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Извор: МВР / ОВР Кичево

Прочитај повеќе...

Кичево

„Big Ben“ Кичево: Неодолива понуда за летување на вашите деца во камп Skouras ова лето, аплицирајте веднаш!

Avatar

Објавено пред

на

Во соработка со кичевскиот бренд – центар за странски јазици „Big Ben“ искористете ги неверојатните понуди за летување на вашите дечиња во Скоурас – Грција со можност на плаќање на 5 рати.

Подетално: Кампот Скоурас се наоѓа на полуостровот Халкидики т.е на неговиот прв крак познат како Касандра . Оддалеченоста од Солун е околу 85 км Најблиско населено место е градчето Neа Fokеа .

Престојот е организиран како комбинација на едукација, спортови и забава со добро организирана програма која вклучува многу дневни активности, различни игри и спортови.

Забавната програма е најважниот дел од дневните активности во кампот. Тимот за забавна програма претставува модел за децата и се грижи сите деца активно да учествуваат во оваа програма.

На овој начин децата ја развиваат својата самодоверба, и истовремено се забавуваат и радуваат.

Аплицирајте веднаш, Термините за оваа 2020-та година се од 03 до 10 Јули, така што повеќе информации ќе најдете кај Славица Блажеска на тел бр. 070/223-311, Кристина Цветаноска076/500-038 и 070/318-817 од Елисавета Стефаноска Делевска

Сите корисни информации ќе ги најдете ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

Во И.О. „Мирко Милески“ се одржа свечена церемонија на давање на Извиднички Завет

Avatar

Објавено пред

на

Во рамките на прославувањето на 22-ри февруари, светскиот ден на Извидништвото, извидниците од И.О. „Мирко Милески“  – Кичево спроведоа повеќе активности со цел обележување на денот на извидниците.

На 21-ви февруари одредот во соработка со О.О. „Црвен Крст“ – Кичево организираше крводарителска акција каде беа донирани 28 единици на крв од сите крвни групи. Повеќе за овој настан можете да прочитате тука.

„Давам чесен збор, дека ќе ја запознаам и сакам својата татковина, Република Македонија, дека ќе ја прифатам духовната реалност и ќе го барам нејзиното потполно значење, дека секогаш ќе им помагам на луѓето, дека ќе живеам и работам по извидничките закони.“

Со овие зборови, на 22-ри февруари во извидничкиот центар на И.О. „Мирко Милески“ се одржа свечена церемонија на давање на Извиднички Завет каде присуствуваа 80 извидници и 50 родители. Помладите извидници имаа можност да ја положат извидничката заклетва, додека постарите извидници ја обновија истата.

22-ри февруари се слави како светски ден на Извидничкото Движење, истиот претставува денот на раѓање на основачот на извидништвото – Лорд Баден Пауел (1857). Роден во Лондон како Роберт Стивенсон Смит Пауел, на свои 19 години се приклучува кон Британската армија каде се стекнува со своите војнички, подоцна и извиднички, вештини.

Во рамките на неговата активност во армијата, Баден Пауел издава војнички прирачник „Помош во извидување“ (Aids to Scouting) и согледал дека постанува најдобро продаван прирачник бидејќи бил користен од страна на професори и младински организации. Со охрабрување од страна на неговиот пријател Вилијам Александар Смит, Баден Пауел одлучува да го преработи својот прирачник со цел да биде прилагоден за младинско раководство (young leadership).

Во август 1907-ма година тој организира камп на островот Браунси (Brownsea) со цел да ги тестира своите идеи. 20 момчиња учествувале на кампот, најголем дел биле синови на негови пријатели.

Првата извидничка книга на Баден Пауел – „Извидништво за момчиња“ (Scouting for boys) била објавена во 1908 година, во шест изданија и биле продадени преку 150 милиони примероци како четврто рангирана книга според број на продажби на 20-тиот век.

Момчиња и девојчиња спонтано започнале да оформуваат извиднички трупи и така започнува Извидничкото Движење кое е најбројно во светот до ден денеска.

Сојузот на Извидници на Македонија (СИМ) е официјално оформен во 1952 година иако извидничкото движење започнува многу порано во Македонија (1921). Во оформувањето на СИМ учествувал и нашиот член Перо Данилоски во Скопје, кој потоа заедно со своите пријатели го оформува Извидничкиот Одред „Мирко Милески“ во Кичево во 1953 година. И.О. Мирко Милески денеска брои околу 130 активни членови од различни возрасти и категории.

Нашиот тим исто така дава целосна поддршка за нашите Извидници!

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 8 часа

Дожд и ветер преку целиот ден, не излегувајте без потреба надвор!

Времето ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места...

ХороскопПред 12 часа

Хороскоп за денес (27.02) четврток

ОВЕН Ќе оставите многу позитивен впечаток при нов деловен разговор. Може да очекувате поволна фаза на работа. Личност која живее...

Здравје и убавинаПред 15 часа

Лесен и брз лек за имунитет, победете ја брзо настинката

Едноличната исхрана најмногу ја ослабува способноста на организмот да се избори со болестите.Затоа е важно редовно да консумираме овошје и...

МакедонијаПред 17 часа

(ВИДЕО) Д-р Александар Митов: Важни информации за „Корона вирусот“, на кој начин да се заштитиме и што знаеме

Д-р Александар Митов е магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето. Во специјално издание докторот изјавува...

ВидеоПред 17 часа

(ВИДЕО) Му го скрши задното стакло, овој со тарабуката му врати со удар, па инструментот извади тон силината

Видеото кое стана вирално на интернет, во прашање е кавга на двајца, но како што гледаме едниот е доста наелектризиран...

МакедонијаПред 20 часа

ОФИЦИЈАЛНО: ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА- заразена жена која патувала во Италија

Во Македонија денеска е регистриран првиот случај на коронавирусот, ова во овие моменти го истакна министерот за здравство Венко Филипче....

СпортПред 22 часа

Милвоки преку шампионот Торонто до 50. победа оваа сезона во НБА лигата

Тимот на Милвоки бакс ја забележа победата број 50 во тековната НБА сезона, откако ноќеска на гостински терен го совлада...

СлучувањаПред 23 часа

МОНСТРУМ ОД СКОПЈЕ: Си го силувал своето 12-годишно дете!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека сторило кривично дело...

МакедонијаПред 23 часа

Уште двајца сомнителни пациенти од коронавирус се испитуваат на Клиниката за инфективни болести

Уште двајца сомнителни пациенти со симптоми на грип се тестираат на присуство на коронавирус, дознаваме од извори од Клиниката за...

Временска прогнозаПред 2 дена

Денес ќе имаме засилен ветер, така што од четврток следуваат дождови а некаде и снег

Денес ќе преовладува поладно време со засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде на места ќе достигнува...

НАЈЧИТАНИ